Connect with us

Струмица

Пронајдено починато лице во струмичко Мокриево, откако излегол да го запали стрништето

Media Press

Published

на

Вчера околу 15.00 часот во СВР Струмица било пријавено дека во атарот на с.Мокриево, струмичко, на место викано „Ниш Поле“, бил пронајден починат Ј.М.(70) од с.Мокриево со изгореници по телото.

„По преземени мерки било утврдено дека тој претходно излегол да го запали стрништето, а откако не се вратил дома неговата сопруга го пронашла починат со изгореници. По наредба на Јавен обвинител, телото било предадено на семејството“ информира СВР Струмица.

Струмица

Намален интересот за користење на природен гас во Струмица

Media Press

Published

на

Прочитај повеќе

Струмица

Реконструиран објектот на итната медицинска служба во Струмица

Media Press

Published

на

Прочитај повеќе

Струмица

Во текот на вчерашниот ден се случиле две сообраќајни несреќи во струмичко

Media Press

Published

на

Вчера во 05.30 часот во СВР Струмица било пријавено дека на локален пат кој води од крстосница со магистрален пат А4 кон село Доброшинци, струмичко, В.В.(54) од село Чанаклија, струмичко, управувајќи товарно моторно возило „ивеко“ со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот А.М.(38) од Струмица, а возачот и сопатникот С.Р.(26) од Струмица се здобиле со телесни повреди, констатирани во Медицински центар Струмица. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.

Исто така вчера околу 15.50 часот во СВР Струмица било пријавено дека на улица „24-ти Октомври“ во Струмица, М.К.(25) од село Дабиле, струмичко, управувајќи мотоцикл „сузуки“ со струмички регистарски ознаки, удрил во паркирано патничко моторно возило „шевролет“ со струмички регистарски ознаки.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, кој бил пренесен во Медицински центар Струмица, а увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.

Прочитај повеќе