Connect with us

Македонија

Попис во Австралија: Македонскиот јазик најзборуван источноевропски јазик во државата

Media Press

Published

на

На 10 август 2021 година, над 25 милиони луѓе во Австралија го завршија Пописот на населението и домување предводено од страна на Австралиското биро за статистика.


„Меѓу другото, податоците од Пописот ги демонстрираат мноштвото култури и јазици кои ја сочинуваат Австралија преку обезбедување разновидни податоци како што се: земјата на раѓање, потеклото, јазиците што се користат дома и религиозната припадност. Овие податоци се позначајни од кога и да било, бидејќи COVID-19 пандемијата покажува колку е важно луѓето од различно културно и јазично потекло да имаат соодветни ресурси и пристап до информации за зачувување на својата придпадност.
Првичните резултати од тој Попис кои се однесуваат на клучните податоци за населението беа објавени на 28 јуни 2022 година. Подолу е слика од тие податоци што се однесуваат на македонската заедница во Австралија:
1. Земја на раѓање
За прв пат, податоците покажаа дека повеќе од половина од сите жители на Австралија (51,5%) се родени во странство или имаат родител родени во странство.
Податоците од Пописот покажуваат дека вкупно 41.786 лица се пријавени како родени во Македонија. Околу 93% од тие луѓе се австралиски државјани, а околу 76% се на возраст од 50 и повеќе години.
Овие бројки се маргинално зголемени од последниот австралиски попис во 2016 година, каде што вкупно 38.985 лица пријавиле дека се родени во Македонија.
2. Потекло
Од последниот Попис во 2016 година (98.441) има зголемување од над 13% на лицата кои се идентификуваат дека имаат македонско потекло.
Околу 111.352 луѓе се идентификуваат со македонско потекло, при што 49.429 (44,4%) од тие луѓе живеат во Викторија и 43.775 (39,3%) живеат во Нов Јужен Велс.
3. Јазик што се зборува дома
Податоците покажуваат дека Австралија продолжува да биде културно и јазично разновидна земја која има собрано информации за над 250 видови на потекла и 350 јазици што се зборуваат во Австралија.
Вкупно 66.173 лица го зборуваат македонскиот јазик дома.
Оваа бројка покажува благ пораст на податоците од Пописот во 2016 година, каде што беше објавено дека 66.019 луѓе зборувале македонски дома.
Македонскиот е најзборуваниот источноевропски јазик во австралиските домови. Тоа е јазикот што македонските Австралијци слободно го избираат да го зборуваат, негуваат и чуваат во своите домови. Во клучен момент во процесот на пристапување на Македонија во ЕУ, кога Бугарија користи секаква политика за да го понижи македонскиот јазик, податоците од австралискиот попис зборуваат многу за неговото значење за многумина во македонската австралиска дијаспора
4. Верска припадност
Податоците од Пописот во моментов не покажуваат колкав е бројот на луѓе кои се идентификуваат како „македонски православни“. Сепак, известува дека 535.470 луѓе се идентификуваат како „источни православни“ од кои 168.031 се родени во Јужна и Источна Европа (вклучувајќи ја и деноминацијата „македонска православна“).
Оваа бројка е само мало зголемување во однос на податоците од Пописот во 2016 година, во кој 502.801 Австралијци се идентификувани како „источни православни“, информира ОМД.
Доколку сакате да дознаете повеќе информации, можете да ги истражите податоците од Пописот на: www.abs.gov.au/census/find-census-data

прикажи повеќе
Advertisement

Македонија

Поевтини роаминг услуги за земјите од Западен Балкан со земјите од ЕУ, потпишан договор

Media Press

Published

на

Лидерите од Западен Балкан потпишаа договор за пониски роаминг цени во рамките на Самитот Западен Балкан – Европска Унија во Тирана.

Со овој договор од идната 2023 година Македонија, Албанија, Србија, Црна Гора, Косово и БиХ ќе имаат пониски тарифи во роаминг со земјите од Европската Унија.

Од македонска страна договорот го потпиша премиерот Димитар Коначевски, кој вели дека истиот договор по извесен период предвидува целосно укинување на роаминг тарифите за земјите од Западен Балкан со европските земји.

„Со овој договор од денес ќе сме поповрзани со земјите од ЕУ и ќе можеме полесно и побрзо да одиме по европскиот пат. Со овој договор се овозможува поголема поврзаност и практична и економска придобивка и за граѓаните и за бизнисот“, вели Ковачевски.

Прочитај повеќе

Македонија

При преглед кај грчки државјанин, пронајдени 1250 кутии шверцувани цигари

Media Press

Published

на

При преглед кај грчки државјанин, пронајдени 1250 кутии шверцувани цигари, информира Министерството за внатрешни работи.

Денеска (07.12.2022) во 00.15 часот на граничен премин Стар Дојран, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Стар Дојран, во координација со царински службеници откриле кривично дело „криумчарење“ по член 278 од Кривичниот законик.

При преглед во патничко возило „ауди А8“ со црногорски национални ознаки, управувано од С.П.(66) од Република Грција, во посебни прегради во багажникот биле пронајдени 1250 кутии цигари за кои не поседувал документација. Возилото и цигарите биле преземени од Царинската управа за понатамошна постапка“, стои во соопштението од МВР.

Прочитај повеќе

Македонија

Утре е државен празник во Македонија, неработен ден за сите граѓани

Media Press

Published

на

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ  („Службен весник  на  РМ„ бр.21/98 и 18/07), 8 декември 2022 година (четврток), ‘’Св. Климент Охридски”, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.

  Свети Климент Охридски  е роден 836 година е Македонец и сесловенски просветител, а умрел 916 година во Охрид, е еден од учениците на Кирил и Методиј кој учествувал во извршувањето на Моравската мисија.

Тој е еден од првите средновековни словенски светци, научник, писател и просветител на Словените. Бил еден од најистакнатите ученици на Кирил и Методиј што заедно се поврзуваат со создавање на глаголското и кириличното писмо, особено нивното распространување помеѓу христијанизираните Словени. Свети Климент бил основач на Охридската книжевна школа или попозната како „Прв словенски универзитет“, од кој излегле 3500 подготвени ученици, и од страна на некои словенски народи се смета за покровител на образованието и јазикот. Тој се смета за прв Епископ Словенски со титула Епископ Велички.

Денеска Свети Климент Охридски се почитува како заштитник на Македонија, градот Охрид и Македонската православна црква.Во Бугарија е сметан за еден од седумте апостоли на Првото Бугарско Царство и еден од врвните светци на современата Бугарија.

 Во чест на светецот, во Македонија и Бугарија многу училишта, улици и државни институции го носат неговото име. Најголемата црква во Скопје (Соборниот храм) го носи името на Свети Климент, исто така Бугарската антарктичка база, универзитетот во Битола, Софискиот Универзитет и Националната и универзитетска библиотека на Македонија го носат неговото име.


Прочитај повеќе