Connect with us

Македонија

Од денеска може да се прима четвртата доза вакцина против Ковид -19

Media Press

Published

на

Комисијата за заразни болести на денешниот состанок ги разгледа заклучоците од Националната комисија за имунизација, во врска со почеток на вакцинација со четврта доза на вакцина против Ковид-19.

 Четврта доза може да примат лицата над 18 – годишна возраст, кои примиле три дози вакцина против Ковид-19. Граѓаните од денеска можат да се обратат во вакциналните пунктови, за што не е потребно закажување, соопшти Министерството за здравство.

Вакцинацијата со четврта доза, како што посочуваат од Министерството, е предвидено да се спроведува со мРНА вакцина на „Фајзер“ или „Модерна“. Препорачаното растојание меѓу трета и четврта, односно бустер доза е најмалку четири месеци.

Вакцинацијата со четврта доза посебно се препорачува кај хронично болни, пациенти на дијализа, трансплантирани, онколошки пациенти, имунокомпромитирани и пациенти кои примаат имуносупресивна и имуномодулаторна терапија за која било индикација и кај лица над 60 години. 

„Вакцинацијата е најдобра превентивна мерка за заштита од потешка форма на вирусот Ковид-19. Државата располага со доволни количини вакцини, кои се безбедни и ефикасни и ги повикуваме граѓаните да се имунизираат во вакциналните пунктови со вакцина против Ковид-19, со цел да стекнат дополнителен имунитет“ апелираат од министерството за здравство.

Инаку поради зголемената фреквенција на луѓе за време на летните одмори бројот на нови случаи со ковид 19 повторно почна да расте. Во последните 24 часа направени се 1.254 тестови, а регистрирани се нови 293 случаи на КОВИД-19 во државата. Од нив во Југоистокот 9,  во Струмица 6 во Радовиш 2 и во Гевгелија 1 лице.

прикажи повеќе
Advertisement

Македонија

Поевтини роаминг услуги за земјите од Западен Балкан со земјите од ЕУ, потпишан договор

Media Press

Published

на

Лидерите од Западен Балкан потпишаа договор за пониски роаминг цени во рамките на Самитот Западен Балкан – Европска Унија во Тирана.

Со овој договор од идната 2023 година Македонија, Албанија, Србија, Црна Гора, Косово и БиХ ќе имаат пониски тарифи во роаминг со земјите од Европската Унија.

Од македонска страна договорот го потпиша премиерот Димитар Коначевски, кој вели дека истиот договор по извесен период предвидува целосно укинување на роаминг тарифите за земјите од Западен Балкан со европските земји.

„Со овој договор од денес ќе сме поповрзани со земјите од ЕУ и ќе можеме полесно и побрзо да одиме по европскиот пат. Со овој договор се овозможува поголема поврзаност и практична и економска придобивка и за граѓаните и за бизнисот“, вели Ковачевски.

Прочитај повеќе

Македонија

При преглед кај грчки државјанин, пронајдени 1250 кутии шверцувани цигари

Media Press

Published

на

При преглед кај грчки државјанин, пронајдени 1250 кутии шверцувани цигари, информира Министерството за внатрешни работи.

Денеска (07.12.2022) во 00.15 часот на граничен премин Стар Дојран, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Стар Дојран, во координација со царински службеници откриле кривично дело „криумчарење“ по член 278 од Кривичниот законик.

При преглед во патничко возило „ауди А8“ со црногорски национални ознаки, управувано од С.П.(66) од Република Грција, во посебни прегради во багажникот биле пронајдени 1250 кутии цигари за кои не поседувал документација. Возилото и цигарите биле преземени од Царинската управа за понатамошна постапка“, стои во соопштението од МВР.

Прочитај повеќе

Македонија

Утре е државен празник во Македонија, неработен ден за сите граѓани

Media Press

Published

на

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ  („Службен весник  на  РМ„ бр.21/98 и 18/07), 8 декември 2022 година (четврток), ‘’Св. Климент Охридски”, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.

  Свети Климент Охридски  е роден 836 година е Македонец и сесловенски просветител, а умрел 916 година во Охрид, е еден од учениците на Кирил и Методиј кој учествувал во извршувањето на Моравската мисија.

Тој е еден од првите средновековни словенски светци, научник, писател и просветител на Словените. Бил еден од најистакнатите ученици на Кирил и Методиј што заедно се поврзуваат со создавање на глаголското и кириличното писмо, особено нивното распространување помеѓу христијанизираните Словени. Свети Климент бил основач на Охридската книжевна школа или попозната како „Прв словенски универзитет“, од кој излегле 3500 подготвени ученици, и од страна на некои словенски народи се смета за покровител на образованието и јазикот. Тој се смета за прв Епископ Словенски со титула Епископ Велички.

Денеска Свети Климент Охридски се почитува како заштитник на Македонија, градот Охрид и Македонската православна црква.Во Бугарија е сметан за еден од седумте апостоли на Првото Бугарско Царство и еден од врвните светци на современата Бугарија.

 Во чест на светецот, во Македонија и Бугарија многу училишта, улици и државни институции го носат неговото име. Најголемата црква во Скопје (Соборниот храм) го носи името на Свети Климент, исто така Бугарската антарктичка база, универзитетот во Битола, Софискиот Универзитет и Националната и универзитетска библиотека на Македонија го носат неговото име.


Прочитај повеќе