Connect with us

Македонија

МВР: 47 полициски службеници се повредени во протестот во Скопје, 11 лица се приведени

Media Press

Published

на

МВР информира дека на вчерашните протести биле повредени 47 полициски службеници и биле приведени 11 лица. Притоа се апелира до организаторите на протестите и до граѓаните да покажат демократски капацитет, протестите да бидат мирни и демократски.

„Повредени 47 полициски службеници, од кои 11 со потешки, а двајца со сериозни повреди во вечерашниот јавен собир на подрачјето на СВР Скопје, кој се одржа во периодот од 19.00 часот пред Владата на Република Северна Македонија, продолжи пред Министерството за надворешни работи и заврши пред Собранието на Република Северна Македонија околу 22.30 часот. На сите повредени полициски службеници им е укажана лекарска помош, а потешко повредените се пренесени во медицинските установи за санирање на повредите и медицинска нега.

Притоа, констатирани се повеќе нарушувања на јавниот ред и мир од страна на демонстрантите, кои фрлаа со камења, јајца, железни предмети, бекатон плочки, молотови коктели, сообраќајни знаци, канти за ѓубре и пиротехнички средства, како кон објектите, така и кон полициските службеници кои вршеа службени дејства обезбедувајќи ги државните институции.

За време на вечерашниот протест оштетувања на прозорците и фасадите се пријавени во сите три објекти: Владата, МНР и Собранието на Република Северна Македонија. Покрај ова, демонстрантите скршиле 16 полициски штитови, повеќе заштитни полициски шлемови и радио-врски, а оштетено е полициска куќарка пред Собранието и едно полициско возило.

Во врска со немирите кои ескалираа пред објектот на Собранието на Република Северна Македонија, од страна на полициските службеници приведени се 11 лица, а за време на протестите од страна на полицијата не беа употребени ни пиротехнички, ниту хемиски средства за разбивање на толпата.

МВР презема мерки за расчистување на случајот и апелира до организаторите на протестите и до граѓаните да покажат демократски капацитет, протестите да бидат мирни и демократски, да ги сочуваме редот, мирот и безбедноста. Преку насилство кон оние коишто го одржуваат редот, кон македонската полиција и објектите на институциите, не се постигнува ништо; дијалогот треба да се води во институциите на системот“, стои во информацијата од МВР.

Македонија

Поевтини роаминг услуги за земјите од Западен Балкан со земјите од ЕУ, потпишан договор

Media Press

Published

на

Лидерите од Западен Балкан потпишаа договор за пониски роаминг цени во рамките на Самитот Западен Балкан – Европска Унија во Тирана.

Со овој договор од идната 2023 година Македонија, Албанија, Србија, Црна Гора, Косово и БиХ ќе имаат пониски тарифи во роаминг со земјите од Европската Унија.

Од македонска страна договорот го потпиша премиерот Димитар Коначевски, кој вели дека истиот договор по извесен период предвидува целосно укинување на роаминг тарифите за земјите од Западен Балкан со европските земји.

„Со овој договор од денес ќе сме поповрзани со земјите од ЕУ и ќе можеме полесно и побрзо да одиме по европскиот пат. Со овој договор се овозможува поголема поврзаност и практична и економска придобивка и за граѓаните и за бизнисот“, вели Ковачевски.

Прочитај повеќе

Македонија

При преглед кај грчки државјанин, пронајдени 1250 кутии шверцувани цигари

Media Press

Published

на

При преглед кај грчки државјанин, пронајдени 1250 кутии шверцувани цигари, информира Министерството за внатрешни работи.

Денеска (07.12.2022) во 00.15 часот на граничен премин Стар Дојран, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Стар Дојран, во координација со царински службеници откриле кривично дело „криумчарење“ по член 278 од Кривичниот законик.

При преглед во патничко возило „ауди А8“ со црногорски национални ознаки, управувано од С.П.(66) од Република Грција, во посебни прегради во багажникот биле пронајдени 1250 кутии цигари за кои не поседувал документација. Возилото и цигарите биле преземени од Царинската управа за понатамошна постапка“, стои во соопштението од МВР.

Прочитај повеќе

Македонија

Утре е државен празник во Македонија, неработен ден за сите граѓани

Media Press

Published

на

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ  („Службен весник  на  РМ„ бр.21/98 и 18/07), 8 декември 2022 година (четврток), ‘’Св. Климент Охридски”, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.

  Свети Климент Охридски  е роден 836 година е Македонец и сесловенски просветител, а умрел 916 година во Охрид, е еден од учениците на Кирил и Методиј кој учествувал во извршувањето на Моравската мисија.

Тој е еден од првите средновековни словенски светци, научник, писател и просветител на Словените. Бил еден од најистакнатите ученици на Кирил и Методиј што заедно се поврзуваат со создавање на глаголското и кириличното писмо, особено нивното распространување помеѓу христијанизираните Словени. Свети Климент бил основач на Охридската книжевна школа или попозната како „Прв словенски универзитет“, од кој излегле 3500 подготвени ученици, и од страна на некои словенски народи се смета за покровител на образованието и јазикот. Тој се смета за прв Епископ Словенски со титула Епископ Велички.

Денеска Свети Климент Охридски се почитува како заштитник на Македонија, градот Охрид и Македонската православна црква.Во Бугарија е сметан за еден од седумте апостоли на Првото Бугарско Царство и еден од врвните светци на современата Бугарија.

 Во чест на светецот, во Македонија и Бугарија многу училишта, улици и државни институции го носат неговото име. Најголемата црква во Скопје (Соборниот храм) го носи името на Свети Климент, исто така Бугарската антарктичка база, универзитетот во Битола, Софискиот Универзитет и Националната и универзитетска библиотека на Македонија го носат неговото име.


Прочитај повеќе