Connect with us

Радовиш

Заврши традиционалниот турнир во баскет STREETBALL 3×3 – РАДОВИШ 2022

Media Press

Објавено на

Под покровителство на Градоначалникот Ацо Ристов и Советот на Општина Радовиш, викендот заврши традиционалниот турнир во баскет STREETBALL 3×3 – РАДОВИШ 2022.

По одигрувањето на натпреварите по групи во Четвртокот и Петокот, во одлична спортска атмосфера и пред бројна публика во СРЦ „25 Мај“ беа одиграни полуфиналните и финалните натпревари.

Овогодишни финалисти беа екипите „HOME MADE“ од Гевгелија и „ИКО ЏИМ“ од Радовиш а првото место го освои екипата на „HOME MADE“ која се здоби со парична награда од 40.000 денари. Третото место го оснои екипата „BARETTO“ од Велес а за најкорисен играч беше прогласен Никола Бојчев од Гевгелија. Пехарот и медалите на овогодишните шампиони ги додели Градоначалникот на општина Радовиш, Ацо Ристов.

Радовиш

Малолетник физички ја нападнал неговата мајка

Media Press

Published

на

На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Прочитај повеќе

Радовиш

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА

Avatar

Published

на

МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:

ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)

УСЛОВИ ЗА РАБОТА:

Пријатна и колегијална работна средина

Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа

3 слободни дена во неделата

Одлична / Екстра плата

Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:

078/314-801

МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.

Прочитај повеќе

Радовиш

„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш

Media Press

Published

на

„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.

Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.

Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.

Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.

Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Прочитај повеќе