Радовиш
Крводарителска акција во Црвен крст-Радовиш, се препорачува крводарителите пред да даруваат крв добро да се хидрирани

Published
2 месеци agoна
By
Media PressВо ОО на Црвен Крст во Радовиш денеска се одржа една од редовните крводарителски акции на која уште во утринските часови имаше голем интерес. Поради високите летни температури во овој период од годината д-р Лујза Димитрова препорачува крводарителите подготвени да доаѓаат за да даруваат крв, добро хидрирани и со лесен појадок.

Пиење на многу течности пред се вода, лесна храна и избегнување движење на отворено во текот на денот, се препорачува и за останатите граѓани за да се заштитат од летните горештини во овој период.
Инаку според ОО на Црвен крст Радовиш, денеска се организира десеттата крводарителска акција и досега бројот на крводарители задоволува.

Поврзани содржини
Лице од Покрајчево нападнато пред угостителски објект во Радовиш
Утре, крводарителска акција во Црвен крст Радовиш
Приведени неколку лица во Полициска станица Радовиш, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка
,,РАДОВИШАНКИ ЕТНО,, најдобри во автентичен фолклор на Меѓународниот фолклорен фестивал ,,ИЛИНДЕНСКИ ДЕНОВИ,,-Битола 2022
Се знае ценовникот за зонското паркирање во Радовиш, советниците го изгласаа на вчерашната седница
Расте бројот на Ковид- позитивни и во Радовиш, 13 нови случаи во денешната евиденција, во Струмица 47
Радовиш
ФК Детонит Плачковица ја започнува новата сезона

Published
5 часа agoна
август 19, 2022By
Media Press
Во Сабота на 20 август со почеток од 17 часот со натпреварот помеѓу ФК ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА – ФК БЕЛАСИЦА започнува новата сезона, Втора фудбалска лига – 1во коло… на градскиот стадион во Радовиш.
Од ФК Детинит – Плачковица ги покануваат сите љубители на фудбалот да бидат присутни на натпреварот и да им ја даваат потребната поддршка.
Радовиш
Традиционално и оваа година, Oпштина Радовиш и Храм Света Троица, ќе го одбележат патронот и заштитник на градот – Свети Спасо Радовишки

Published
3 дена agoна
август 16, 2022By
Media Press
Традиционално и оваа година, општина Радовиш и Македонската православна црква, Брегалничка епархија – Храм Св.Троица, ќе го одбележат чествувањето на патронот и заштитник на градот – Св.Спасо Радовишки. Во склопот на одбележувањето оваа година ќе биде организирана и манифестацијата „МЕДЕН РАДОВИШ“, со која согласно програмата во Петок, на Плоштад Св.Спасо Радовишки со почеток во 17:00 часот ќе биде отвoрена манифестацијата.
Од 17:15 час.-20:30 час. Промоција на локални производи од мед
19:00 час. „Близнаци сме – Посебни сме“ – Дефиле на близнаците од општина Радовиш
Настап на карневалската маска „Пчелин рај“, ментор Соња Цицимова
21:00 час. Kонцерт на ТРОЈА
20.08.2022 год. – Сабота
12:00 час. Презентирање на производи од мед, Плоштад Св.Спасо Радовишки
18:00 час. Вечерна богослужба во храмот „Св.Троица“
18:45 час. Литија од храмот „Св.Троица“ до Плоштад „Св.Спасо Радовишки“
19:15 час. Молебен пред параклисот „Св.Спасо Радовишки“
20:15 час. Концерт на Тоше, Васко и Викторија
21.08.2022 год. – Недела
08:00 час. Света литургија во храмот „Св.Троица“ – Славски колач
12:00 час.-15:00 Презентирање на производи од мед, Плоштад Св.Спасо Радовишки и затворање на манифестацијата
Радовиш
Граѓаните кои што живеат на улицата Видое Смилевски Бато во Радовиш конечно ќе добијат асфалтирана улица

Published
3 дена agoна
август 16, 2022By
Media Press
Граѓаните кои што живеат на улицата Видое Смилевски Бато во Радовиш конечно ќе добијат асфалтирана улица. По кратка пауза поради летните одмори градежната механизација во Општина Радовиш повторно е активирана. Градоначалникот на општина Радовиш Ацо Ристов денес изврши увид на градежните актиности на улицата Видое Смилевски Бато која со средства од околу 7 милиони денари ќе добие урбан лик како што му доликува на едно урбано место за живеење.

Граѓаните кои што живеат на оваа улица во изминаитите години се соочуваа со големи проблеми посебно во зимниот период. При секое врнење на дожд и снег, пристапот до домовите беше отежнет поради калта на улицата. Општина Радовиш прави напори како што вели градоначалникот Ристов, да има асфалт до секоја куќа во градот, но за тоа бара поддршка и соработка и од страна на граѓаните.

„Очекуваме максимална поддршка од граѓаните со цел сите заеднички да ја направиме општина Радовиш модерна урбана општина“, изјави Градоначалникот.


Започна реконструкцијата на училиштето во Вељуса

ФК Детонит Плачковица ја започнува новата сезона

Од утре времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи

Поскапува дизелот за 2 денари, ќе се продава за повисока цена од бензините
