Connect with us

Струмица

Градоначалникот Костадинов на увид во градежните работи на водоводниот систем во населеното место Раборци

Avatar

Published

на

Градоначалникот на Општина Струмица Костадин Костадинов со соработниците и директорот на ЈПКД „Комуналец“ Зоран Горгиев, извршија увид во градежните работи на водоводниот систем во населеното место Раборци.

Овој проект за кој се обезбедени 2,7 милиони денари од Буџетот на Општина Струмица, предвидува изградба на нови водоводни линии во вкупна должина од 1.537 метри од кои досега се изградени околу 1000 метри. По реализација на главната водоводна мрежа, ќе следува изведба на секундарни линии и нивно приклучување до домаќинствата.

„Текот на реализација на овој проект само покажува дека Општина Струмица ги следи и почитува барањата на граѓаните и соодветно постапува по истите. Овој проект и сите останати кои се во тек ја потврдуваат нашата силна фокусираност кон подобрување на животот на граѓаните, како во градот така и во сите населени места во општина Струмица“, вели Костадинов по извршениот увид на работните активности.

Струмица

Општина Струмица и официјално е примена во Мрежата на силни градови во светот

Avatar

Published

на

Општина Струмица и официјално е примена во Мрежата на силни градови во светот кои имаат пристап и механизми за справување со негативните појави кои доведуваат до насилство.

Градоначалникот Костадин Костадинов со видео порака ги информира граѓаните дека Струмица им се придружи на повеќе од 210 градови и општини ширум светот, посветени на застапување, спроведување и споделување на локални пристапи за справување со сите форми на екстреимизам, поларизација кои можат да доведат до насилство.

Прочитај повеќе

Струмица

Денеска се навршуваат 79 години од ослободувањето на Струмица

Avatar

Published

на

Денеска се навршуваат 79 години од ослободувањето на Струмица. Овој најголем празник за струмичани беше одбележан со пригодна свеченост којашто се одржа на Спомен костурницата.

За историското значење на овој ден и за придобивките што тој на градот му ги донесе во изминатите 79 години, пред присутните на одбележувањето зборуваше градоначалникот Костадин Костадинов, кој меѓу другото рече:

-„Слобода“, тоа не е само обичен збор напишан на хартија или едноставно изговорен. Слобода е нешто многу повеќе од тоа. Тоа е нешто што треба да се чува како најголемо и најдрагоцено богатство. Струмица и струмичани треба да бидат среќни што ја имаат таа слобода цели седум децении и девет години. Но Струмица и струмичани треба да знаат и дека таа слобода не паднала од небо, ниту пак некој туку така им ја подарил. Струмица и струмичани мора да ги повторуваат спомените од минатото кои велат дека таа слобода во наше име некои ја извојувале, со непокор, верба, љубов и пролеана крв.79 години слободна Струмица, тоа значи 79 години – надградба на традиционалните вредности, 79 години – надеж и стремеж кон подобро, поубаво и посреќно утро, 79 години – прогрес и растеж, и конечно 79 години – љубов и верност помеѓу Струмица и струмичани. Сето тоа е убава основа за влез во иднината. Сето тоа е поучно четиво кое треба да се повторува. Сето тоа е убаво парче од мозаикот на севкупното постоење на овој град“ рече меѓудругото градоначалникот Костадинов.

Градоначалникот Костадинов во свое лично име и во името на Општината, со полагање свежо цвеќе им оддаде почит на загинатите борци, а цвеќе положија и претставници на на институции, организации и политички партии.Во чест на празникот, се одржа и мал револуционерен митинг од членовите на рецитаторската секција при Домот за деца и млади „Благој Мучето“.

Прочитај повеќе

Струмица

Се превртел трактор во Дабиле – струмичко, возачот починал на местото на несреќата

Avatar

Published

на

Вчера во 14.40 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека во село Дабиле, струмичко, П.Б.(75) од село Дабиле, управувајки трактор „имт“ со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола над тракторот и се превртел. Од здобиените повреди П.Б. починал на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Струмица. 

Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.

Прочитај повеќе