Connect with us

Радовиш

Спортот и младите со целосна поддршка од Општина Радовиш

Media Press

Објавено на

Под покровителство на Градоначалникот на Општина Радовиш Ацо Ристов и Советот на општината, во тек се два турнири во Радовиш.

На повеќенаменското игралиште во ООУ „Никола Карев“ започна традиционалниот турнир во баскет „STREETBALL 3X3 РАДОВИШ 2022“, кој ќе трае до 03 јули– Недела, кога ќе се одиграт финалните натпревари.

Исто така, во спортскиот центар „Азури“ во тек е турнирот во мал фудбал во организација на фудбалскиот клуб „Бунарџик“ а кој се одржува по повод празникот Курбан Бајрам.

„На поединечен план, општина Радовиш се гордее со своите млади таленти кои постигнуваат меѓународни успеси.

Таков пример е младиот талентиран фудбалер Александар Полимац. Ова момче кое моментално настапува за Академија Пандев – каде и да учествува ги освојува највисоките признанија. Последниот негов успех е на меѓународен турнир во Земун, Србија, каде помеѓу 1.500 учесници освои награда за најдобар центарфор. Претходно како дел од генерацијата 2010-та е прогласен за најдобар стрелец во детската лига сезона 2021/22 и со тоа како единствен играч од Македонија влезе во конкуренција за селекција во ФК „Партизан“ и ФК „Црвена Звезда“ во Србија.

Исто така во Мај оваа година во Тимисоари, Романија на Европски куп за деца освои пехар за најдобар голгетер, така да овој фудбалски бисер од нашиот град е доказ дека со напорна работа се постигнувааат големи успеси, уште од млади години“, вели градоначалникот Ацо Ристов кој истовремено на Александар му посака успешна кариера и уште повеќе успеси со кои ќе се гордеат радовишани.

Радовиш

Малолетник физички ја нападнал неговата мајка

Media Press

Published

на

На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Прочитај повеќе

Радовиш

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА

Avatar

Published

на

МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:

ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)

УСЛОВИ ЗА РАБОТА:

Пријатна и колегијална работна средина

Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа

3 слободни дена во неделата

Одлична / Екстра плата

Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:

078/314-801

МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.

Прочитај повеќе

Радовиш

„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш

Media Press

Published

на

„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.

Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.

Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.

Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.

Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Прочитај повеќе