Connect with us

Струмица

Платите на сите вработени во Општина Струмица, како и во сите јавни претпријатија чиј основач е општината, ќе се зголемат за 2.806 денари

Media Press

Published

на

Градоначалникот Костадин Костадинов ги прифати барањата на синдикатите и вчера го стави својот потпис на  Колективниот договор со кој се уредуваат правата, обврските и одговорностите во врска со работниот однос на вработените во Општина Струмица. Договорот предвидува и зголемување на платите на сите  вработени во Општина Струмица, како и на вработените во сите јавни претпријатија чиј основач е Општина Струмица, и тоа за 2.806 денари во нето износ, информираат од општината.

На чинот на потпишување на колективниот договор му претходеше средба на градоначалникот Костадинов со претседателот на ССМ (СУТКОЗ), Дарко Димовски, претседателот на УПОЗ, Трпе Деаноски, претседателите на синдикалните организации во Општина Струмица и јавните претпријатија.

„Со прифаќањето на синдикалните барања и потпишувањето на Колективниот договор и неопходните спогодби, градоначалникот Костадин Костадинов покажа на најдобар можен начин дека е на страната на вработените во Општината и во општинските јавни претпријатија, задоволувајќи ги нивните потреби во услови на економска и енергетска криза, инфлација и енормно зголемување на трошоците за живот. Со тоа Општина Струмица и овојпат стана урнек и за другите Општини во државата“, велат од Општина Струмица.

Струмица

Намален интересот за користење на природен гас во Струмица

Media Press

Published

на

Прочитај повеќе

Струмица

Реконструиран објектот на итната медицинска служба во Струмица

Media Press

Published

на

Прочитај повеќе

Струмица

Во текот на вчерашниот ден се случиле две сообраќајни несреќи во струмичко

Media Press

Published

на

Вчера во 05.30 часот во СВР Струмица било пријавено дека на локален пат кој води од крстосница со магистрален пат А4 кон село Доброшинци, струмичко, В.В.(54) од село Чанаклија, струмичко, управувајќи товарно моторно возило „ивеко“ со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот А.М.(38) од Струмица, а возачот и сопатникот С.Р.(26) од Струмица се здобиле со телесни повреди, констатирани во Медицински центар Струмица. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.

Исто така вчера околу 15.50 часот во СВР Струмица било пријавено дека на улица „24-ти Октомври“ во Струмица, М.К.(25) од село Дабиле, струмичко, управувајќи мотоцикл „сузуки“ со струмички регистарски ознаки, удрил во паркирано патничко моторно возило „шевролет“ со струмички регистарски ознаки.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, кој бил пренесен во Медицински центар Струмица, а увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.

Прочитај повеќе