Радовиш
Општина Радовиш потпиша декларација за ПОДДРШКА И РАЗВОЈ НА ЖЕНСКОТО ПРЕТПРИЕМНИШТВО
Published
1 година agoна
By
Media Press
Женското претприемништво добива поддршка и во Радовиш. Oпштина Радовиш ја потпиша Декларацијата за поддршка и развој на женското претприемништво.
„Родовата еднаквост во економскиот развој на Oпштина Радовиш е еден од предизвиците во мојот мандат“ изјави Градоначалникот на општина Радовиш, Ацо Ристов – на средбата со претставниците на Националната платформа за женско претприемништво.
На средбата присуствува, Координаторката за Југоисточен Плански Регион на НПЖП и член на тематската група на Проектот Ксенија Манева – Вангелова како и Амбасадорката за Југоисточен Плански регион Анита Дрвошанова, а главна тема беше развојот на женското претприемништво. Покрај општините, институциите од јавниот и граѓанскиот сектор, Декларацијата за женско претприемништво ја потпишуваат и поддржуваат успешни претпријатија кои можат да се пофалат како примери за добри практики.
Така и компанијата Маком – Радовиш и нејзините сопственички од две генерации Олгица и Маја Бојаџиеви дадоа подршка на развојот на женското претприемништво и ја потпишаа Декларацијата.
Поврзани содржини
Граѓаните да достават е-маил за електронска достава на решенија, остануваат и хертиените
Со божја благослов, сите лозови насади да дадат богат род и благодет, посака градоначалникот Ристов на денешниот празник Свети Трифун
Градоначалникот на општина Радовиш Ацо Ристов номиниран за високото признание SEE Personality 2023
ОТВОРЕН ДЕН во Општина Радовиш, граѓаните ќе можат да предложат проекти и идеи
Потпишани договори за реализација на два витални проекти во Радовиш
Градоначалникот Ристов со прво формално обраќање, по напуштањето на седницата од страна на советниците од СДСМ
Радовиш
Детската градинка во Радовиш организира работилница за уредување на дворните површини во објектите
Published
2 дена agoна
септември 29, 2023By
Media Press
Детската градинка во Радовиш организира работилница за уредување на дворните површини во објектите, во која се вклучија семејствата – родителите, вработените, локалната заедница.
„Тимската работа, дружење и размена на идеи секогаш дава резултати“, велат од градинката, од каде им се заблагодароват на сите оние кои се вклучија да ги разубават дворовите на Објектите, каде што престојуват нивните дечиња.
Радовиш
Регионална средба во ОНБ „Браќа Миладиновци“ во Радовиш
Published
2 дена agoна
септември 29, 2023By
Media Press
Регионална средба на библиотекари од јавни и училишни библиотеки денеска беше одржана во ОНБ „Браќа Миладиновци“ во Радовиш. Тема на расправа на средбата беше „Евидентирање на библиотеките од Македонија и нивно регистирање во светската библиотекарска организација ИФЛА“.
На средбата учествуваа библиотекари од југоисточниот регион, од Валандово, Богданци, струмица и Штип.
Радовиш
Завршена изградбата на помошен објект при Домот на културата „Ацо Караманов“ во Радовиш
Published
2 дена agoна
септември 29, 2023By
Media Press
Успешно заврши проектот „Реконструкција на Домот на културата Ацо Караманов во Радовиш“ за изградба на помошен објект – натстрешница која има за цел оградување на самата зграда на Домот на култура. Оваа нова структура има значајна услужна функција, осигурувајќи полесен пристап од дворот до бината на салата на Домот.

Овој проект е имплементиран од страна на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион со партнерство на о.Радовиш во рамки на Програмата за рамномерен регионален развој, со финансиска поддршка од Бирото за регионален развој.


Детската градинка во Радовиш организира работилница за уредување на дворните површини во објектите

Регионална средба во ОНБ „Браќа Миладиновци“ во Радовиш

Завршена изградбата на помошен објект при Домот на културата „Ацо Караманов“ во Радовиш

Во понеделник координативен состанок на субјектите, учесници на манифестацијата “СAМУН ем ТАТЛИЈА 2023“ во Радовиш
