Connect with us

Радовиш

ООУ „Крсте Петков Мисирков“ прогласи ученик на генерацијата, доделени плакети на најдобрите ученици од деветто одделение

Media Press

Published

на

ООУ „Крсте Петков Мисирков“ од Радовиш денеска организира  свечено доделување на плакети и награди на учениците од деветто одделение кои постигнаа исклучително високи резултати. На свеченоста беше прогласен и ученик на генерацијата за период од 2013 до 2022 год.

 Честитки до сите ученици и во иднина да продолжат да чекорат по патот на успехот, им посака директорката Лујза Спасова.

Радовиш

ФК Детонит Плачковица ја започнува новата сезона

Media Press

Published

на

Во Сабота на 20 август со почеток од 17 часот со натпреварот  помеѓу  ФК ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА – ФК БЕЛАСИЦА започнува новата сезона,  Втора фудбалска лига – 1во коло… на градскиот стадион во Радовиш.

Од ФК Детинит – Плачковица ги покануваат сите љубители на фудбалот да бидат присутни на натпреварот и да им ја даваат потребната поддршка.

Прочитај повеќе

Радовиш

Традиционално и оваа година, Oпштина Радовиш и Храм Света Троица, ќе го одбележат патронот и заштитник на градот – Свети Спасо Радовишки

Media Press

Published

на

Традиционално и оваа година, општина Радовиш и Македонската православна црква, Брегалничка епархија – Храм Св.Троица, ќе го одбележат чествувањето на патронот и заштитник на градот – Св.Спасо Радовишки. Во склопот на одбележувањето оваа година ќе биде организирана и манифестацијата „МЕДЕН РАДОВИШ“, со која согласно програмата  во Петок,  на Плоштад Св.Спасо Радовишки со почеток во 17:00 часот ќе биде отвoрена манифестацијата.

Од 17:15 час.-20:30 час. Промоција на локални производи од мед

19:00 час. „Близнаци сме – Посебни сме“ – Дефиле на близнаците од општина Радовиш

Настап на карневалската маска „Пчелин рај“, ментор Соња Цицимова

21:00 час. Kонцерт на ТРОЈА

20.08.2022 год. – Сабота

12:00 час. Презентирање на производи од мед, Плоштад Св.Спасо Радовишки

18:00 час. Вечерна богослужба во храмот „Св.Троица“

18:45 час. Литија од храмот „Св.Троица“ до Плоштад „Св.Спасо Радовишки“

19:15 час. Молебен пред параклисот „Св.Спасо Радовишки“

20:15 час. Концерт на Тоше, Васко и Викторија

21.08.2022 год. – Недела

08:00 час. Света литургија во храмот „Св.Троица“ – Славски колач

12:00 час.-15:00 Презентирање на производи од мед, Плоштад Св.Спасо Радовишки и затворање на манифестацијата

Прочитај повеќе

Радовиш

Граѓаните кои што живеат на улицата Видое Смилевски Бато во Радовиш конечно ќе добијат асфалтирана улица

Media Press

Published

на

Граѓаните кои што живеат на улицата Видое Смилевски Бато во Радовиш конечно ќе добијат асфалтирана улица.  По кратка пауза поради летните одмори градежната механизација во Општина Радовиш повторно е активирана. Градоначалникот на општина Радовиш Ацо Ристов денес изврши увид на градежните актиности на улицата Видое Смилевски Бато која со средства од околу  7 милиони денари ќе добие урбан лик како што му доликува на едно урбано место за живеење.

Граѓаните кои што живеат на оваа улица во изминаитите години се соочуваа со големи проблеми посебно во зимниот период. При секое врнење на дожд и снег, пристапот до домовите беше отежнет поради калта на улицата. Општина Радовиш прави напори како што вели градоначалникот Ристов, да има асфалт до секоја куќа во градот, но за тоа бара поддршка и соработка и од страна на граѓаните.

„Очекуваме максимална поддршка од граѓаните со цел сите заеднички да ја направиме општина Радовиш модерна урбана општина“, изјави Градоначалникот.

Прочитај повеќе