Македонија
Од 1 јули стартува тарифната реформа за пресметка на цената на струјата, оние кои трошат помалку ќе плаќаат помалку струја
Published
1 година agoна
By
Media Press
Од 1 јули стартува тарифната реформа за пресметка на цената на струјата, за заштита од ценовен шок, информираат од Влада.
Тоа значи еден вид на праведен данок, оние кои што трошат помалку, ќе плаќаат помалку, за разлика од оние кои што трошат повеќе ќе плаќаат повеќе. Целта е да се поттикне рационално и ефикасно користењето на електричната енергија, додаваат од Влада
„За 98,8 проценти од домаќинствата просечната цена на струјата ќе се зголеми за 7,4 проценти. Ако не беа воведени блоковите, оваа цена ќе беше зголемена за 17,74 проценти. Евтината тарифа останува од 22 часот до 7 часот наутро, а блок тарифите важат само за скапата струја. Тарифниот систем е правопропорционално димензиониран во корист на потрошувачите.
И во изминатиот период поддршката на Вадата кон ЕСМ да обезбеди цена од 48 евра за мегават час за универзалниот снабдувач за 100% задоволување на потребите на домаќинствата и малите потрошувачи, овозможи цената на струјата за домаќинствата да не се покачи за 145%, а тоа значи поддршка за секое домаќинство во просек по 3.500 денари на месечно ниво, односно 42.000 денари на годишно ниво.
Доколку ЕСМ ги обезбедуваше законските 60% електричната енергија, другите 40% на слободен пазар, како и загубите на енергетските компании да се на слободен пазар тогаш цената ќе се зголемеше за 153 %. Но ЕСМ поради сложената енергетска состојба со која се соочува цела Европа обезбеди 100% струја за домаќинствата. Истата е субвенционирана и е наменета за граѓаните со цел да се заштити стандардот. Државната политика е поставена да се грижи за граѓаните, а не за профит во време на енергетска криза. Наместо ЕСМ да го продава овој вишок на електрична енергија и да книжи профит, ќе биде насочен кон домаќинствата. Ангажирани се сите енергетски капацитети на максимум. Владата и институциите во услови на светска енергетска криза ја нагласуваат неопходноста од рационално користење електрична енергија и штедење. Мерките на Владата за граѓаните во услови на најголема криза, продолжуваат“, стои во соопштението од владината прес служба.
Поврзани содржини
Што се е предвидено во Предлог-одлуката за прераспределба на Буџетот во 2023 година
ДОМ останува во Владата но под одредени услови
Четворица нови министри и пет заменик-министри, предлага Ковачевски по преговорите за влез во Влада на Алијанса за Албанците
Владата донесе одлука, казина и обложувалници на оддалеченост не помалку од 500 метри од основни и средни училишта
Започна исплатата на финансиска поддршка, кој се ќе добие помош од Владата?
Нема нови даноци, нема зголемени даноци и се укинува прогресивното оданочување, одлучи Владата
Македонија
Петок неработен ден за сите граѓани на Република Македонија
Published
5 дена agoна
декември 6, 2023By
Media Press
Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 8 декември 2023 година (петок), ‘’Св. Климент Охридски”, е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.
Mинистерството за труд и социјална политика на сите граѓани им го честита празникот “Св.Климент Охридски”.
Македонија
ОЈО Скопје го изготви Барањето за екстрадиција од Турција на Љупчо Палевски, осомничен за две убиства
Published
5 дена agoна
декември 6, 2023By
Media Press
Основното јавно обвинителство Скопје го изготви Барањето за екстрадиција од Република Турција на Љупчо Палевски, првоосомничен за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.
Основното јавно обвинителство Скопје го изготви Барањето за екстрадиција од Република Турција на лице осомничено за две кривични дела – Грабнување од член 141 од Кривичниот законик, како и две убиства на свиреп начин (едно на малолетно лице и едно од користољубие) заедно казниви по член 123 став 3 од Кривичниот законик“ стои во известувањето од ОЈ – Скопје.
„Јавниот обвинител побара од надлежните власти во Република Турција екстрадиција на лицето за кое е распишана меѓународна потерница, а од ИНТЕРПОЛ, Анкара е добиена информација дека на 05.12.2023 година е уапсен во Република Турција.
Во прилог на барањето за екстрадиција до турските власти ќе биде доставена комплетната потребна документација – наредбата за истражна постапка против осомничениот, решението со кое од Основниот кривичен суд Скопје му е определен бранител по службена должност и му е одреден притвор, како и наредбата за издавање меѓународна потерница“ соопштуваат од Основното јавно обвинителство Скопје .
„Креаторот, планерот, главниот координатор и директниот извршител на овие кривични дела, е фатен и лишен од слобода од пријателска Турција на нивната територија“, соопшти доцна синоќа на прес – конференција министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Љупчо Палевски – Палчо, првоосомничениот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, вчера беше уапсен во Турција, а за останатите четворица осомничени судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје определи мерка притвор од 30 дена по барање на Јавното обвинителство кое отвори истражна постапка за две убиства на свиреп начин по кривичната пријава добиена од Министерството за внатрешни работи.
Повеќе на:https://mvr.gov.mk/vest/29348
Македонија
МЗШВ: Објавен јавен повик преку програмата за рурален развој за поддршка при набавка на комбајни за жито
Published
1 недела agoна
декември 1, 2023By
Media Press
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира земјоделците дека Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, распиша јавен повик за доставување на барања за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2023 година, за мерката 121 Инвестиции за модернизација на земјоделски стопанства, односно подмерка 121.12 Набавка на комбајни за жито.
Како корисници се јавуваат земјоделски стопанства запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во МЗШВ, согласно Законот за земјоделство и рурален развој, и поседуваат минимум 10 хектари обработлива земјоделска површина под пченица, јачмен, р`ж, тритикале и/или овес.
Максималната вредност на кофинансирана сума по корисник изенсува 3 милиони денари. Финансиските средства се наменети за инвестиции во набавка на комбајни за жито. Средствата се доделуваат за период на реализација на деловниот план и се исплаќаат на годишно ниво.
Крајниот рок за доставување на барањата е до 30 декември 2023 година. Заинтересираните земјоделци своите барања ги поднесуваат електронски по извршена регистрација на e-baranje.ipardpa.gov.mk.
Повеќе информации за повикот, како и упатството за регистрација на барателите во системот за електронско поднесување на барање, земјоделците можат да погледнат на веб страната на АФПЗРР www.ipardpa.gov.mk
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги повикува земјоделците, да се заознаат со условите од јавниот повик и навремено да аплицираат, искористувајќи ја можноста за поддршка, модернизирајќи го своето земјоделско производство.

Современо противпожарно возило за гаснење на шумски пожари и спасување доби ТППЕ од Радовиш

Изработена е првата карта за опасности од поплави за Радовиш

Пред два дена исчезнало лице со нарушно здравје од својот дом од Струмица

Здравствен дом – Радовиш потпиша Меморандум за соработка со ЗПОРК, повеќе бесплатни прегледи во 2024 за пензионерите
