Connect with us

Конче

ЛАГ Плачковица започна со подготвителни активности за партерно уредување на централното подрачје во с.Лубница

Media Press

Published

на

Започнаа подготвителните активности за партерно уредување на централното подрачје во с.Лубница како иницијатива за подобрување на условите за живеење во руралните средини која произлезе од самите локални чинители и жители од општина Конче.

Овие активности заеднички се спроведува од страна на ЛАГ Плачковица, општина Конче, ЈКП Лакавица и трговското друштво ЕЛДИСИ од с.Лубница. Екипите на ЈКП Лакавица извршија расчистување и подготовка на теренот за спроведување на партерното уредување на сретсело во Лубница.

Оваа иницијатива е дел од проектот на УСАИД “Програма за развој на заедниците” кој го спроведува Мрежата за рурален развој на Македонија (МРР на РСМ) во партнерство со ЛАГ АБЕР 2015, ЛАГ БЕЛАСИЦА-ОГРАЖДЕН, ЛАГ БОЈМИЈА, ЛАГ МАЛЕШ-ПИЈАНЕЦ и ЛАГ ПЛАЧКОВИЦА.

Конче

Подарени вкупно 250 училишни ранци и училишни прибори на учениците од ООУ ,,Гоце Делчев” од Конче

Media Press

Published

на

Од страна на Конфедерецијата на Балканско – Румелиските Турци од Р. Турција, предводена од страна на Претседателот Сабри Мутлу и заменик Претседателот Зулфетин Хаџиоглу и други претставници од Федерацијата, на учениците од ООУ ,,Гоце Делчев” од Конче беа поделени вкупно 250 училишни ранци и училишни прибори.

Градоначалникот на Општина Конче Златко Ристов изразува благодарност од негово име и од име на сите граѓани на Општина Конче, за огромната помош која има ја пружија претставниците од Конфедерацијата на сите ученици од општината.

Прочитај повеќе

Конче

Градоначалникот Ристов им посака среќа на сите ученици од ООУ,, Гоце Делчев” во Конче во новата учебна година

Media Press

Published

на

Денеска во ООУ,, Гоце Делчев”во О.Конче со пригодна програма беше одбележаан почетокот на новата учебна година.

„На сите првачиња, на сите ученици и наставници им посакуваме среќа и успех во новата учебна година“, вели градоначалникот на Општина Конче Златко Ристов кој денеска присуствуваше на првиот училишен ден во училиштето и притоа им подари подароци од општината на сите првачиња.

Прочитај повеќе

Конче

Изградба на нов крак на канализациона мрежа во село Дедино, Општина Конче

Media Press

Published

на

Општина Конче започна со изградба на нов крак на канализациона мрежа во село Дедино, од суштинско значење на жителите од ова наслено место.

„Со целосна посветеност и ажурност на теренот,по селектирање на приоритетите, одиме чекор по чекор до комплетна реализација на сите проекти од суштинско значење на жителите на општина Конче. Изградба на нов крак на канализациона мрежа во село Дедино“ објави градоначалникот Златко Ристов на социјалните мрежи, притоа додавајќи дека потребите на граѓаните, пред се друго.

Прочитај повеќе