Connect with us

Радовиш

Се одржа „Јуручкиот фестивал“, градоначалникот Ристов порача, Радовиш е општина за сите и мора заеднички да се гради

Media Press

Објавено на

Се одржа традиционалниот „Јуручки фестивал“ годинава на нова локација во село Бучим, радовишко, во организација на Здружението на турците од Источна Македонија. На истиот покрај локалното население од радовишките јуручки села, присуствуваа и голем број поканети гости од земјава и од Република Турција. Присутните гости ги поздрави и градоначалникот на Општина Радовиш Ацо Ристов.

“Јуручкиот фестивал е настан кој покажува дека заедничките културни вредности и традиции на оваа поднебје се најважната алка на меѓусебната почит, разбирање, пријателство и соработка помеѓу нашите граѓани”- порача градоначалникот  Ристов, на традиционалниот 14-ти по ред „Јуручки фестивал“.

Заблагодарувајќи се на организаторот КХО на Турците од Источна Македонија и поздравувајки го присуството на гостите од збратимените општини Селчук и Ташкопру од Република Турција, градоначалникот посака оваа традиција да продолжи и најави дека во иднина општина Радовиш ќе спроведува голем број заеднички проекти, во кои ќе бидат вклучени сите етнички заедници.

Ќе следуваат заеднички проекти во делот на економијата и вработувањето, екологијата, образованието, спортот, културата и други области, се со цел да го подигнеме нивото на соработка и поубав живот за сите граѓани на Радовиш и населените места“, истакна Ристов. Тој додаде дека Радовиш е општина за сите и мора заеднички да се гради.

На фестивалот свој настап имаа и фолклорни ансамбли кои ги покажаа своите трасдиционални носии и ора.

Радовиш

Малолетник физички ја нападнал неговата мајка

Media Press

Published

на

На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Прочитај повеќе

Радовиш

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА

Avatar

Published

на

МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:

ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)

УСЛОВИ ЗА РАБОТА:

Пријатна и колегијална работна средина

Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа

3 слободни дена во неделата

Одлична / Екстра плата

Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:

078/314-801

МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.

Прочитај повеќе

Радовиш

„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш

Media Press

Published

на

„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.

Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.

Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.

Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.

Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Прочитај повеќе