Радовиш
Општина РАДОВИШ ќе става крај на дрвокрадството и на дивите депонии кон планината Плачковица
Објавено на
Од
Media PressОпштина Радовиш ќе става крај на дрвокрадството и на дивите депонии кон планината Плачковица за што веќе е поставен првиот монтажен објект за контрола и мониторинг на патот.
Намената на оваа монтажна канцеларија-контејнер ќе биде за престој на службените лица кои ќе вршат мониторинг и контрола, со цел спречување на загадувањето на животната средина со диви депонии и контрола на дрвокрадството. Градоначалникот Ацо Ристов рече дека општината сериозно се зафати да го реши овој проблем и ова е првиот чекор.

„Од овде ќе се врши мониторинг на лицата и возилата кои одат кон планината Плачковица и во околината. Идејата е да се ангажираат сите служби кои се задолежни за чување на шумите и околината од фрлање на шур и смет. Ќе бидат фклучени Шумската полиција, Општина Радовиш преку Противпожарната единица и ЈП Македонски шуми. Овде ќе воспоставиме 24 -часовна контрола на сите оние кои се дрвокрадци и сите оние кои ја уништуваат шумата и ја загадуваат околината. Ние сме сериозни во намерата да се справиме со дрвокрадството“ рече градоначалникот Рстов кој денеска беше во посета на локацијата каде е поставен монтажниот објект.
Градоначалникот додаде дека оваа локација е прва каде што се поставува ваква служба и доколку се покаже како практично вакви монтажни контењери ќе се постават уште на две локации, едната е по Радовишка река и другата локација на патот кон селото Смиланци.

Инаку од денеска стапува на сила делумната забрана за движење во шумите и шумското земјиште во периодот од 6:00 до 20:00 часот.
ЈП Национални шуми информира дека секој може да се движи во шума со претходно добиена дозвола. Дозволите се издаваат во 30-те подружници на Национални шуми.
Поврзани содржини

Приведени три лица, затекнати при пустошење на шума

Поставен монтажен објект за КОНТРОЛА И МОНИТОРИНГ на патот кон планината Плачковица

Пронајдени и оземени огревни дрва во радовишко за кои сопственикот немал соодветна докуметација

На три локации во Општина Радовиш пронајдени возила натоварени со бесправно исечени огревни дрва

Уште една акција на радовишката полиција за сузбивање на дрвокрадството, пет лица се фатени како крадат дрва

Откриен нов случај на дрвокрадство во Општина Радовиш, интервенирала и полицијата за да не побегне дрвокрадецот
Радовиш
Малолетник физички ја нападнал неговата мајка
Published
3 недели agoна
октомври 27, 2026By
Media Press
На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Радовиш
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА
Published
3 недели agoна
октомври 26, 2026By
lence
МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:
ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)
УСЛОВИ ЗА РАБОТА:
Пријатна и колегијална работна средина
Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа
3 слободни дена во неделата
Одлична / Екстра плата
Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:
078/314-801
МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.
Радовиш
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш
Published
2 месеци agoна
септември 17, 2026By
Media Press
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.
Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.
Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.
Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.
Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

