Connect with us

Радовиш

Стапува на сила забраната за движење во шуми, од Општина Радовиш апелираат за почитување на забраната бидејќи се предвидени високи казни

Media Press

Published

на

Од денеска стапува на сила забраната за движење во шумите и шумското земјиште во периодот од 6:00 до 20:00 часот. Од Општина Радовиш апелираат до граѓаните да ја почитуваат забраната бидејќи се предвидени високи казни, а истовремено со оваа забрана се заштитуват шумите од појава на пожари.

Инаку Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство по барање на ЈП „Национални шуми“ – Скопје, ја воведува забраната со оглед на зголемената опасност од појава на шумски пожари на отворен простор.

– Делумната забрана за движење во шума ќе стапи на сила од 24.06.2022 година и ќе трае се до проценката дека е намален ризикот од појава на шумски пожари, односно до нејзиното отповикување, се наведува во соопштението на „Национални шуми“.

Од таму посочуваат дела оваа делумна забрана за движење во шумите и шумското земјиште не важи за Министерството за внатрешни работи, Шумската полиција, Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување, Државниот инспекторат за шумарство и ловство, ЈП „Национални шуми“, субјектите што вршат шумскостопански активности, сеча, дотур и транспорт на дрво и дрвни сортименти, стручните служби на концесионерите на дивечот во ловиштата и лица коишто имаат писмено одобрени за движење во шумите.

– Движењето ќе биде дозволено единствено со писмено одобрение издадено од подружниците на ЈП „Национални шуми“ за подрачјето со кое стопанисуваат/управуваат, се наведува во соопштението, при што се додава дека за спроведување на забраната одговорни се вработените од ЈП „Национални шуми“ кои вршат дејност заштита, Шумската полиција и МВР.

За непочитување на оваа забрана на физичките лица кои ќе бидат затекнати дека се движат во шума и шумско земјиште, ќе им биде изречена парична казна од 1500 до 2000 евра во денарска противвредност.

Радовиш

Радовиш, домаќин на САЕМ ЗА ЛОКАЛЕН РАЗВОЈ – ЛАГ ЕКСПО 2022

Media Press

Published

на

Денес за прв пат во Радовиш, но и во Македонија се одржува САЕМ ЗА ЛОКАЛЕН РАЗВОЈ – ЛАГ ЕКСПО 2022. Учесници се тимот на Програмата на УСАИД за развој на заедницата, имплементирана од Мрежата за рурален развој на Северна Македонија и Балканската мрежа за рурален развој поддржана од We Effect, во соработка со ЛАГ Плачковица како домаќин и ЛАГ Абер 2015, ЛАГ Беласица-Огражден, ЛАГ Бојмија и ЛАГ Малеш-Пијанец како партнери. На настанот се обратија Џери Дајбл, претставничка на Канцеларијата на УСАИД во Северна Македонија и Абдулшуќур Абедини заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство. Помеѓу присутните се и градоначалници на општините од регионот како и претставници од граѓанскиот и приватниот сектор од државата и земјите од Западен Балкан и ЕУ. ЛАГ ЕКСПО 2022 е прв саем од ваков тип во нашата земја каде низ презентации и панел дискусии претставници на Локалните акциски групи (ЛАГ-ови) од Македонија, Албанија, Србија, Косово и Хрватска ги претставија своите активности и дискусии за локалниот развој кој ги засега сите рурални заедници. САЕМСКАТА МАНИФЕСТАЦИЈА започна со свечено отварање од страна на градоначалникот на општина Радовиш г-дин Ацо Ристов. Поставени се штандови од повеќе општини кои ги претставија своите производи и активности кои се реализираат на териториите на ЛАГ-овите Бојмија, Беласица-Огражден, Малеш-Пијанец, Абер 2015 и Плачковица, пропратено со пригодна културно-уметничка програма.Целта на настанот е да се презентираат и да се споделат искуствата на Локалните акциски групи од Република Северна Македонија, како и од земјите на Западен Балкан и Европската Унија согласно LEADER пристапот како дел од политиките за локален/рурален развој.Програмата на УСАИД за развој на заедницата го унапредува одржливиот развој на руралните средини во Северна Македонија преку зголемена вклученост на локалните чинители во препознавање и приоретизација на вистинските потреби на заедницата – при тоа потпирајќи се на сопствените ресурси и на зголемениот ангажман на јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор во заедничките социо-економски и еколошки иницијативи.

Прочитај повеќе

Радовиш

Радовиш ќе биде домаќин на САЕМ ЗА ЛОКАЛЕН РАЗВОЈ – ЛАГ ЕКСПО 2022, во организација на ЛАГ Плачковица

Media Press

Published

на

Радовиш ќе биде домаќин на САЕМ ЗА ЛОКАЛЕН РАЗВОЈ – ЛАГ ЕКСПО 2022. На поставени штандови од 18 општини, околу 50 изложувачи ќе ги претстават своите производи и активности кои се реализираат на териториите на ЛАГ-овите. Саемот ќе се одржи во петок, на 23 септември 2022 година, пред Центарот за култура „Ацо Караманов” во Радовиш, со почеток во 14:00 часот, во рамките на Програмата на УСАИД за развој на заедницата, имплементирана од Мрежата за рурален развој на Македонија и Балканската мрежа за рурален развој поддржана од We Effect, во соработка со ЛАГ Плачковица како домаќин и ЛАГ Абер 2015, ЛАГ Беласица-Огражден, ЛАГ Бојмија и ЛАГ Малеш-Пијанец како партнери.

САЕМСКАТА МАНИФЕСТАЦИЈА ќе започне во 14:00 часот, со свечено отварање од страна на градоначалникот на општина Радовиш Ацо Ристов а домаќин ќе биде ЛАГ Плачковица.

ЛАГ ЕКСПО 2022 е прв саем од ваков тип во Радовиш и во Македонија, каде низ презентации и панел дискусии претставници на Локалните акциски групи (ЛАГ-ови) од Македонија, и гостите од Албанија, Србија, Косово Босна и херцеговина и Хрватска ќе ги претстават своите активности и ќе дискутираат за локалниот развој кој ги засега сите рурални заедници.

САЕМСКАТА МАНИФЕСТАЦИЈА ќе започне во 14 часот и ќе трае до 18 часот. Целта на настанот е да се презентираат и да се споделат искуствата на Локалните акциски групи од Република Македонија, како и од земјите на Западен Балкан и ЕвропскатаУнија

Прочитај повеќе

Радовиш

Реализиран настан „Возење велосипеди – промовирање на велосипедот како превозно средство“ во организација на ООУ Никола Карев, Радовиш

Media Press

Published

на

ООУ „Никола Карев“, Радовиш денеска реализира настан „ВОЗЕЊЕ ВЕЛОСИПЕДИ – ПРОМОВИРАЊЕ НА ВЕЛОСИПЕДОТ КАКО ПРЕВОЗНО СРЕДСТВО.

„Настанот се организира по повод Меѓународниот ден на мирот – 21 Септември и Меѓународниот Ден без автомобили 22 Септември, а во согласност со програмата на училиштето за одбележување на еколошки и други важни датуми“, истакна директорот на ООУ Никола Карев, Радовиш, Кире Јанковски.

Настанот се реализира со ученици од предметна настава за време на 4-ти час.

Истиот беше обезбеден со полициска придружба и асистенција на утврдената маршрута, со претходно доставено барање до надлежниот орган, ОВР Радовиш.

Прочитај повеќе