Connect with us

Радовиш

ИЗВЕСТУВАЊЕ од ЈП Плаваја, Радовиш за нарушено водоснабдување

Avatar

Published

на

ЈП Плаваја, Радовиш со известување до коросниците од четвртата, дел од петтата и дел од третата урбана заедница за нарушено водоснабдување во текот на денешниот ден.

„ПОРАДИ ДЕФЕКТ НА ГЛАВЕН ЦЕВКОВОД НА КЕЈ „8 СЕПТЕМВРИ“ СПОЈ СО УЛИЦА „МИРЧЕ АЦЕВ“ ДЕНЕС ПЕТОК 24 ЈУНИ 2022 ГОДИНА НА ПОГОЛЕМ ДЕЛ ОД НАВЕДЕНИТЕ УРБАНИ ЗАЕДНИЦИ ЌЕ ИМА ПОЈАВА НА НАРУШЕНО ВОДОСНАБДУВАЊЕ И ЦЕЛОСЕН ПРЕКИН.САНАЦИЈАТА НА ДЕФЕКТОТ Е ЗАПОЧНАТА И ПО НЕГОВАТА САНАЦИЈА ЌЕ СЕ НОРМАЛИЗИРА ВОДОСНАБДУВАЊЕТО„ информираат од ЈП Плаваја, Радовиш.

Радовиш

Детската градинка во Радовиш организира работилница за уредување на дворните површини во објектите

Avatar

Published

на

Детската градинка во Радовиш организира работилница за уредување на дворните површини во објектите, во која се вклучија семејствата – родителите, вработените, локалната заедница.

„Тимската работа, дружење и размена на идеи секогаш дава резултати“, велат од градинката, од каде им се заблагодароват на сите оние кои се вклучија да ги разубават дворовите на Објектите, каде што престојуват нивните дечиња.

Прочитај повеќе

Радовиш

Регионална средба во ОНБ „Браќа Миладиновци“ во Радовиш

Avatar

Published

на

Регионална средба на библиотекари од јавни и училишни библиотеки денеска беше одржана во ОНБ „Браќа Миладиновци“ во Радовиш. Тема на расправа на средбата беше „Евидентирање на библиотеките од Македонија и нивно регистирање во светската библиотекарска организација ИФЛА“.

На средбата учествуваа библиотекари од југоисточниот регион, од Валандово, Богданци, струмица и Штип.

Прочитај повеќе

Радовиш

Завршена изградбата на помошен објект при Домот на културата „Ацо Караманов“ во Радовиш

Avatar

Published

на

Успешно заврши проектот „Реконструкција на Домот на културата Ацо Караманов во Радовиш“ за изградба на помошен објект – натстрешница која има за цел оградување на самата зграда на Домот на култура. Оваа нова структура има значајна услужна функција, осигурувајќи полесен пристап од дворот до бината на салата на Домот.

Овој проект е имплементиран од страна на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион со партнерство на о.Радовиш во рамки на Програмата за рамномерен регионален развој, со финансиска поддршка од Бирото за регионален развој.

Прочитај повеќе