Connect with us

Македонија

Доделено признанието „Инженерски прстен“ на 12 најуспешни дипломирани инженери

Media Press

Published

на

Претседателот Стево Пендаровски денеска го врачи признанието „Инженерски прстен“ на 12 најуспешни студенти кои дипломирале на факултетите што негуваат инженерски дисциплини во Република Македонија.

Манифестацијата „Инженерски прстен“ се одржува по 19. пат во организација на Инженерската институција на Македонија и Комората на овластени архитекти и овластени инженери, а под покровителство на претседателот на Република Македонија.

Претседателот Пендаровски во своето обраќање истакна дека со доделувањето на ова признание, придонесуваме за афирмирање на инженерските професии, а и самата оваа манифестација придонесува за промоција на инженерството.

„Машинци, архитекти, информатичари, технолози, електротехничари, градежни, земјоделски и шумарски инженери, добитници на инженерскиот прстен, но и сите останати инженери се движечка сила на секоја држава. Тие млади луѓе веќе суштински придонесуваат за македонската економија, а со тоа и за благосостојбата на сите наши граѓани“ рече претседателот Пендаровски на церемонијата на доделувањето на признанието „Инженерски прстен“, која се одржа во Кабинетот на претседателот.

Македонија

Корисни совети како да се однесуваме при високи температури

Media Press

Published

на

Поради високите летни температури кои ја зафатија државата последните денови, ОО на Црвен крст Радовиш споделува корисни совети за заштита од топлотен бран.  

-Ограничена физичка активност, особено во попладневните часови.

-Носете светла и лесна облека, наочари со УВ заштита и капа.

-Користете креми со заштитен УВ фактор.

-Следете ги препораките на здравствените установи.

-Избегнувајте непотребно излегување надвор во период од 10 до 17 часот.

-Избегнувајте премногу масна и високо калорична храна, како и храна која содржи шеќери.

-Одбегнувајте пијалоци кои содржат алкохол и кофеин, се само неколку од советите кои се препорачуваат во овој период на високи летни температури.

За повеќе совети посетете ја нашата страна https://ckrm.org.mk/kako-da-se-odnesuvame-pri-visoki…/

Прочитај повеќе

Македонија

Сите трговци во туристичките места ќе можат да работат во недела и на празници, а работниците ќе добијат 100% поголема дневница

Media Press

Published

на

Собранието денеска ги усвои измените и дополнувањата на Законот за трговија со кој се овозможува работа во недела и државни празници на сите трговци на мало и на големо во туристичките места, утврдени со Законот за туристичка дејност, објави на Фејсбук министерот за економија Крешник Бектеши.

Според министерот, со измените и дополнувањата на Законот за трговија се очекува дополнително да се поттикне  економската активност во земјата, посебно во туристичките места.

„Имајќи ги во предвид податоците кои што ги имаме од Државниот завод за статистика за раст на бројот на туристи од почетокот на годината, а и очекувањата согласно веќе направени резервации за странски туристи кои што оваа туристичка сезона ќе ја посетат С. Македонија, посебно Охрид и Струга, согласно законските измени очекуваме  зголемување на туристичката активност во целата земја. Измените на Законот за трговија се донесени со заеднички дијалог во инклузивен процес со сите засегнати страни, посебно во туристичкиот сектор. Работниците во трговските објекти кои ќе работат во недела и празници ќе добијат дневница поголема за 100 проценти“, објави министерот.

Согласно најновите измени на Законот за трговија им се дава можност на продавниците, киосците и штандовите  во туристичките места утврдени со Законот за туристичка дејност, да работат во ден недела и на празници. Воедно, и на слободните царински продавници лоцирани на меѓународните аеродроми после царинските контролни точки и на цветните пазари, им се дава можност да работат во ден недела и на празници

Овие законски измени стапуваат на сила веднаш откако ќе бидат објавени во Службен весник.

Прочитај повеќе

Македонија

МЗШВ: Заврши исплатата на субвенциите 1.3 милијарди денари финансиска поддршка за 17.000 тутунари

Media Press

Published

на

Заврши целосната исплатата на субвенциите за тутунот од реколтата 2021, а исплатени се вкупно 1.3 милијарди денари на сметките на 17 илјади тутунопроизводители.

Процедурата со која тутунарите ја добија оваа финансиската поддршка започна веднаш откако пратениците во Собранието ја одблокираа законската измена во законот за земјоделство и рурален развој, преку одложувањето на обврската кон УЈП информираат од МЗШВ.

„Со надминување на блокадата и донесувањето на измените во законот за земјоделство и рурален развој овозможивме услови од оваа година да се започне и со авансна исплата на субвенциите, мерка која не се случила во изминатите 16 години. Токму преку оваа измена, земјоделците ќе можат 30% од субвенциите да ги добијат авансно, односно во рок од 90 дена по аплицирањето. Се надеваме и повикуваме на разум и обединетост и во донесувањето на ребалансот на буџетот за 2022 година каде се предвидени 2,7 милијарди денари, дополнителни средства за комплетно исплаќање на субвенциите кон земјоделците“, стои во соопштението од МЗШВ.

Дополнително, одтаму ги информираат земјоделците дека во следниот период започнува реализацијата на исплатата за финансиската поддршка за набавено вештачко ѓубриво и поддршката за продадени или заклани гоеници – мерки со кои ги помагаме земјоделците во услови на криза преку Интервентниот фонд.

Исто така како што индормираат од МЗШВ во тек е и реализација на поддршката преку програмата за директни плаќања за премијата за произведено и предадено млеко јануари-февруари 2021, како и субвенциите за заклани бројлери и несилки во регистрирани кланични капацитети.

Во меѓувреме тутунопроизводителите започнаа со бербата на тутунот од новата реколта 2022/2023 година.

Прочитај повеќе