Connect with us

Македонија

СДСМ: Темата избори е затворена до 2024 година, ВМРО-ДПМНЕ да го преиспита однесувањето

Media Press

Published

на

Откако темата за парламентарни избори е затворена до 2024 година, ВМРО-ДПМНЕ треба да го преиспита своето однесување и да се откаже од натамошни блокади и опструкции, велат од СДСМ во партиското соопштение.

Од СДСМ додаваат дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ треба да покажат одговорност и конструктивност, законските решенија за граѓаните и помош во време на криза да бидат усвоени.

„Во време на глобална криза, насекаде низ светот опозицијата и власта заедно работат во интерес на граѓаните, само ВМРО-ДПМНЕ блокира, кочи и опструира. Граѓаните во овој чувствителен период од сите политички субјекти со право очекуваат одговорност, работа и посветеност во надминување на последиците од глобалната криза. Оваа порака граѓаните ја испратија директно на ВМРО-ДПМНЕ и на Христијан Мицкоски со дебаклот на митингот и слабиот одѕив. ВМРО-ДПМНЕ да ја прими пораката и да почне да работи во интерес на граѓаните и на државата“ стои во соопшението.

Македонија

Од утре времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи

Media Press

Published

на

Од утре до средината на следната седмица подрачјето на Македонија ќе биде под влијание на влажен и нестабилен бран. Времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално повремено ќе има појава на невреме со пообилен дожд (над 30 л/м2) за кратко време, силни електрични празнења, силен ветер (над 60 км/час) и појава на град, соопшти УХМР.

Температурите значително ќе се намалат.

Во Скопската котлина ќе преовладува променливо облачно време со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината во текот на овој период ќе има појава на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и град.

Од УХМР препорачуваат поголема внимателност во случај на појава на електрични празнења, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

Прочитај повеќе

Македонија

Поскапува дизелот за 2 денари, ќе се продава за повисока цена од бензините

Media Press

Published

на

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука за поскапување на дизел горивата додека бензините остануваат ќе се продаваат по иста цена. Вечерва по полноќ ќе поскапат дизел горивото и нафтата за домаќинствата за 2 денари по литар, додека цените на бензините од 95 и од 98 октани не се менуваат. Не се менува ниту цената на мазутот.

Според новите промени од вечерва по полноќ, од 00.01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

– Моторен бензин – Еуросупер БС – 95 – 88,50 (денари/литар)
– Моторен бензин – Еуросушер БС – 98 – 91,00 (денари/литар)
– Дизел гориво – Еуродизел БС (Д-Е V) – 92,00 (денари/литар)
– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 88,50 (денари/литар)
– Мазут М-1 НС – 52,814 (денари/килограм)

Прочитај повеќе

Македонија

Православните верници го слават верскиот празник Преображение Христово

Media Press

Published

на

Денеска  православните верници го слават верскиот празник Преображение според кој на гората Тавор Господ Исус Христос се пеобразил и ја покажал својата божествена  природа, пред тројца свои ученици.

Овој празник е востановен во спомен на собитието на Тавор, кое се случило пред Христовата смрт и распетие. Кога Господ забележал дека апостолите не можат да ги разберат претстојните Негови страдања и дека во срцата се исполнуваат со тага, за да не ослабнат во својата вера, ревност и љубов кон Него ги извел на Таворската гора, и им се покажал во Својата ненадминлива и несоздадена слава.

Во мигот на Преображението Христос ги озари апостолите со Својата неискажлива светлина, и сакајќи да им ја покаже светлината на скорешното Негово Воскресение, Он истовремено им ја покажа и првобитната човечка убавина. Он сакаше човекот да го дознае своето потекло, да види чиј образ тој го носи, во каква слава, и чест, и убавина е создаден и кон што е повикан.

По тој повод во црковниот храм Света Троица во Радовиш денеска се одржа божествена литургија и се освети грозјето . Преображение спаѓа во Христовиот пост на кој задолжително се пости и за прв пат се каснува горзје.

 Преображение Господово е еден од оние осум големи христијански празници кој секоја година се слави на 19 август, кога, според народното предание, во зора почнуваат да се преобразуваат и гора и вода, најавувајќи ја идната есен.

Овој празник секогаш паѓа во време на Богородичниот пост. Затоа празничната трпеза е збогатена со вино и риба. На крај на светата литургија се осветува и грозје, кое се дели на гробовите за покој на душата.

Во народот постои верување дека на овој празник целата природа се преобразува, дека од денеска ноќите стануваат поладни како и дека од овој ден почнува да се најавува скорешното доаѓање на есента.

Прочитај повеќе