Connect with us

Струмица

Цветан Трипуновски во посета на кванташкиот пазар во Струмица

Media Press

Published

на

Цветан Трипуновски денеска го посети кванташкиот пазар во Струмица од каде со објава на социјалните мрежи, како што вели ја пренесува фактичката состојба на терен.

„ Утрово го посетив кванташкиот пазар во Струмица каде што се сретнав со земјоделците кои произведуваат раноградинарски производи.

Ситуацијата на терен е лоша во секој поглед, слаб пласман, ниски откупни цени, Владата и МЗШВ никаде ги нема, едноставно земјоделците се оставени сами на себе во овие моменти“ вели трипуновски во својата објава на ФБ.

Инаку Цвета Трипуновски од 2015 до 2017 ја извршуваше функцијата директор на Државниот земјоделски инспекторат, во времето на владеењето на ВМРО- ДПМНЕ.

Струмица

Намален интересот за користење на природен гас во Струмица

Media Press

Published

на

Прочитај повеќе

Струмица

Реконструиран објектот на итната медицинска служба во Струмица

Media Press

Published

на

Прочитај повеќе

Струмица

Во текот на вчерашниот ден се случиле две сообраќајни несреќи во струмичко

Media Press

Published

на

Вчера во 05.30 часот во СВР Струмица било пријавено дека на локален пат кој води од крстосница со магистрален пат А4 кон село Доброшинци, струмичко, В.В.(54) од село Чанаклија, струмичко, управувајќи товарно моторно возило „ивеко“ со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот А.М.(38) од Струмица, а возачот и сопатникот С.Р.(26) од Струмица се здобиле со телесни повреди, констатирани во Медицински центар Струмица. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.

Исто така вчера околу 15.50 часот во СВР Струмица било пријавено дека на улица „24-ти Октомври“ во Струмица, М.К.(25) од село Дабиле, струмичко, управувајќи мотоцикл „сузуки“ со струмички регистарски ознаки, удрил во паркирано патничко моторно возило „шевролет“ со струмички регистарски ознаки.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, кој бил пренесен во Медицински центар Струмица, а увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.

Прочитај повеќе