Connect with us

Македонија

МЗШВ: Два нови огласи за закуп на земјоделско земјиште над 3 хекатри, на располагање за земјоделците, дополнителни 3.769 хектари

Media Press

Published

на

Владата на својата денешна 52 седница донесе одлука со која се распишуваат уште два нови јавни огласи за доделување на државно земјоделско земјиште над 3 хектари. Вкупно, на двата јавни огласи, на располагање се ставаат 3.769 хектари државно земјоделско земјиште, информираат од МЗШВ.

Намената на земјиштето кое се дава под закуп за првиот јавен оглас е одгледување на земјоделски култури за производство на сточна храна (житни, фуражни и индустриски култури) за период до 15 години. Вкупната површина за земјоделско земјиште, која се става на располагање во овој оглас е 529 хектари, распоредени во десет региони низ државата: Берово, Виница, Гевгелија, Дебар, Делчево, Кочани, Неготино, Свети Николе, Радовиш и Штип. Минималната површина на земјоделското земјиште во државна сопственост која може да се даде во закуп на еден учесник за овој јавен оглас изнесува 3 хектари доколку понудувачот достави потврда од овластена ветеринарна станица за располагање со најмалку 5 грла говеда или копитари, односно 50 овци или кози, односно 20 свињи, односно 500 кокошки, мисирки, гуски, патки или бисерки. Максимална површина на која за овој јавен оглас еден учесник може да аплицира изнесува 20 хектари.

Вториот јавен оглас за давање под закуп на земјоделско земјиште над 3 хектари е со предвидена намена за подигнување на долгогодишни насади(лозја, овоштарници, хмељ) и оранжерии за период до 30 години, подигање на долгогодишни насади со лешник за период до 70 години, подигање на маслинарници за период до 50 години, поставување на пчелни семејства за период до 15 години, ливади за период до 15 години, одгледување на брзо растечки дрвја на земјоделско земјиште кое се наоѓа на надморска висина над 700 метри, за периодот до 30 години, рибници до 20 години и спортско-рекреативни активности и рурален туризам до 30 години.

Вкупната површина која со овој јавен оглас се дава под закуп изнесува 3.240 хекатари, распределени во 22 региони низ државата: Берово, Валандово, Виница, Гостивар, Гевгелија, Делчево, Демир Хисар, Кочани, Куманово, Кавадарци, Неготино, Струга, Струмица, Охрид, Прилеп, Пробиштип, Радовиш, Ресен, Тетово, Велес, Штип и Чаир, соопштуваат од МЗШВ од каде се додава дека голем и досега рекорден интерес, со 235 апликации, кај земјоделците предизвикал и јавниот оглас кој беше распишан во март месец каде на располагање беа ставени дополнителни 5.722 хекатри земјоделско земјиште до 3 хектари за обработка на житни култури распоредени во 14 региони низ државата.


Македонија

Ограничените маржи на основните прехранбени производи ќе останат до крај на годината, владата донесе одлука

Media Press

Published

на

На предлог на Министерството за економија, Владата на денешната седница донесе одлука да се продолжи рокот на траење на мерката за ограничување на маржата на основните прехранбени производи, информира министерот за економија Крешник Бектеши.

Според Одлуката оваа мерка ќе се применува до 31 декември 2022 година.

“Имајќи предвид дека со оваа Одлука се ограничува растот на цените преку утврдување на висината на трговската маржа која треба да  влијание на растот на цените на мало на основните прехранбени производи, а состојбата на пазарот укажува дека цените не се стабилизирани, се наметна потребата да се продолжи рокот за следните 3 месеци од оваа година односно до 31 декември 2022 година. На овој начин, евентуалниот раст на цените во трговијата на големо и трговијата мало ќе биде предизвикан од растот на увозните и  берзанските цени, како и растот на производствените трошоци, напиша министерот Бектеши на својот Фејсбук профил.

Согласно одлуката висината на трговска маржа на трговските друштва и трговските поединци кои учествуваат во трговскиот ланец  на леб бел;, сечен на парчиња или цел, шеќер бел и сончогледово масло за јадење се утврдува  во висина до 5% во трговијата на големо  и до 5% во трговијата на мало.

Висината на трговска маржа на трговските друштва и трговските поединци кои учествуваат во трговскиот ланец  на брашно од пченица – тип 400 и тип 500, макарони и шпагети од тврда пченица, македонски бел ориз и трајно кравјо млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5% млечна маст и јајца се утврдува во висина до 10% во трговијата на големо  и  до 10% во трговијата на мало

Прочитај повеќе

Македонија

СДСМ:Иницијативата на Мицкоски за референдум е спротивна на македонскиот Устав. ВМРО -ДПМНЕ:Џафери не е Уставен судија да толкува Устав

Media Press

Published

на

Иницијативата на Мицкоски за референдум е спротивна на македонскиот Устав, на државните и национални интереси и треба да се отфрли, е ставот на СДСМ по отфрлањето на иницијативата за референдум од страна на спикерот Џафери.

„Уставот како највисок правен акт е јасен: Во член 118, јасно предвидува дека Меѓународните договори што се ратификувани се дел од внатрешниот правен поредок и не може да се менуваат со Закон.

Договорот за добрососедство е меѓународен договор и согласно Уставот неговото правно дејство не може да се менува.

Очигледно е дека Мицкоски намерно ја има смислено и поднесено оваа иницијатива на правно неиздржан начин, спротивно на македонскиот Уставот. Само за да создава тензии, да го манипулира народот, свесен дека нема да успее“, соопштуваат од партијата.

 Реакцијата доѓа откако синоќа претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, ја отфрли иницијативата за спроведување референдум за поништување на Законот за ратификација на Договорот за добрососедство, пријателство и соработка со Бугарија како неуставна.

„Џафери и власта не се во право по најмалку два основа. Џафери не е Уставен судија да толкува Устав, второ ова е билатерален договор, каде се спори законот за ратификација кој има сила на закон, а не меѓународен договор, реагираат од ВМРО ДПМНЕ.

„Со поништувањето на Законот за ратификација ќе престанеше важењето на договорот со Бугарија, зошто меѓународните договори важат само доколку се ратификувани.

Антимакедонската СДС избега од референдум само затоа што се плаши од народот и знае дека никој не го поддржува договорот со Бугарија“, стои во соопштението од центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

Прочитај повеќе

Македонија

Недела останува неработен ден, Уставниот суд не донесе одлука

Media Press

Published

на

Уставниот суд на денешната седница не одлучуваше по иницијативата поднесена од Стопанската комора на Република Македонија во која е оспорен Законот за изменување и дополнување на Законот за работни односи кој во својата содржина опфаќа „работа во недела”, поради немање кворум. По иницијативата, како што велат од Судот, ќе се навратат тогаш кога Собранието на Република Македонија ќе го комплетира Уставниот суд со доволен број на судии.

,,Рефератот на овој предмет беше да не се поведе постапка, што значи законот да остане во правниот поредок и недела да остане неработен ден освен во дејностите од исклучоците.

Еден судија се изјаснил дека не го поддржува рефератот и поради тоа немало кворум за Одлука“, потврдуваат и од ССМ.

Прочитај повеќе