Connect with us

Македонија

Ковачевски на Самитот на Отворен Балкан во Охрид: Се обединуваме за заедничко добро на нашите народи

Avatar

Published

на

Самитот на Отворен Балкан во Охрид работниот дел го заврши со заедничка прес-конференција на лидерите на иницијативата, претседателот на Владата на Република С. Македонија Димитар Ковачевски, претседателот на Република Србија Александар Вучиќ и премиерот на Република Албанија Еди Рама, и на која учествуваа и премиерот на Република Црна Гора Дритан Абазовиќ и претседавачот на Советот на министри на Република Босна и Херцеговина Зоран Тегелтија, соопштуваат од Влада.
Во продолжение на ова соопштение, изјавата на премиерот Димитар Ковачевски во која вели:

„Ми беше задоволство да бидам домаќин на овој продуктивен настан кој верувам дека носи нов позитивен пресврт за регионот. Охрид не обедини за заедничко добро на нашите народи.

Упатувам големо благодарам на сите лидери што дојдоа и што поведоа свои делегации, но и на сите учесници и гости кои придонесоа со свои идеи кон создавањето нови проекти за регионално поврзување во рамки на Отворен Балкан.

Сакам силно да се заблагодарам за поддршката што и овој пат ја добиваме од стопанските комори и од меѓународната заедница.

Имаме јасни пораки и од САД и од ЕУ. Нивната поддршка е директна и силна. Такви се и нашите напори за да го европеизираме регионот. Директно и силно работиме на европски стандарди, на економски развој, на подобар живот за нашите граѓани. Затоа Отворен Балкан има конкретни резултати и затоа земјите од регионот мора да станат членки на ЕУ.

Денеска овде во Охрид отвораме нови поглавје на соработка во областите култура и туризам.

Час поскоро, нашите граѓани од Отворен Балкан да почувствуваат нови економски и други бенефити. Може тоа да биде убав одмор во Саранда, Охрид или Копаоник. По поволни услови, со прилагодени цени. Може да бидат нови поволности и олеснувања за побрз проток на стоките кои фирмите треба да ги увезат или извезат. Побрз проток на нашите граѓани.

Еве денес ќе најавам дека претпријатијата од трите наши држави кои ги управуваат патарините работат на поврзување на системите за електронска наплата на патарина. Тоа значи дека граѓанин од Србија со ТАГ за електронска наплата на своето возило ќе може без застанување да помине и на македонска и албанска патарина – системот ќе го препознае и рампата на патарина сама ќе се крене, со електронска наплата. Така ќе ги намалиме гужвите по автопатите и патарините, а граѓаните побрзо ќе стигнат до крајната дестинација.

Веќе се подготвуваме за саемот на вино, храна и туризам во Белград во септември. Ќе презентираме сериозен обем на македонски производи таму – нашите сортни вина и македонската храна ќе ги доближиме до регионот и светот.

И конечно, се договоривме дека заедно ќе се справуваме со економската криза и недостатокот од храна и енергија“, изјави Ковачевски кој додава; „ Го сметам овој самит за позитивен пресврт бидејќи за прв пат и Црна Гора и Босна и Херцеговина и цела меѓународна заедница, сите ние сме на едно место, со заедничко разбирање за иднината на Западен Балкан“. .

прикажи повеќе
Advertisement

Македонија

МЗШВ: Објавен јавен повик преку програмата за рурален развој за поддршка при набавка на комбајни за жито

Avatar

Published

на

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира земјоделците дека Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, распиша јавен повик за доставување на барања за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2023 година, за мерката 121 Инвестиции за модернизација на земјоделски стопанства, односно подмерка 121.12 Набавка на комбајни за жито.

Како корисници се јавуваат земјоделски стопанства запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во МЗШВ, согласно Законот за земјоделство и рурален развој, и поседуваат минимум 10 хектари обработлива земјоделска површина под пченица, јачмен, р`ж, тритикале и/или овес.

Максималната вредност на кофинансирана сума по корисник изенсува 3 милиони денари. Финансиските средства се наменети за инвестиции во набавка на комбајни за жито. Средствата се доделуваат за период на реализација на деловниот план и се исплаќаат на годишно ниво.

Крајниот рок за доставување на барањата е до 30 декември 2023 година. Заинтересираните земјоделци своите барања ги поднесуваат електронски по извршена регистрација на e-baranje.ipardpa.gov.mk.

Повеќе информации за повикот, како и упатството за регистрација на барателите во системот за електронско поднесување на барање, земјоделците можат да погледнат на веб страната на АФПЗРР www.ipardpa.gov.mk

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги повикува земјоделците, да се заознаат со условите од јавниот повик и навремено да аплицираат, искористувајќи ја можноста за поддршка, модернизирајќи го своето земјоделско производство.  

Прочитај повеќе

Македонија

Трансформација на салата Борис Трајковски за одржување на 30-от министерски состанок на ОБСЕ

Avatar

Published

на

Министерот за надворешни работи Бујар Османи сподели видео во кое се гледа трансформацијата на салата Борис Трајковски во Скопје за одрќување на 30-от министерски состанок на ОБСЕ.

„Погледнете ја трансформацијата на салата Борис Трајковски. Подготвени сме за одржувањето на 30-от министерски состанок на ОБСЕ!Чест ми е што имаме можност да го организираме еден од најголемите настани што некогаш е направен во земјава“, напиша Османи.

Прочитај повеќе

Македонија

Посебен режим на сообраќај на 29 и 30 ноември во Скопје

Avatar

Published

на

Посебен режим на сообраќај на 29 и 30 ноември во Скопје, МВР апелира до сите граѓани – учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека почнувајќи од 29.11.2023 (среда) од 13.00 часот, па сѐ до завршување на Министерскиот совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) 2023 година на 30.11.2023 (четврток), кој ќе се одржува во СРЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, за сообраќај ќе бидат затворени бул.„Илинден“, и тоа од крстосницата со бул.„Св. Климент Охридски“ до крстосницата со ул.„Љубљанска“ и бул.„8 Септември“, од крстосницата со ул.„Скупи“ до крстосница со бул.„Партизански одреди“.

Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на Град Скопје.

МВР апелира до сите граѓани – учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.

Прочитај повеќе