Connect with us

Струмица

Пуштена во употреба новата спортска сала во основното општинско училиште „Маршал Тито“ во Муртино

Media Press

Published

на

Градоначалникот Костадин Костадинов и министерот за образование и наука Јетон Шаќири, ја пуштија во употреба новата спортска сала во основното општинско училиште „Маршал Тито“ во Муртино.

Инвеститор на овој проект беше Владата на Република Македонија, се реализираше преку Министерство на образование и наука, а во изградбата учествуваше и Општина Струмица со навремено и квалитетно завршени обврски во износ од над 700.000 денари, информираат од општината.

Салата со површина од 650 метри квадратни обезбедува квалитетни услови за реализација на часовите по физичко образование за 465 ученици и тоа не само од Муртино, туку и од населените места Сачево, Банско и Габрово.

„Нема ништо поубаво и помотивирано за еден Градоначалник кога и во време на криза од повеќе аспекти, се гради во неговата Општина и се реализираат проекти во интерес на граѓаните“, рече меѓу другото градоначалникот Костадинов.

Струмица

Намален интересот за користење на природен гас во Струмица

Media Press

Published

на

Прочитај повеќе

Струмица

Реконструиран објектот на итната медицинска служба во Струмица

Media Press

Published

на

Прочитај повеќе

Струмица

Во текот на вчерашниот ден се случиле две сообраќајни несреќи во струмичко

Media Press

Published

на

Вчера во 05.30 часот во СВР Струмица било пријавено дека на локален пат кој води од крстосница со магистрален пат А4 кон село Доброшинци, струмичко, В.В.(54) од село Чанаклија, струмичко, управувајќи товарно моторно возило „ивеко“ со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот А.М.(38) од Струмица, а возачот и сопатникот С.Р.(26) од Струмица се здобиле со телесни повреди, констатирани во Медицински центар Струмица. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.

Исто така вчера околу 15.50 часот во СВР Струмица било пријавено дека на улица „24-ти Октомври“ во Струмица, М.К.(25) од село Дабиле, струмичко, управувајќи мотоцикл „сузуки“ со струмички регистарски ознаки, удрил во паркирано патничко моторно возило „шевролет“ со струмички регистарски ознаки.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, кој бил пренесен во Медицински центар Струмица, а увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.

Прочитај повеќе