Connect with us

Регион

Едно нарушување на јавниот ред и мир и неколку физички напади за два дена, според билтенот на СВР Струмица

Avatar

Published

на

Едно нарушување на јавниот ред и мир и неколку физички напади за два дена во Југоисточниот регион, според билтенот на СВР Струмица.

На 06.06.2022 година во 04.00 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на улица „Младинска“ во Струмица едно лице со употреба на сила одзело ташна од малолетна жителка на Струмица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 05.06.2022 година во 11.40 часот во Полициската станица Струмица, М.А. (40) од село Баница, струмичко, пријавил дека околу 11.00 часот на патот кон селската чешма во село Баница бил физички нападнат од В.Ј. од истото село. Полициска станица Струмица презема мерки за целосно расцистување на случајот.

На 05.06.2022 година во 18.55 часот во Полициската станица во Радовиш, З.А. (40) од Радовиш пријавила дека околу 18.15 часот на улица „Герас Цунев“ во Радовиш нејзиниот малолетен син  бил физички нападнат од М.„Н“. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 05.06.2022 година во 18.20 часот во Полициската станица Струмица М.В. (26) од село Баница, струмичко, пријавил дека околу 17.30 часот на улица „Стив Наумов“ во Струмица бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу М.В. и неговиот соселанец Р.М. (48). Истиот ден, во 19.45 часот Р.М. пријавил дека бил физички нападнат од М.В. По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

прикажи повеќе
Advertisement

Радовиш

Ценовник за ППР за Претседателски избори 2024, на Медиапресс сервис (mediapress.mk)

Avatar

Published

на

Ценовник за платено политичко рекламирање (Претседателски избори 2024) за избори за Претседател на Република Северна Македонија во 2024 година, на Трговско друштво за продукција и дистрибуција на мултимедијални содржини Медиапресс сервис ДООЕЛ, Радовиш.

Прочитај повеќе

Регион

При спроведена контрола на СВР Струмица биле констатирани 85 пречекорувања на брзината

Avatar

Published

на

На 18.02.2024 во периодот од 14.00 до 19.00 часот на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената. Притоа, биле констатирани 85 пречекорувања на брзината, од кои 32 на подрачје на Струмица, 27 на подрачје на Радовиш, 17 на подрачје на Валандово и 9 на подрачје на Валандово. Од нив, 65 пречекорувања на брзината биле констатирани надвор од населено место, а 20 во населено место. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани.

Прочитај повеќе

Регион

Извршена контрола на повеќе угостителски објекти на подрачје на Струмица, во еден угостителски објект имало присуство на малолетници после 24.00 часот

Avatar

Published

на

На 20/21.01.2024, во времето од 23.00 до 04.00 часот, од страна на полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица во координација со инспектори од Државен пазарен инспекторат Скопје била извршена контрола на повеќе угостителски објекти на подрачје на Струмица. Притоа, во еден угостителски објект било констатирано присуство малолетници после 24.00 часот, а во шест угостителски објекти биле констатирани прекршоци по Законот за инспекциски надвор. За констатираните прекршоци ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Прочитај повеќе