Connect with us

Регион

Едно нарушување на јавниот ред и мир и неколку физички напади за два дена, според билтенот на СВР Струмица

Media Press

Published

на

Едно нарушување на јавниот ред и мир и неколку физички напади за два дена во Југоисточниот регион, според билтенот на СВР Струмица.

На 06.06.2022 година во 04.00 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на улица „Младинска“ во Струмица едно лице со употреба на сила одзело ташна од малолетна жителка на Струмица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 05.06.2022 година во 11.40 часот во Полициската станица Струмица, М.А. (40) од село Баница, струмичко, пријавил дека околу 11.00 часот на патот кон селската чешма во село Баница бил физички нападнат од В.Ј. од истото село. Полициска станица Струмица презема мерки за целосно расцистување на случајот.

На 05.06.2022 година во 18.55 часот во Полициската станица во Радовиш, З.А. (40) од Радовиш пријавила дека околу 18.15 часот на улица „Герас Цунев“ во Радовиш нејзиниот малолетен син  бил физички нападнат од М.„Н“. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 05.06.2022 година во 18.20 часот во Полициската станица Струмица М.В. (26) од село Баница, струмичко, пријавил дека околу 17.30 часот на улица „Стив Наумов“ во Струмица бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу М.В. и неговиот соселанец Р.М. (48). Истиот ден, во 19.45 часот Р.М. пријавил дека бил физички нападнат од М.В. По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

прикажи повеќе
Advertisement

Регион

На 22 и 23 јуни ќе се врши авионска дезинсекција против возрасни комарци

Media Press

Published

на

Се известуваат граѓаните од општините во Југоисточниот регион, дека во период од 22 и 23 Јуни 2022 година, во раните утрински часови ќе се изврши авионска дезинсекција против возрасни комарци со следниот распоред:

На 22.06.2022 (среда), во општините Струмица и Гевгелија.

На 23.06.2022 (Четврток), во општините Радовиш, Конче, Богданци, Босилово, Василево, Валандово, Дојран и Ново Село .

Доколку временските услови се неповолни, авионската дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат подобри.

Ги известуваме пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Прочитај повеќе

Регион

Прскање против комарци во Југоисточниот плански регион на 14 јуни, заврши тендерската постапка

Media Press

Published

на

Се известуваат граѓаните од Југоисточниот плански регион дека тендерската постапка за избирање економски оператор кој ќе изврши прскање против комарци на територијата на Југоисточниот плански регион е веќе завршена и прскањето ќе започне на 14.06.2022 година.

Воедно, се известуваат граѓаните дека поради техничките проблеми и нефункционирањето на системот за јавни набавки дојде до непланирано продолжување на тендерската постапка и поради тоа прскањето против комарци на територијата на Југоисточниот плански регион не можеше да биде започнато во планираниот временски период, инфомрираат од ЈПР.

Прочитај повеќе

Регион

Два случаи на физички напад и една сообраќајна несреќа во Југоистокот пријавени во текот на вчерашниот ден

Media Press

Published

на

На 02.06.2022 во 15.45 часот во Полициската станица Струмица, Б.Ѓ.(38) од село Баница, струмичко, пријавил дека околу 07.30 часот во село Баница неговиот малолетен син бил физички нападнат од Т.Д.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 02.06.2022 во 22.15 часот во Полициската станица Струмица, Т.Ј.(42) од Струмица пријавил дека околу 18.00 часот на улица „Бетовенова“ во Струмица бил физички нападнат од З.Б.(41) од Струмица. Истиот ден, во 22.50 часот и З.Б. пријавила дека била физички нападната од Т.Ј..
По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 02.06.2022 во 00.20 часот во ОВР Гевгелија било пријавено дека во село Стојаково, гевгелиско, Г.А.(58) од село Стојаково, управувајќи патничко моторно возило „цитроен“ со гевгелиски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Медицински центар  Гевгелија, а увид на местото извршила екипа на ОВР Гевгелија.

Прочитај повеќе