Македонија
Во попладневните часови на повеќе места времето ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Published
3 недели agoна
By
Media Press
Метеоролозите за денеска најавуваат променливо облачно време. Од пладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд проследен со појава на грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме. УВ=7
Максималните дневни температури ќе достигнат до 33 степени. Во Скопје слично време, со дожд и грмотевици и максимална дневна температура до 30 степени.
И утре времето ќе биде слично како и денеска, сончево со мала до умерена облачност. Од пладневните часови ќе има развој на локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Во текот на оваа работна седмица под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (за кратко време поголема количина), силни електрични празнења, силен ветер (над 70 км/час) и појава на град. И во Скопската Котлина ќе има честа појава на нестабилност, а повремено ќе има услови да биде и во форма на невреме. Дневните температури ќе бидат во опаѓање.
Поврзани содржини
Времето во Македонија многу топло, во попладневните часови се очекува нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер
Времето овие денови претежно облачно, со повремени локални врнежи од дожд
И во следните денови облачно и студено со повремени локални врнежи претежно од снег
Облачно и постудено време со врнежи од дожд
Минусни температури се измерени во целата држава, во Радовиш утринава минус 10 степени
Уште денеска сончево, од утре облачно со врнежи и постудено време
Македонија
Корисни совети како да се однесуваме при високи температури

Published
2 дена agoна
јуни 28, 2022By
Media Press
Поради високите летни температури кои ја зафатија државата последните денови, ОО на Црвен крст Радовиш споделува корисни совети за заштита од топлотен бран.
-Ограничена физичка активност, особено во попладневните часови.
-Носете светла и лесна облека, наочари со УВ заштита и капа.
-Користете креми со заштитен УВ фактор.
-Следете ги препораките на здравствените установи.
-Избегнувајте непотребно излегување надвор во период од 10 до 17 часот.
-Избегнувајте премногу масна и високо калорична храна, како и храна која содржи шеќери.
-Одбегнувајте пијалоци кои содржат алкохол и кофеин, се само неколку од советите кои се препорачуваат во овој период на високи летни температури.
За повеќе совети посетете ја нашата страна https://ckrm.org.mk/kako-da-se-odnesuvame-pri-visoki…/
Македонија
Сите трговци во туристичките места ќе можат да работат во недела и на празници, а работниците ќе добијат 100% поголема дневница

Published
3 дена agoна
јуни 27, 2022By
Media Press
Собранието денеска ги усвои измените и дополнувањата на Законот за трговија со кој се овозможува работа во недела и државни празници на сите трговци на мало и на големо во туристичките места, утврдени со Законот за туристичка дејност, објави на Фејсбук министерот за економија Крешник Бектеши.
Според министерот, со измените и дополнувањата на Законот за трговија се очекува дополнително да се поттикне економската активност во земјата, посебно во туристичките места.
„Имајќи ги во предвид податоците кои што ги имаме од Државниот завод за статистика за раст на бројот на туристи од почетокот на годината, а и очекувањата согласно веќе направени резервации за странски туристи кои што оваа туристичка сезона ќе ја посетат С. Македонија, посебно Охрид и Струга, согласно законските измени очекуваме зголемување на туристичката активност во целата земја. Измените на Законот за трговија се донесени со заеднички дијалог во инклузивен процес со сите засегнати страни, посебно во туристичкиот сектор. Работниците во трговските објекти кои ќе работат во недела и празници ќе добијат дневница поголема за 100 проценти“, објави министерот.
Согласно најновите измени на Законот за трговија им се дава можност на продавниците, киосците и штандовите во туристичките места утврдени со Законот за туристичка дејност, да работат во ден недела и на празници. Воедно, и на слободните царински продавници лоцирани на меѓународните аеродроми после царинските контролни точки и на цветните пазари, им се дава можност да работат во ден недела и на празници
Овие законски измени стапуваат на сила веднаш откако ќе бидат објавени во Службен весник.
Македонија
Доделено признанието „Инженерски прстен“ на 12 најуспешни дипломирани инженери

Published
7 дена agoна
јуни 23, 2022By
Media Press
Претседателот Стево Пендаровски денеска го врачи признанието „Инженерски прстен“ на 12 најуспешни студенти кои дипломирале на факултетите што негуваат инженерски дисциплини во Република Македонија.
Манифестацијата „Инженерски прстен“ се одржува по 19. пат во организација на Инженерската институција на Македонија и Комората на овластени архитекти и овластени инженери, а под покровителство на претседателот на Република Македонија.
Претседателот Пендаровски во своето обраќање истакна дека со доделувањето на ова признание, придонесуваме за афирмирање на инженерските професии, а и самата оваа манифестација придонесува за промоција на инженерството.
„Машинци, архитекти, информатичари, технолози, електротехничари, градежни, земјоделски и шумарски инженери, добитници на инженерскиот прстен, но и сите останати инженери се движечка сила на секоја држава. Тие млади луѓе веќе суштински придонесуваат за македонската економија, а со тоа и за благосостојбата на сите наши граѓани“ рече претседателот Пендаровски на церемонијата на доделувањето на признанието „Инженерски прстен“, која се одржа во Кабинетот на претседателот.

Граѓаните да избегнуваат движење на патот Подареш – Смиланци

Корисни совети како да се однесуваме при високи температури

ЛАГ Плачковица започна со подготвителни активности за партерно уредување на централното подрачје во с.Лубница

Сите трговци во туристичките места ќе можат да работат во недела и на празници, а работниците ќе добијат 100% поголема дневница
