Connect with us

Регион

Два случаи на физички напад и една сообраќајна несреќа во Југоистокот пријавени во текот на вчерашниот ден

Media Press

Published

на

На 02.06.2022 во 15.45 часот во Полициската станица Струмица, Б.Ѓ.(38) од село Баница, струмичко, пријавил дека околу 07.30 часот во село Баница неговиот малолетен син бил физички нападнат од Т.Д.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 02.06.2022 во 22.15 часот во Полициската станица Струмица, Т.Ј.(42) од Струмица пријавил дека околу 18.00 часот на улица „Бетовенова“ во Струмица бил физички нападнат од З.Б.(41) од Струмица. Истиот ден, во 22.50 часот и З.Б. пријавила дека била физички нападната од Т.Ј..
По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 02.06.2022 во 00.20 часот во ОВР Гевгелија било пријавено дека во село Стојаково, гевгелиско, Г.А.(58) од село Стојаково, управувајќи патничко моторно возило „цитроен“ со гевгелиски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Медицински центар  Гевгелија, а увид на местото извршила екипа на ОВР Гевгелија.

Регион

Санкции за 46 возачи кои возеле побрзо од дозволеното на подрачјето на ОВР Радовиш и Валандово

Media Press

Published

на

Во текот на вчерашниот ден во периодот од 07.00 до 14.00 часот на подрачјата на Одделенијата за внатрешни работи Радовиш и Валандово била спроведена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената. Притоа, биле констатирани 46 прекршувања на брзината, од кои 29 на подрачје на Радовиш и 17 на подрачје на Валандово.

Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани, информира СВР Струмица.

Прочитај повеќе

Регион

Регистрирани се нови 521 случаи на КОВИД-19, од нив 38 во Југоистокот

Media Press

Published

на

 Во последните 24 часа направени се 1.231 тестови, а регистрирани се нови 521 случаи на КОВИД-19. Од нив 38 во Југоистокот.

Гевгелија – 13, Струмица –  12, Радовиш –  7, Богданци –  4 и Валандово–  2.

Од вкупниот број на позитивни (521), регистрирани се 120 реинфекции.

Регистрирани сe 485 оздравени пациенти од кои 25 во Југоистокот: Во Струмица –  16, Гевгелија – 7, Богданци–  2 и Радовиш 1.

Во текот на изминатите 24 часа пријавени се 2 починати лица, од Скопје (78г) и Струга(48г). Двете лица се починати во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 2.139.217 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 336.560, бројот на оздравени пациенти е 323.536, на починати е 9.429, а бројот на активни случаи изнесува 3.595

Прочитај повеќе

Регион

Нови 40 случаи на Ковид во Југоистокот во последните три дена

Media Press

Published

на

Во последните 3 дена (од 12.08 до 14.08.2022) направени се 2.095 тестови, а регистрирани се 889 нови случаи на КОВИД-19. Од нив цо Југоистокот се забележани 40 нови случаи, во Гевгелија – 17, Струмица – 16, Радовиш – 7 и Валандово, Богданци, по 2

Од вкупниот број на позитивни (889), регистрирани се 199 реинфекции.

Регистрирани сe 1.228 оздравени пациенти од:

Струмица – 33, Гевгелија –  20, Радовиш – 13, Валандово  10 и Дојран – 1.

Во текот на изминатите 3 дена (12.08 – 14.08.2022) пријавени се 7 починати лица, од: 3 починати.

Досега во земјата се направени вкупно 2.136.393 тестирање на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 335.451, бројот на оздравени пациенти е 322.468, на починати е 9.424, а бројот на активни случаи изнесува 3.559

Прочитај повеќе