Connect with us

Радовиш

Општина Радовиш е избрана за пилот -локација како дел од проектот АДАПТ со цел да се намалат ризиците од природни катастрофи

Avatar

Published

на

Општина Радовиш е избрана за пилот -локација како дел од проектот АДАПТ со цел да се намалат ризиците од природни катастрофи и прилагодувањето кон климатските промени.

Проектот се реализира во соработка со Министерство за животна средина и просторно планирање и Центар за управување со кризи, Регионалата канцеларија за Источна Европа и Централа Азија на Меѓународната унија за заштита на природата (ИУЦН).

Во салата на Советот на Општина Радовиш се одржа првата консултативна средба за заштита од поплави со примена на решенија засновани врз природата во Радовиш  и презентација на иницијативата АДАПТ.

„Станова збор за регионален проект наречен АДАПТ кој го започнавме пред две години, тоа произлегува од прилагидување на климатските промени односно адаптација. Проектот е помогнат од страна на Шведската агенција за развој за што и благодариме. Меѓународната унија за заштита на природата (IUCN), има за цел да му помогне на светот да изнајде прагматични решенија за најголемите еколошки и климаткси проблеми. Ние уште во 2020 година објавивме решенија за заштита на природата, можеби сте слушнале се зборуваше и регионално и локално, а односно се зборува за природата  и проблемите кои ги донесува промената на климата. Ја одбравме Општина Радовиш затоа што овде веќе има една ваква активност со Јапонската агенција за развој и што има интерес од страна на општината, а од друга страна што сте изложени на поплави и катастрофи и заради тоа ја избравме Општина Радовиш и ќе се обидеме да ги примениме овие решенија. Она што ние ќе го направеме е да направиме детална презентација и да го подготвиме идниот проект. Ова е прв проект кој го работеме во регионот„ рече Борис Ерг, директор на Регионалната канцеларија за Источна Европа.

 Градоначалникот на Општина Радовиш Ацо Ристов рече дека заштита од поплави е од животно значајна работа од кој зависи и развојот на Радовиш. Тој рече дека како општина со задоволство ќе го поддржат овој проект.

 Проектот АДАПТ е тригодишна иницијатива финансирана од Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (Sida) и имплементирана од Регионалната канцеларија на ИУЦИН за Источна Европа и Централна Азија.Проектот работи на зголемување на отпорноста на екосистемите и заедниците на климатски промени и ризици од катастрофи со примена на решенија засновани врз природата во шест држави од Западен Балкан,вклучително и Македонија.

Радовиш

Детската градинка во Радовиш организира работилница за уредување на дворните површини во објектите

Avatar

Published

на

Детската градинка во Радовиш организира работилница за уредување на дворните површини во објектите, во која се вклучија семејствата – родителите, вработените, локалната заедница.

„Тимската работа, дружење и размена на идеи секогаш дава резултати“, велат од градинката, од каде им се заблагодароват на сите оние кои се вклучија да ги разубават дворовите на Објектите, каде што престојуват нивните дечиња.

Прочитај повеќе

Радовиш

Регионална средба во ОНБ „Браќа Миладиновци“ во Радовиш

Avatar

Published

на

Регионална средба на библиотекари од јавни и училишни библиотеки денеска беше одржана во ОНБ „Браќа Миладиновци“ во Радовиш. Тема на расправа на средбата беше „Евидентирање на библиотеките од Македонија и нивно регистирање во светската библиотекарска организација ИФЛА“.

На средбата учествуваа библиотекари од југоисточниот регион, од Валандово, Богданци, струмица и Штип.

Прочитај повеќе

Радовиш

Завршена изградбата на помошен објект при Домот на културата „Ацо Караманов“ во Радовиш

Avatar

Published

на

Успешно заврши проектот „Реконструкција на Домот на културата Ацо Караманов во Радовиш“ за изградба на помошен објект – натстрешница која има за цел оградување на самата зграда на Домот на култура. Оваа нова структура има значајна услужна функција, осигурувајќи полесен пристап од дворот до бината на салата на Домот.

Овој проект е имплементиран од страна на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион со партнерство на о.Радовиш во рамки на Програмата за рамномерен регионален развој, со финансиска поддршка од Бирото за регионален развој.

Прочитај повеќе