Радовиш

Отворен ден за сите ученици од деветто одделение, во средното училиште „Коста Сусинов“ од Радовиш

СОУ Коста Сусинов од Радовиш денеска органзира отворен ден за сите ученици од деветто одделение од сите основни училишта во Општина Радовиш и општина Конче. Во рамките на кампањата ‘’Учи паметно, работи стручно’’ за промоција на предностите и можностите кои ги нуди средното стручно образование, во посета на училиштето беше заменик Министерот за образование и наука Лулзим Алиу.

Заедно со ученици денеска имаме можност да ги претставвиме четирите струки и трите гимназиските паралелки пред идните среднишколци рече директорот на училиштетот Гоце Лазаров.

  • Електро-техничка струка со 2 профили: електротехничар- енергетичар и електротехничар за компјутерска техника и автоматика;
  • Геолошко-рударска и металуршка струка со 2 профили: рударски техничар и металуршки техничар;
  • Машинска струка со 1 профил: машински техничар;
  • Градежно-геодетска струка со 1 профил: градежен техничар.

Исто така и гимназиските паралелки од:

  • Природно-математичкото подрачје,
  • Општествено-хуманистичко подрачје, и
  • Јазичното подрачје.

 На денешниот отворен ден со свој штанд се претстави и Општина Радовиш при што пред матурантите беа претставени 15 стипендии од универзитетот за туризам и менаџмент  за идни студенти.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

6 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago