Connect with us

Василево

Општина Василево ќе го поддржи планинарскиот марш „По патеките на Мис Стон“

Media Press

Published

на

Општина Василево ќе го поддржи одржувањето на планинарскиот марш „По патеките на Мис Стон“,  кој го организира ЗПСК „Маратон“, од Струмица, информира градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, по денешната средба што ја имаше со претседателот на ЗПСК„Маратон“, Ѓорги К`рмзов.

„Според Програмата на организаторот маршот ќе се одржи на 29.05.2022 година (недела). Сите заинтересирани учесници во 07,30 часот треба да бидат на брана Турија, од каде што организирано се тргнува кон с. Нивичино. Се пешачи по следната маршута; брана Турија – Јурукова колиба – Павлова ливада – Железен дол. Пристигнувањето во Нивичино е планирано за околу 12,00 часот.  За во 14,00 часот планирано е доделување на благодарници за учесниците, по што во 14,30 започнува враќањето кон брана Турија“ информираат од планинарското здружение „Маратон“.

За сите учеснници организаторот подготвува заеднички ручек. Учесниците неопходно е со себе да понесат прибор за јадење и вода за пиење.

Патеката е средно тешка и е погодна за планинари на возраст од 07 до 77 години.

Заинтересираните за овој планинарски марш, неопходно е своето учество да најават на телефонскиот број 071 253 203 најдоцна до 26.05.2022 година.

Планинарскиот марш По патеките на  Мис Стон е традиционален и годинава се одржува по 11-ти пат.

Василево

Градоначалникот на општина Василево Славе Андонов оствари средба со претставници на Европската академија на регионите

Media Press

Published

на

Денес, градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, во својот кабинет оствари средба со  членовите на одборот на EAR-AER Европската академија на регионите – Académie européenne des regions, Luis Deklart и Nelu Neacsu кои како партнери на  БИЦСР(Business Innovation Center Strumica), со финансиска поддршка од владата на Фландрија (Белгија) во периодот од 24-28 септември 2022 година, преземаат мисија за утврдување на фактите во Северна Македонија.

Целта на мисијата е да се сретне со претставници на регионални и локални власти, непрофитни здруженија и претставници на бизниси за да ги информира за активностите и услугите на Академијата, да ги информира за можностите за финансирање од ЕУ програми и фондови и да обезбеди насоки за зголемување на ефикасноста на проекти што ќе ги подготват во рамките на процесот на усогласување со ЕУ.

Прочитај повеќе

Василево

Во Сушево се одржа Mеѓународен фолклорен фестивал „Весело на сред село“

Media Press

Published

на

Викендот во селото Сушево во организација на КУД „Сушевски бисери“, а под покровителство на Општина Василево се одржа првиот Меѓународен фолклорен фестивал „Весело на сред село“.

На фестивалот, покрај домаќините настапија и КУД „Негорци“ од Негорци, ФА „Подарешани млади“ од Подареш, гостите од Србија и Бугарија, Здружението „Марко Цара Миланович“ од Каоник, Крушевац, НЧ „Антон Панов-1962“ од село Самуилово, Петрич, ЖПГ „Самуилски славеи“ и Танцова група и Танцова школа „Тепсихора“ од Дупница.

Добредојде на сите учесници им посака градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, кој истакна дека токму преку овој фолклорен фестивал со музиката и фолклорот се навраќаме на нашите корени, на изворот од каде ја црпиме енергијата, ги оживуваме спомените кои не поврзуваат низ годините и се наша водилка и инспирација за следните предизвици.

Прочитај повеќе

Василево

Со механизација, ангажирана од општина Василево се чисти поројот во село Сушево

Media Press

Published

на

Со механизација, ангажирана од општина Василево, деновиве во населеното место Сушево се одвиваат активности за чистење на отворениот канал, попознат како  порој. Големи количини на наталожена земја и вегетација се отстрануваат од коритото на каналот, чија примарна функција е апсорбирање и канализирање на водите кои надоаѓаат за  време на врнежи и можат  да бидат особено опасни, доколку неконтролирано се излеваат.

Градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, ги најави и планираните активности кои ќе се реализираат во наредните денови.  „Во населеното место Сушево наредните денови ќе се изврши уредување и на јавните површини во пресрет на празникот Рождество на Пресвета Богородица“.

За наредниот период, како што најави Андонов во населеното место Василево,  планирано е и чистење на бетонскиот трапезен канал, во близина на ООУ „Гоце Делчев“ во Василево.

Прочитај повеќе