Uncategorized
ООУ Крсте Петков Мисирков од Радовиш потпиша договор за збратимување со училиште од Ташкопру, Општина Јалова од Турција

Published
1 месец agoна
By
Media PressДелегација од Турција денеска беше во посета на Општина Радовиш. Поводот беше потпишување на договор за збратимување помеѓу ООУ „Крсте Петков Мисирков“ од Радовиш и училиштето од Ташкопру, Општина Јалова од Турција.
Градоначалникот на Општина Радовиш Ацо Ристов изврши прием на турската делегација при што беше потпишано збратимувањето на двете училишта со цел за идна соработка во областа на образованието. Градоначалникот Ристов рече дека се надева од оваа соработка со размена на искуства ќе се постигне заедничката цел за подобро образование.

Директорото на училиштето одТашкопру, Абдулах Далгич рече дека во Радовиш се чувствуваат како дома поради топлиот пречек и се радува што нивното долгогодишно пријателство сега е и официјално.

Доректорката на ОУ „Крсте Петков Мисирков“ Лујза Спасова и посака добредојде на делегацијата од Турција со која како што рече веќе имаат долга соработка која од сега ќе биде и официјална со потпишување на збратимувањето. Таа додаде дека и во иднина треба да учат едни од други и да се надоградуват.

На крајот Градоначалникот на Општина Радовиш Ацо Ристов и турската делегација си разменија пригодни подароци пренесувајќи топли поздрави од градоначалникот на турската општина Јалова.
Поврзани содржини
Штрајкуваат и вработните во основните училишта во Општина Радовиш
ООУ „Крсте Петков Мисирков“ од Радовиш со пригодна програма го одбележа својот патронен празник
Доделени дипломи и плакети на истакнати ученици, прогласен Првенец на генерација во ОУ Крсте Петков Мисирков во Радовиш
ООУ „Kрсте Петков Мисирков“ од Радовиш, го одбележа својот патронен празник
Почна уписот на првачиња под строг протокол во време на пандемија
Во тек се повеќе градежни активности во Општина Радовиш во овој период
Uncategorized
Од обработените податоци за Локалните избори ќе има шареноликост во општинските совети во Југоистокот

Published
8 месеци agoна
октомври 18, 2021By
Media Press
Според Општинските изборни комисии во Југоисточниот дел на државата, од обработените податоци за Локалните избори ќе има шареноликост во општинските совети.
Неофицијално во Општина Радовиш ВМРО -ДПМНЕ освои 8 советнички мест во идниот Совет. СДСМ освои 6 советнички места, ЛДП и ДОМ 3 советнички места и независната советничка листа влезе зо 2 советника.
Во Општина Конче е идентична ситуацијата, односно политички партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ со нивните коалиции освоија по четири советнички мандати. Демократската Партија на Турците освои едно советничко место.
Во Општина Василево, најголемите политички партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ со нивните коалиции си поделија по седум советнички места додека последното и 15 -то место во советот го освоија Коалицијата ЛДП и ДОМ со Движење одлучно за промени.
По издвоената победа во прв круг за градоначалник во Општина Босилово, победничката партија ВМРО-ДПМНЕ зазема осум советнички места наспроти шест на СДСМ. Последното советничко место го освои „Стига е“.
Во општините со освоени ист број на советнички места од политичките партии во Југоистокот се приклучува и Општина Ново Село со по седум советнички места на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Последното советничко место го освои „Стига е“.
Во Општина Струмица владејачката партија освои 13 советнички места наспроти опозициската ВМРО-ДПМНЕ која освои девет и еден советни од „Стига е“ .
Uncategorized
Повреден пешак на булеварот во Радовиш, во него удрил автомобил

Published
10 месеци agoна
август 19, 2021By
Media Press
Синоќа околу 20.50 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на булевар „Александар Македонски“ во Радовиш, патничко моторно возило „мерцедес“ со радовишки регистарски ознаки, управувно од М.М.(33) од Радовиш, удрило во пешакот Ц.Г.(53) од село Ораовица, радовишко.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот констатирани во Медицински центар Штип. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Радовиш.
Uncategorized
Димовски: Нема да може да се злоупотребуваат неделите од страна на работодавачите

Published
1 година agoна
февруари 11, 2021By
Media Press
Според сегашниот Закон за работни односи, во неделата мора да има еден ден на неделен одмор, но тоа не мора да биде недела. Ако се работи во недела, ниту според законот, ниту според колектовните договори, следува додаток на дневница.
Токму ваквото законско решение досега им овозможуваше на работодавачите да ја третираат неделата како обичен работен ден, велат од Сојузот на синдикати на Македонија. Но, оттаму уверуваат дека новата регулатива, на која инсистираат, ќе стави крај на злоупотребите на неделите, односно неделата ќе биде неработен ден за сите, освен за строго дефинирани дејности и тоа со дополнително плаќање.
„На средбите со Владата и со работодавачите инсистираме точно да се знае во кои дејности ќе може да се работи во недела. Сега се договоривме за 34 дејности и тие треба да влезат во законската регулатива. На тој начин, треба да се оневозможат злоупотребите од страна на работодавачите, односно да се работи само во оние дејности каде што навистина производниот процес, или пак, потребите на општеството, тоа го бараат како неопходност. Но и дури да е неопходна работата во неделите, таа мора дополнително да биде платена“ – изјави Дарко Димовски, претседател на Сојузот на синдикати на Македонија.

Во посета на Општина Радовиш, делегации од збратимените општини Селчук и Ташкопру од Република Турција

Оштетените граѓани од гевгелиско можат да достават барање за утврдување на штетите од вчерашното невреме

Стапува на сила забраната за движење во шуми, од Општина Радовиш апелираат за почитување на забраната бидејќи се предвидени високи казни

Општина РАДОВИШ ќе става крај на дрвокрадството и на дивите депонии кон планината Плачковица
