Connect with us

Македонија

Платите во образование од септември ќе бидат зголемени во просек од над 3.500 денари

Media Press

Published

на

Дијалогот помеѓу Владата и Синдикатот за образование, наука и култура успешно заврши. Постигнат е договор за зголемување на платите во образованието во висина од 15 отсто, од септември оваа година, односно зголемување во просек од над 3.500 денари, во време на најголема светска економска криза, информираат од СДСМ.

„Ова зголемување на платите е најголемото досега и заедно со досегашните 21% зголемување е историски најголемата поддршка на вработените во образованието.
До пред само 5 години, максималното зголемување на платите беше 4%, без глобални кризи.
Сега, во услови на најголема економска и енергетска криза, покрај огромното процентуално зголемување, на вработените во образованието, преку колективните договори ќе им се овозможи и усогласување со минималната плата како и други придобивки.  Воедно, ќе се дефинира методологија за континуиран раст на платите со што ќе се заштити стандардот на наставниците и ќе се овозможи континуирано зголемување на плата без потреба од дополнителна владина, институционална или политичка интервенција“, вели премиерот Ковачевски во својата објава на социјалните мрежи.

Тој апелираше до СОНК за брзо и целосно прифаќање на договорените услови и одговорност, за да можат надлежните институции да продолжат со потребните активности за реализација на покачувањето

Македонија

Доделено признанието „Инженерски прстен“ на 12 најуспешни дипломирани инженери

Media Press

Published

на

Претседателот Стево Пендаровски денеска го врачи признанието „Инженерски прстен“ на 12 најуспешни студенти кои дипломирале на факултетите што негуваат инженерски дисциплини во Република Македонија.

Манифестацијата „Инженерски прстен“ се одржува по 19. пат во организација на Инженерската институција на Македонија и Комората на овластени архитекти и овластени инженери, а под покровителство на претседателот на Република Македонија.

Претседателот Пендаровски во своето обраќање истакна дека со доделувањето на ова признание, придонесуваме за афирмирање на инженерските професии, а и самата оваа манифестација придонесува за промоција на инженерството.

„Машинци, архитекти, информатичари, технолози, електротехничари, градежни, земјоделски и шумарски инженери, добитници на инженерскиот прстен, но и сите останати инженери се движечка сила на секоја држава. Тие млади луѓе веќе суштински придонесуваат за македонската економија, а со тоа и за благосостојбата на сите наши граѓани“ рече претседателот Пендаровски на церемонијата на доделувањето на признанието „Инженерски прстен“, која се одржа во Кабинетот на претседателот.

Прочитај повеќе

Македонија

МЗШВ: Заврши исплатата на субвенциите 1.3 милијарди денари финансиска поддршка за 17.000 тутунари

Media Press

Published

на

Заврши целосната исплатата на субвенциите за тутунот од реколтата 2021, а исплатени се вкупно 1.3 милијарди денари на сметките на 17 илјади тутунопроизводители.

Процедурата со која тутунарите ја добија оваа финансиската поддршка започна веднаш откако пратениците во Собранието ја одблокираа законската измена во законот за земјоделство и рурален развој, преку одложувањето на обврската кон УЈП информираат од МЗШВ.

„Со надминување на блокадата и донесувањето на измените во законот за земјоделство и рурален развој овозможивме услови од оваа година да се започне и со авансна исплата на субвенциите, мерка која не се случила во изминатите 16 години. Токму преку оваа измена, земјоделците ќе можат 30% од субвенциите да ги добијат авансно, односно во рок од 90 дена по аплицирањето. Се надеваме и повикуваме на разум и обединетост и во донесувањето на ребалансот на буџетот за 2022 година каде се предвидени 2,7 милијарди денари, дополнителни средства за комплетно исплаќање на субвенциите кон земјоделците“, стои во соопштението од МЗШВ.

Дополнително, одтаму ги информираат земјоделците дека во следниот период започнува реализацијата на исплатата за финансиската поддршка за набавено вештачко ѓубриво и поддршката за продадени или заклани гоеници – мерки со кои ги помагаме земјоделците во услови на криза преку Интервентниот фонд.

Исто така како што индормираат од МЗШВ во тек е и реализација на поддршката преку програмата за директни плаќања за премијата за произведено и предадено млеко јануари-февруари 2021, како и субвенциите за заклани бројлери и несилки во регистрирани кланични капацитети.

Во меѓувреме тутунопроизводителите започнаа со бербата на тутунот од новата реколта 2022/2023 година.

Прочитај повеќе

Македонија

Времето во Македонија многу топло, во попладневните часови се очекува нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Media Press

Published

на

Времето во Македонија денеска сончево и многу топло со умерена локална облачност и со умерен, повремено засилен ветер од западен и од северозападен правец.

Во попладневните и во вечерните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На некои места процесите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и застапени во форма на НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, силни електрични празнења и со појава на град. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 38 степени.

Поголеми услови за нестабилност и на повеќе места ќе има утре, кога локално ќе има услови и за појава на НЕВРЕМЕ. Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 38 степени, додека во најтоплите предели истите се очекува да се искачат до околу 40 степени.

Прочитај повеќе