Connect with us

Радовиш

Утре во Радовиш ќе се одржи првата бизнис средба, градоначалникот Ристов упати јавна покана

Media Press

Published

на

Општина Радовиш започнува со воведување на нова пракса,  одржување на БИЗНИС СРЕДБИ со претставници од бизнис секторот од општината и земјоделски производители. Првата бизнис средба ќе се одржи во петок во ресторан Амбасадор.  Целта е како што најави градоначалник на општина Радовиш, Aцо Ристов да се разговара за актуелните проблеми во сите области, со цел да се врати животот во Радовиш и нови вработувања.

Градоначалникот Ристов упати отворена покана до сите кои што се заинтересирани, да учествуват на првата бизнис средба, со цел ова да биде редовна пракса за во иднина.

Радовиш

Пожарникарите од ТППЕ од Радовиш одржаа показна вежба за брза интервенција при појава на пожар

Media Press

Published

на

ТППЕ од Радовиш денеска одржа ЕДНА ОД РЕДОВНИТЕ показни вешби за брза реакција при појава на пожари, која што се одржа во кругот на Спортската сала „25 Мај“ во Радовиш.

„Ова ќе биде редовна пракса и ќе се одржува еднаш месечно за подготвеноста да бида на повисоко ниво“, рече градоначалникот Ацо Ристов кој беше присутен при одржувањето на вежбата.

Екипата од ТППЕ покажа висока подготвеност доколку има потреба за брза реакција за интервенција на пожар на височина. Во вежбата беа вклучени три противпожарни возила.

Прочитај повеќе

Радовиш

ОО на СДСМ, Радовиш: Поминаа шест месеци локална власт на ВМРО -ДПМНЕ во Радовиш, нови проекти нема

Media Press

Published

на

ОО на СДСМ од Радовиш на денешната прес конференција со обвинување, за шест месеци локална власт на ВМРО ДПМНЕ во Радовиш,  промовираат само проекти започнати од претходната власт. Од СДСМ прашуваат каде се најавените капитални проекти како што е нвиот Градски пазар во Радовиш, градскиот рекреативне центар со парк покрај Канлиевата воденица и други.

Прочитај повеќе

Радовиш

Општина Радовиш се приклучува кон кампањата „Мојот данок, за мојата општина!“

Media Press

Published

на

Општина Радовиш како партнер-општина на Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите се приклучува кон кампањата „Мојот данок, за мојата општина!“

Едукативната кампања „ Мојот данок, за мојата општина! “има за цел да ја информира јавноста дека плаќањето данок на имот е должност на секој граѓанин-даночен обврзник, но во исто време и придонес на поединецот за градење на подобра иднината на општината.

„Доколку поседувате имот во одредена општина, тогаш автоматски сте даночни обврзници со законско право на даночно решение за вашиот имот, но, и законска обврска и лична должност за навремено подмирување на данокот.

Секој граѓанин-даночен обврзник треба да знае дека со навремено подмирувамена данокот на имот, го полни директно општинскиот буџет, преку кој се реализираат сите планирани јавни и инфраструктурни проекти. Со ова, едноставно кажано, секој од нас лично придонесува за развојот на општината, која во иднина ќе ја красат: нови градинки, нови игралишта, нови улици, нови училишта, ново осветлување, нови паркови, еколошки проекти, нови проекти за економски развој.

Оваа кампања оттаму, цели и да придонесе кон навремено и прецизно информирање на даночните обврзници за сите права и обврски, како и правата и обврските на општината поврзани со данокот на имот“, велат од Општина Радовиш.

Прочитај повеќе