Радовиш
Пуштена во употреба новата Сала за венчавање – „Музеј на љубовта и уметноста“ во Радовиш

Published
6 дена agoна
By
Media PressПретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска беше во посета на Радовиш. Заедно со градоначалникот Ацо Ристов во рамките на активноста „Промените се случуваат, секогаш со народот“, извршија увид и ја пуштија во употреба реконструираната Сала за венчавање – Музеј на љубовта и уметноста во Паркот на млади во Радовиш.

Во новата сала која беше реконструирана со средства од Општина Радовиш, како што рече градоначалникот Ристов ќе се склучуваат бракови, ќе се раѓа нова љубов, но ќе има и уметност, односно ќе се користи и како галерија за уметнички изложби.

Исто така беа посетени и реконструираната улица „Свети Спасо Радовишки“ односно таканареченото градско шеталиште во центарот на градот и новоизградената улица во Урбан блок 9 во Радовиш.

Поврзани содржини
Расчистено разбојништво во Радовиш, наместо пари од казино украле коверти со исплатени тикети
Одржана првата бизнис средба во Радовиш
Од понеделник во ОНБ „Браќа Миладиновци„ во Радовиш „САЕМ НА КНИГИ 2022“
„САЕМ НА КНИГИ 2022“ ќе се одржи во Општинска народна библиотека „Браќа Миладиновци„ Радовиш
Радовишките пожарникари учествуваа во обука за давање на прва помош одржана од НАТО контингентот во Македонија
Општина Радовиш потпиша меморандум за соработка со УТМС за 15 стипендии
Радовиш
Промоција на трудот „ГАЈДАРСКАТА ТРАДИЦИЈА ВО РАДОВИШКО“ на авторот М-р Александар Ицов

Published
15 часа agoна
мај 17, 2022By
Media Press
Народното творештво отсекогаш било плодна почва за научни и теоретски истражувања од повеќе аспекти. Едно од таквите научни истражување е магистарскиот труд „ГАЈДАРСКАТА ТРАДИЦИЈА ВО РАДОВИШКО“ на М-р Александар Ицов од Радовиш, со што гајдаџиството од радовишко како културно наследство конечно е сместено во книга.

Во рамките на Саемот на книги кој вчера беше отворорен во ОНБ Браќа Миладиновци, беше извршена промоција на првата книга од ваков вид во Радовиш.

Промотор на овој исклучително значаен труд за радовишкото фолклорно богатство беше Проф, д-р Драган Даутовски, а свој осврт за авторто даде и Томе Постолов професор по Македонски јазик и литература.

Во својот музички настап, м-р Александар Ицов беше поддржан од професор Александар Таушанов на гитара.
Радовиш
Расчистено разбојништво во Радовиш, наместо пари од казино украле коверти со исплатени тикети

Published
17 часа agoна
мај 17, 2022By
Media Press
Одделението за внатрешни работи Радовиш денеска поднесе кривична пријава против К.К. (27) од Радовиш поради сомнение дека сторил кривични дела разбојништво и спречување на докажување и против М.Т. (22) и О.А. (21), двајцата од радовишкото село Покрајчево, поради сомнение за разбојништво.
Како што информираат од МВР, на 9 мај годинава, во 4 часот, М.Т. и О.А. со закана со пиштол и нож кон вработени во казино на улица Свети Спасо Радовишки одзеле два коверта со исплатени тикети за кои сметале дека има пари.
По тоа, К.К. ги фрлил предметите со кое било извршено делото во канал во близина на селото Раклиш. По преземени мерки, полициски службеници од ОВР Радовиш ги пронашле предметите. Исто така, при претрес во домот во кој М.Т. живее под наем, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и две дробилки со остатоци од марихуана.
На 16 мај лицата биле лишени од слобода и во службен разговор со полициски службеници го признале делото. Во текот на денот тие ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка од Основен суд Струмица.
Радовиш
Околу 300 дечиња од ДГ„ Ацо Караманов“ од Радовиш се подготвуваат за одржување на големата завршна приредба

Published
2 дена agoна
мај 16, 2022By
Media Press
Околу 300 дечиња од ДГ „Ацо Караманов“ од Радовиш се подготвуваат за одржување на завршната приредба која традиционачно секој година се одржува по повод испраќањето на идните првачиња во прво одделение.
Овие денови односно на 16 и 18 мај се одржуваат генерланите проби за дечињата подготвени да се претстават пред своите родители и роднини.
„Завршната приредба ќе се одржи во четврток на 19 мај, со што на свечен начин околу 170 дечиња ќе бидат испратени во прво одделение“ рече диркеторката на градинката Љупка Тренчева, која активно беше вклучена во подготовките и генералните проби.


Промоција на трудот „ГАЈДАРСКАТА ТРАДИЦИЈА ВО РАДОВИШКО“ на авторот М-р Александар Ицов

Расчистено разбојништво во Радовиш, наместо пари од казино украле коверти со исплатени тикети

Околу 300 дечиња од ДГ„ Ацо Караманов“ од Радовиш се подготвуваат за одржување на големата завршна приредба

Активности со боева муниција на место викано „Караорман“, Општина Гевгелија
