Connect with us

Радовиш

Општина Радовиш повторно распишува ЈАВЕН ПОВИК за избор на членови за формирање на Локален младински совет

Media Press

Published

на

Врз основа на Законот за младинско учество и младински политики и Одлуката за распишување на Јавен повик за формирање на Локален младински совет од 26.07.2021 година, Општина Радовиш повторно распишува ЈАВЕН ПОВИК за избор на членови за формирање на Локален младински совет.

Локалното Собрание на млади на Општина Радовиш повторно распишува Јавен повик за членство во Локалниот младински совет на Општина Радовиш. Јавниот повик се објавува на веб-страницата на Општина Радовиш, во локалните медиуми, на социјалните мрежи и на други јавни места.

Јавниот повик е упатен до формите на организирање и здружување кои ги предвидува Законот за младинско учество и младински политики, а тоа се: младинските организации, организации за млади, политички подмладоци, ученички и студентски организации и други облици на младинско здружување, кои не мора да бидат регистрирани во општината, но мора да имаат активности на територијата на Општина Радовиш.

Потребни документи: Младинските организации заинтересирани да аплицираат треба да ги достават и следните документи:1. Портфолио на организацијата/групата/здружението 2. Годишна програма за работа на организацијата/групата/здружението 3. Извештај за работата на младинската организација / здружението за изминатата година или друг документ во кои се наведени реализирани активности со млади, младински политики и иницијативи на подрачјето на Општина Радовиш,4. Писмо со номинација за член/членови на локалниот младински совет и контакт информации за истите5. Кратко мотивациско писмо од страна на номинираниот член и кратка биографија.

Начин на поднесување на документите, рок и место: Сите заинтересирани младински организации кои ги исполнуваат условите наведени во овој Повик, можат да ја поднесат потребната документација, секој работен ден од07:30-15:30 часот до крајниот рок за поднесување на пријави:- во архивата на Општина Радовиш на адреса Бул. „Александар Македонски“ бр. 7.

Писмената документацијата се поднесува во затворен плик означен со ознака: „За јавен повик за член на„Локален младински совет“.

Јавниот повик трае 10 (десет) дена од денот на објавувањето на веб страната на Општина Радовиш, односно од 11.05.2022 година до 20.05.2022 година (краен рок).

Дополнителни информации може да добиете на тел. 078 248 110, hadjivasilev@radovis.gov.mk, лице за контакт Душан Хаџи-Василев.

Радовиш

Околу 300 дечиња од ДГ„ Ацо Караманов“ од Радовиш се подготвуваат за одржување на големата завршна приредба

Media Press

Published

на

Околу 300 дечиња од ДГ „Ацо Караманов“ од Радовиш се подготвуваат за одржување на завршната приредба која традиционачно секој година се одржува по повод испраќањето на идните првачиња во прво одделение.

Овие денови односно на 16 и 18 мај се одржуваат генерланите проби за дечињата подготвени да се претстават пред своите родители и роднини.

„Завршната приредба ќе се одржи во четврток на 19 мај, со што на свечен начин околу 170 дечиња ќе бидат испратени во прво одделение“ рече диркеторката на градинката Љупка Тренчева, која активно беше вклучена во подготовките и генералните проби.

Прочитај повеќе

Радовиш

Избрани нов Лидер и нови членови на Координативното тело на Клубот на млади на Црвен крст Радовиш

Media Press

Published

на

Во просториите на Општинската организација на Црвен крст Радовиш, на 14 мај во саботата беше одржана Конститутивно-изборна седница на која се спроведоа изборите на Клубот на млади на Црвен крст Радовиш за мандатниот период 2022-2024 година.

Конститутивно-изборната седница ја отвори досегашниот ВД Лидер на Клубот на млади Илина Сандева.

Со тајно гласање на членовите за Лидер на Клубот на млади на Црвен крст Радовиш беше избрана Ангела Георгиева, додека пак за Заменик-лидер беше избрана Памела Митева. Избрани беа и членовите на Координативното тело на Клубот на млади на ОО на Црвен крст Радовиш:  Ангела Георгиева -Лидер,  Памела Митева -Заменик лидер, Александра Донева,  Лина Ристова, Ангела Јанкулова, Дајана Гавалугова и Елена Ташкова

За претставник во Советот на млади на Црвен крст на Република Македонија беше избрана досегашниот ВД лидер на Млади- Илина Сандева.

Прочитај повеќе

Радовиш

Одржана првата бизнис средба во Радовиш

Media Press

Published

на

Градоначалникот на Општина Радовиш Ацо Ристов ја одржа првата бизнис средба со претставниците од бизнис секторот во општината.

Според градоначалникот Ристов моторот кој ја придвижува општината е стопанството и бизнис секторот и без успешна релација и соработка со бизнис секторот нема успешна општина.

„Во развиените општества, деловниот ручек на Градоначалникот со стопанствениците е редовна активност – така ќе биде и кај нас. Оваа соработка ја подигаме на највисоко ниво, се со цел заеднички да се избориме за поубав живот на нашите сограѓани“ рече градоначалникот Ристов.

„Ќе продолжиме со чести средби и ќе ги вложиме сите заеднички напори за Радовиш да биде град со кој ќе се гордееме – креирајќи убава иднина за младите генерации. Радовиш е се што имаме. Продолжуваме заеднички да го градиме“ додаде Ристов.

Првата бизнис средба во вид на деловен ручек беше одржана во ресторан Амбасадор во Радовиш и според она што можеше да се забележи на лице место, имаше голем одзив.

Прочитај повеќе