Радовиш
Ново партерно уредувањето на училишниот двор конечно доби подрачното училиште во село Воиславци

Published
1 недела agoна
By
Media Press
Ново партерно уредувањето на училишниот двор конечно доби подрачното училиште во село Воиславци кое е во склоп на ООУ„Орце Николов“ – Ињево, со средства од Општина Радовиш. Градоначалникот Ацо Ристов со претставници од општината по тој повод беа во посета на училиштето. Добредојде на присутните гости ученици и вработени им посака директорот на училиштето Киро Јованов кој се заблагодари за уредувањето на дворот но и се заложи да го огради училиштниот двор.

Градоначалникот Ристов пред присутните рече дека ќе продолжат со изградба и создавање на модерни услови во образованието. Во оваа прилика градоначалникот Ристов спомна и дека е потпишан меморандум со Универзитетот за туризам и менаџмент за петнаесет стипендии преку Фондацијата „проф. д-р Љубе Миленковски“ за идни студенти од Општина Радовиш.

Во продолжение ја проследи и организираната пригодна програма од страна на учениците и хепенингот организиран од учениците и нивните ментори, со прекрасни домашни традиционални специјалитети приготвени од локалното население.

Учениците се претставија пред своите родители, роднини наставници и останати гости.
Поврзани содржини
Радовиш
Расчистено разбојништво во Радовиш, наместо пари од казино украле коверти со исплатени тикети

Published
3 минути agoна
мај 17, 2022By
Media Press
Одделението за внатрешни работи Радовиш денеска поднесе кривична пријава против К.К. (27) од Радовиш поради сомнение дека сторил кривични дела разбојништво и спречување на докажување и против М.Т. (22) и О.А. (21), двајцата од радовишкото село Покрајчево, поради сомнение за разбојништво.
Како што информираат од МВР, на 9 мај годинава, во 4 часот, М.Т. и О.А. со закана со пиштол и нож кон вработени во казино на улица Свети Спасо Радовишки одзеле два коверта со исплатени тикети за кои сметале дека има пари.
По тоа, К.К. ги фрлил предметите со кое било извршено делото во канал во близина на селото Раклиш. По преземени мерки, полициски службеници од ОВР Радовиш ги пронашле предметите. Исто така, при претрес во домот во кој М.Т. живее под наем, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и две дробилки со остатоци од марихуана.
На 16 мај лицата биле лишени од слобода и во службен разговор со полициски службеници го признале делото. Во текот на денот тие ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка од Основен суд Струмица.
Радовиш
Околу 300 дечиња од ДГ„ Ацо Караманов“ од Радовиш се подготвуваат за одржување на големата завршна приредба

Published
20 часа agoна
мај 16, 2022By
Media Press
Околу 300 дечиња од ДГ „Ацо Караманов“ од Радовиш се подготвуваат за одржување на завршната приредба која традиционачно секој година се одржува по повод испраќањето на идните првачиња во прво одделение.
Овие денови односно на 16 и 18 мај се одржуваат генерланите проби за дечињата подготвени да се претстават пред своите родители и роднини.
„Завршната приредба ќе се одржи во четврток на 19 мај, со што на свечен начин околу 170 дечиња ќе бидат испратени во прво одделение“ рече диркеторката на градинката Љупка Тренчева, која активно беше вклучена во подготовките и генералните проби.

Радовиш
Избрани нов Лидер и нови членови на Координативното тело на Клубот на млади на Црвен крст Радовиш

Published
1 ден agoна
мај 16, 2022By
Media Press
Во просториите на Општинската организација на Црвен крст Радовиш, на 14 мај во саботата беше одржана Конститутивно-изборна седница на која се спроведоа изборите на Клубот на млади на Црвен крст Радовиш за мандатниот период 2022-2024 година.
Конститутивно-изборната седница ја отвори досегашниот ВД Лидер на Клубот на млади Илина Сандева.
Со тајно гласање на членовите за Лидер на Клубот на млади на Црвен крст Радовиш беше избрана Ангела Георгиева, додека пак за Заменик-лидер беше избрана Памела Митева. Избрани беа и членовите на Координативното тело на Клубот на млади на ОО на Црвен крст Радовиш: Ангела Георгиева -Лидер, Памела Митева -Заменик лидер, Александра Донева, Лина Ристова, Ангела Јанкулова, Дајана Гавалугова и Елена Ташкова
За претставник во Советот на млади на Црвен крст на Република Македонија беше избрана досегашниот ВД лидер на Млади- Илина Сандева.

Расчистено разбојништво во Радовиш, наместо пари од казино украле коверти со исплатени тикети

Околу 300 дечиња од ДГ„ Ацо Караманов“ од Радовиш се подготвуваат за одржување на големата завршна приредба

Активности со боева муниција на место викано „Караорман“, Општина Гевгелија

Избрани нов Лидер и нови членови на Координативното тело на Клубот на млади на Црвен крст Радовиш
