Радовиш
Радовиш беше домаќин на стрелачки Турнир во дисциплината Олимписки трап „Бучим – Радовиш 2022“

Published
1 недела agoна
By
Media PressРадовиш беше домаќин на турнирот во дисциплината Олимписки трап „Бучим – Радовиш 2022“ односно стрелање во глинени голуби, кој се одржа на стрелиштето во Радовиш.

Турнирот беше во организација на Стрелачкиот клуб „Бучим“ а во согласност со правилата на Интернационалната спортска стрелачка федерација и тоа на две серии по 25 мети или вкупно 50 мети (глинени гулаби). Добредојде на сите натпреварувачи и поканети гости им посака претседателот на Стрелачкиот клуб Бучим од Радовиш, Коста Поцков.

Турнирот е под покровителство на Општина Радовиш и Градоначалникот Ацо Ристов, кој го прогласи за отворен. Тој им посака успех на сите учесници и да победи најдобриот и рече дека се надева дека и во иднина ќе има млади деца кои ќе сакаат да се занимават со овој спорт и да постигнуваат резултати и надвор од Македонија.

Присутен беше и генералниот директор на Рудникот Бучим Олег Чусовитин, кој од името на ридникот Бучим изрази задоволство што редовно го спонзорираат и поддржувачаат стрелачкиот клуб „Бучим“ од Радовиш и се надева дека овој спорт ќе постигнува и повисоки резултати пошироко во македонија и меѓународно. На турнирот беше присутен и претседателот на Македонска спортска стрелачка федерација Јордан Тасевски кој рече дека стрелаштвото во Македонија започна да гради нова ера и дека резултатите растат, за да пласираат стрелачи на европски и светски првенства.


Поврзани содржини
Радовиш
Комплет одела за лична заштита при справување со шумски пожари за пожарникарите од ТППЕ Радовиш

Published
12 минути agoна
мај 19, 2022By
Media Press
Центарот за развој на Југоисточен плански регион денеска додели комплет одела за лична заштита при справување со шумски пожари на пожарникарите од ТППЕ Радовиш.
Ова донација е во рамките на проектот ,,Прекугранична соработка во справување со шумски пожари” финансиран од Европската Унија преку Интеррег –ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Бугарија и Македонија и во склоп на престојниот Ден на пожарникарството-20 мај.
„Личната заштитна опрема е согласно Правилникот за видот и изгледот на униформата,видот на заштитна опрема и начинот и проверка и испитување на нејзина исправност.Останатиот дел од опремата дополнително ќе биде доставена“, рече градоначалникот Ацо Ристов .

Проектот е со времетраење од 24 месеци во која се вклучени обука на пожарникари од специјални обучувачи и добивање сертификат,потпишување Меморандум за соработка и размена на искуства со доброволните пожарникарски друштва од Асоцијацијата на југозападни општини на Република Бугарија.
Целта на проектот е воспоставување на координација и структура за спречување на се почестата појава на шумски пожари како природна катастрофа, меѓу двете земји како дел од партнерството во проектот.

Радовиш
Пожарникарите од ТППЕ од Радовиш одржаа показна вежба за брза интервенција при појава на пожар

Published
6 часа agoна
мај 19, 2022By
Media Press
ТППЕ од Радовиш денеска одржа ЕДНА ОД РЕДОВНИТЕ показни вешби за брза реакција при појава на пожари, која што се одржа во кругот на Спортската сала „25 Мај“ во Радовиш.

„Ова ќе биде редовна пракса и ќе се одржува еднаш месечно за подготвеноста да бида на повисоко ниво“, рече градоначалникот Ацо Ристов кој беше присутен при одржувањето на вежбата.
Екипата од ТППЕ покажа висока подготвеност доколку има потреба за брза реакција за интервенција на пожар на височина. Во вежбата беа вклучени три противпожарни возила.

Радовиш
ОО на СДСМ, Радовиш: Поминаа шест месеци локална власт на ВМРО -ДПМНЕ во Радовиш, нови проекти нема

Published
1 ден agoна
мај 18, 2022By
Media Press
ОО на СДСМ од Радовиш на денешната прес конференција со обвинување, за шест месеци локална власт на ВМРО ДПМНЕ во Радовиш, промовираат само проекти започнати од претходната власт. Од СДСМ прашуваат каде се најавените капитални проекти како што е нвиот Градски пазар во Радовиш, градскиот рекреативне центар со парк покрај Канлиевата воденица и други.

Комплет одела за лична заштита при справување со шумски пожари за пожарникарите од ТППЕ Радовиш

ООУ Крсте Петков Мисирков од Радовиш потпиша договор за збратимување со училиште од Ташкопру, Општина Јалова од Турција

Пожарникарите од ТППЕ од Радовиш одржаа показна вежба за брза интервенција при појава на пожар

ОО на СДСМ, Радовиш: Поминаа шест месеци локална власт на ВМРО -ДПМНЕ во Радовиш, нови проекти нема
