Connect with us

Радовиш

Во Радовиш по петти пат литературно поетска манифестација за деца и млади „Пролет на сребрените соништа 2022“

Media Press

Published

на

Викендот во Радовиш по петти пат беше одржана литературно поетската манифестација за деца и млади „Пролет на сребрените соништа 2022“ во организација на Здружението „Невена за тебе, за мене, за нас“.

Манифестацијата започна во петок, со Портрет на писателот за деца и млади Киро Донев, со промоција на книгата „Календар на детството“ кој  се одржи во ОНБ „Браќа Миладиновци“ во Радовиш.

Под покровителство на општина Радовиш, по претходно спроведен конкурс во соработка со Сојузот за грижа и воспитување на децата, беше издаден Алманах на најдобрите песни за 2022 год.

Во Саботата во Центарот за култура „Ацо Караманов“ свечено беа доделени Дипломите на учениците и наставниците ментори на избраните најдобри 25 поетски творби за 2022 година кои се дел од Алманахот.

прикажи повеќе
Advertisement

Радовиш

Околу 300 дечиња од ДГ„ Ацо Караманов“ од Радовиш се подготвуваат за одржување на големата завршна приредба

Media Press

Published

на

Околу 300 дечиња од ДГ „Ацо Караманов“ од Радовиш се подготвуваат за одржување на завршната приредба која традиционачно секој година се одржува по повод испраќањето на идните првачиња во прво одделение.

Овие денови односно на 16 и 18 мај се одржуваат генерланите проби за дечињата подготвени да се претстават пред своите родители и роднини.

„Завршната приредба ќе се одржи во четврток на 19 мај, со што на свечен начин околу 170 дечиња ќе бидат испратени во прво одделение“ рече диркеторката на градинката Љупка Тренчева, која активно беше вклучена во подготовките и генералните проби.

Прочитај повеќе

Радовиш

Избрани нов Лидер и нови членови на Координативното тело на Клубот на млади на Црвен крст Радовиш

Media Press

Published

на

Во просториите на Општинската организација на Црвен крст Радовиш, на 14 мај во саботата беше одржана Конститутивно-изборна седница на која се спроведоа изборите на Клубот на млади на Црвен крст Радовиш за мандатниот период 2022-2024 година.

Конститутивно-изборната седница ја отвори досегашниот ВД Лидер на Клубот на млади Илина Сандева.

Со тајно гласање на членовите за Лидер на Клубот на млади на Црвен крст Радовиш беше избрана Ангела Георгиева, додека пак за Заменик-лидер беше избрана Памела Митева. Избрани беа и членовите на Координативното тело на Клубот на млади на ОО на Црвен крст Радовиш:  Ангела Георгиева -Лидер,  Памела Митева -Заменик лидер, Александра Донева,  Лина Ристова, Ангела Јанкулова, Дајана Гавалугова и Елена Ташкова

За претставник во Советот на млади на Црвен крст на Република Македонија беше избрана досегашниот ВД лидер на Млади- Илина Сандева.

Прочитај повеќе

Радовиш

Одржана првата бизнис средба во Радовиш

Media Press

Published

на

Градоначалникот на Општина Радовиш Ацо Ристов ја одржа првата бизнис средба со претставниците од бизнис секторот во општината.

Според градоначалникот Ристов моторот кој ја придвижува општината е стопанството и бизнис секторот и без успешна релација и соработка со бизнис секторот нема успешна општина.

„Во развиените општества, деловниот ручек на Градоначалникот со стопанствениците е редовна активност – така ќе биде и кај нас. Оваа соработка ја подигаме на највисоко ниво, се со цел заеднички да се избориме за поубав живот на нашите сограѓани“ рече градоначалникот Ристов.

„Ќе продолжиме со чести средби и ќе ги вложиме сите заеднички напори за Радовиш да биде град со кој ќе се гордееме – креирајќи убава иднина за младите генерации. Радовиш е се што имаме. Продолжуваме заеднички да го градиме“ додаде Ристов.

Првата бизнис средба во вид на деловен ручек беше одржана во ресторан Амбасадор во Радовиш и според она што можеше да се забележи на лице место, имаше голем одзив.

Прочитај повеќе