Радовиш
Во Радовиш одбележан Денот на победата над фашизмот и Денoт на Европа 9 Мај

Published
1 недела agoна
By
Media PressСо положување на свежо цвеќе денеска во Радовиш беше одбележан Денот на победата над фашизмот и Денoт на Европа 9 Мај, во знак на сеќавање на завршувањето на Втората светска војна во Европа во 1945 година и почеток на создавањето на Европската унија, пет години подоцна.

Оваа година се одбележува 77-годишнина од завршувањето на Втората светска војна и 72-годишнина од започнувањето на иницијативата за создавање на денешната Европска унија.
Радовиш овој ден го одбележа со положување на свежо цвеќе на спомен обележјето во паркот на младите и со ликовен хепенинг кој се одржа во ОНБ „Браќа Миладиновци“ во Радовиш.

Свежо цвеќе положија; Делегација од Општина Радовиш, делегација од Советот на Општина Радовиш, делегација од Сојузот на Борците, делегација од ЗПОРК, делегација од ОК на ВМРО ДПМНЕ, делегација од политичката партија на СДСМ, делегација од форумот на жени од СДСМ и делегација од млади на СДСМ.

Поврзани содржини
Порака од претседателот Пендаровски по повод 9 мај
Претседателот Пендаровски положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“
Со положување на свежо цвеќе во Радовиш беше одбележан Денот на победата над фашизмот и Денoт на Европа 9 Мај
Општина Струмица денеска го одбележи 11 Октомври – Ден на Народното востание
Општина Струмица одбележа 69 години од убиството на петте струмички студенти
Во Радовиш положено свежо цвеќе по повод 2 август, Илинден
Радовиш
Промоција на трудот „ГАЈДАРСКАТА ТРАДИЦИЈА ВО РАДОВИШКО“ на авторот М-р Александар Ицов

Published
15 часа agoна
мај 17, 2022By
Media Press
Народното творештво отсекогаш било плодна почва за научни и теоретски истражувања од повеќе аспекти. Едно од таквите научни истражување е магистарскиот труд „ГАЈДАРСКАТА ТРАДИЦИЈА ВО РАДОВИШКО“ на М-р Александар Ицов од Радовиш, со што гајдаџиството од радовишко како културно наследство конечно е сместено во книга.

Во рамките на Саемот на книги кој вчера беше отворорен во ОНБ Браќа Миладиновци, беше извршена промоција на првата книга од ваков вид во Радовиш.

Промотор на овој исклучително значаен труд за радовишкото фолклорно богатство беше Проф, д-р Драган Даутовски, а свој осврт за авторто даде и Томе Постолов професор по Македонски јазик и литература.

Во својот музички настап, м-р Александар Ицов беше поддржан од професор Александар Таушанов на гитара.
Радовиш
Расчистено разбојништво во Радовиш, наместо пари од казино украле коверти со исплатени тикети

Published
17 часа agoна
мај 17, 2022By
Media Press
Одделението за внатрешни работи Радовиш денеска поднесе кривична пријава против К.К. (27) од Радовиш поради сомнение дека сторил кривични дела разбојништво и спречување на докажување и против М.Т. (22) и О.А. (21), двајцата од радовишкото село Покрајчево, поради сомнение за разбојништво.
Како што информираат од МВР, на 9 мај годинава, во 4 часот, М.Т. и О.А. со закана со пиштол и нож кон вработени во казино на улица Свети Спасо Радовишки одзеле два коверта со исплатени тикети за кои сметале дека има пари.
По тоа, К.К. ги фрлил предметите со кое било извршено делото во канал во близина на селото Раклиш. По преземени мерки, полициски службеници од ОВР Радовиш ги пронашле предметите. Исто така, при претрес во домот во кој М.Т. живее под наем, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и две дробилки со остатоци од марихуана.
На 16 мај лицата биле лишени од слобода и во службен разговор со полициски службеници го признале делото. Во текот на денот тие ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка од Основен суд Струмица.
Радовиш
Околу 300 дечиња од ДГ„ Ацо Караманов“ од Радовиш се подготвуваат за одржување на големата завршна приредба

Published
2 дена agoна
мај 16, 2022By
Media Press
Околу 300 дечиња од ДГ „Ацо Караманов“ од Радовиш се подготвуваат за одржување на завршната приредба која традиционачно секој година се одржува по повод испраќањето на идните првачиња во прво одделение.
Овие денови односно на 16 и 18 мај се одржуваат генерланите проби за дечињата подготвени да се претстават пред своите родители и роднини.
„Завршната приредба ќе се одржи во четврток на 19 мај, со што на свечен начин околу 170 дечиња ќе бидат испратени во прво одделение“ рече диркеторката на градинката Љупка Тренчева, која активно беше вклучена во подготовките и генералните проби.


Промоција на трудот „ГАЈДАРСКАТА ТРАДИЦИЈА ВО РАДОВИШКО“ на авторот М-р Александар Ицов

Расчистено разбојништво во Радовиш, наместо пари од казино украле коверти со исплатени тикети

Околу 300 дечиња од ДГ„ Ацо Караманов“ од Радовиш се подготвуваат за одржување на големата завршна приредба

Активности со боева муниција на место викано „Караорман“, Општина Гевгелија
