Connect with us

Конче

Еколошка акција “Генералка Викенд 2022” ќе се спроведе на езерото Мантово

Media Press

Published

на

Општина Конче и ЈПКД “Лакавица” во недела на 08 мај годинава од 09:30 до 13:00 часот, на местото локалитет Влашки колиби на езерото Мантово, ќе организира еколошка акција “Генералка Викенд 2022” во организација со компанијата “Мен енд маунтен” во партнерство со Пивара Скопје и Пакомак.

“Генералка Викенд 2022” ќе се спроведе во викенд населбата и крајбрежјето на езеро Мантово , каде основна цел е да собереме што е можно повеќе отпад кој ќе биде транспортиран до најблиската ПАКОМАК или локална станица за отпад. Со секои 10 кг отпад, се добива едно дрвце за засадување преку Министерството за земјоделство и Министерството за животна средина и се придонесува во засадувањето на нови пристапни шуми. “Генералка викенд 2022”, е една од активностите кои ги спроведуваме за да придонесеме во подигнување на јавната свест за потребата од собирање и рециклирање на отпадот и позитивно да влијаеме за зачувување на животната средина“, велат од Општина Конче.

Оттаму додаваат дека воедно во склоп на “Генералка Викенд 2022” за прв пат под покровителство на Рудник “Боров Дол” и општина Конче ќе се изврши чистење на езерските води со искусни нуркачи од клубот за подводни дејности „Охрид“.

„Упатуваме повик до граѓаните од општина Конче и граѓани од соседните општини што помасовно да се вклучат во акцијата со цел за зачувување и создавање на чиста животна средина“, стои во апелот од Општина Конче.

Конче

Подарени вкупно 250 училишни ранци и училишни прибори на учениците од ООУ ,,Гоце Делчев” од Конче

Media Press

Published

на

Од страна на Конфедерецијата на Балканско – Румелиските Турци од Р. Турција, предводена од страна на Претседателот Сабри Мутлу и заменик Претседателот Зулфетин Хаџиоглу и други претставници од Федерацијата, на учениците од ООУ ,,Гоце Делчев” од Конче беа поделени вкупно 250 училишни ранци и училишни прибори.

Градоначалникот на Општина Конче Златко Ристов изразува благодарност од негово име и од име на сите граѓани на Општина Конче, за огромната помош која има ја пружија претставниците од Конфедерацијата на сите ученици од општината.

Прочитај повеќе

Конче

Градоначалникот Ристов им посака среќа на сите ученици од ООУ,, Гоце Делчев” во Конче во новата учебна година

Media Press

Published

на

Денеска во ООУ,, Гоце Делчев”во О.Конче со пригодна програма беше одбележаан почетокот на новата учебна година.

„На сите првачиња, на сите ученици и наставници им посакуваме среќа и успех во новата учебна година“, вели градоначалникот на Општина Конче Златко Ристов кој денеска присуствуваше на првиот училишен ден во училиштето и притоа им подари подароци од општината на сите првачиња.

Прочитај повеќе

Конче

Изградба на нов крак на канализациона мрежа во село Дедино, Општина Конче

Media Press

Published

на

Општина Конче започна со изградба на нов крак на канализациона мрежа во село Дедино, од суштинско значење на жителите од ова наслено место.

„Со целосна посветеност и ажурност на теренот,по селектирање на приоритетите, одиме чекор по чекор до комплетна реализација на сите проекти од суштинско значење на жителите на општина Конче. Изградба на нов крак на канализациона мрежа во село Дедино“ објави градоначалникот Златко Ристов на социјалните мрежи, притоа додавајќи дека потребите на граѓаните, пред се друго.

Прочитај повеќе