Connect with us

Радовиш

Со положување на свежо цвеќе на спомен обележјето во Радовиш, одбележана 119 годишнината од смртта на великанот Гоце Делчев

Avatar

Published

на

Со положување на свежо цвеќе на спомен обележјето посветено на великанот и револуционер Гоце Делчев денеска во Радовиш беше одбележана 119 годишнината од смртта на великанот.

Традиционалниот начин на чествување на ликот и делото на херојот и еден од најистакнатите борци за независна и слободна Македонија Гоце Делчев беше во органзиација на Сојузот на борците и Општина Радовиш а цвеќе положија и политичките партии од Радовиш.

На споменикот на Гоце Делчев во Паркот на младите, свежо цвеќе положија делегација од Општина Радовиш, делегација од Советот на Општина Радовиш, делегација од Сојузот на борците, делегација од ЗПОРК, делегација од ОК- ВМРО ДПМНЕ делегација од ОО СДСМ, делегација од ОВР Радовиш, делегација од ветерани на ВМРО ДПМНЕ делегација од унија на жени на ВМРО -ДПМНЕ и делегација од унија на млади од ОК на ВМРО -ДПМНЕ , Радовиш.

Визионерот кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите е роден на 4 февруари 1872 година во Кукуш, во семејството на Султана и Никола. Се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија. Учителствувал во Штип,

По убиството на 04 мај 1903 година, неговите посмртни останки првин се чувале во Баница, до 1917 година, кога биле пренесени во Ксанти, а потоа во Софија. До 1923 година, ковчежето со коските се чувало во домот на Михаил Чаков. Останките на Делчев на 11 октомври 1946 година биле пренесени во црквата „Свети Спас“ во Скопје.

прикажи повеќе
Advertisement

Радовиш

Детската градинка во Радовиш организира работилница за уредување на дворните површини во објектите

Avatar

Published

на

Детската градинка во Радовиш организира работилница за уредување на дворните површини во објектите, во која се вклучија семејствата – родителите, вработените, локалната заедница.

„Тимската работа, дружење и размена на идеи секогаш дава резултати“, велат од градинката, од каде им се заблагодароват на сите оние кои се вклучија да ги разубават дворовите на Објектите, каде што престојуват нивните дечиња.

Прочитај повеќе

Радовиш

Регионална средба во ОНБ „Браќа Миладиновци“ во Радовиш

Avatar

Published

на

Регионална средба на библиотекари од јавни и училишни библиотеки денеска беше одржана во ОНБ „Браќа Миладиновци“ во Радовиш. Тема на расправа на средбата беше „Евидентирање на библиотеките од Македонија и нивно регистирање во светската библиотекарска организација ИФЛА“.

На средбата учествуваа библиотекари од југоисточниот регион, од Валандово, Богданци, струмица и Штип.

Прочитај повеќе

Радовиш

Завршена изградбата на помошен објект при Домот на културата „Ацо Караманов“ во Радовиш

Avatar

Published

на

Успешно заврши проектот „Реконструкција на Домот на културата Ацо Караманов во Радовиш“ за изградба на помошен објект – натстрешница која има за цел оградување на самата зграда на Домот на култура. Оваа нова структура има значајна услужна функција, осигурувајќи полесен пристап од дворот до бината на салата на Домот.

Овој проект е имплементиран од страна на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион со партнерство на о.Радовиш во рамки на Програмата за рамномерен регионален развој, со финансиска поддршка од Бирото за регионален развој.

Прочитај повеќе