Македонија
Пендаровски: Светскиот ден на слободата на медиумите е важен потсетник за нашата одговорност за транспарентни и отворени институции

Published
2 недели agoна
By
Media Press
Светскиот ден на слободата на медиумите е важен потсетник за нашата одговорност за транспарентни и отворени институции и за почитување на медиумските слободи, со цел, да креираме амбиент во кој медиумите ќе ја вршат својата работа согласно професионалните принципи на новинарството, ослободени од политички и економски притисоци. Ова се дел од пораките кои беа испратени од панел-дискусија посветена на безбедноста на новинарите и медиумските работници, одржана по повод 3 мај – Светскиот ден на слободата на медиумите, во кабинетот на претседателот Стево Пендаровски.

„Пандемиските години и војната во Украина ни покажаа колку е важна работата на медиумите за добивање на навремени, проверени и непристрасни информации, во време кога се соочуваме со океан од дезинформации кои ѝ штетат на секоја демократија. Војната уште еднаш ни потврди дека, за жал, освен вистината, првите жртви во секој конфликт се и медиумските работници кои ја вршат својата работа и во мирни, но и во воени и вонредни услови.
Загрозувањето на безбедноста на медиумските работници е загрозување на медиумските слободи. Заплашувањето, физичките напади, уцени, вознемирување на интернет, родово базиран вознемирувачки говор, дискриминација и други форми на притисок им оневозможуваат на медиумските работници да ја работат слободно својата работа.
Во овој контекст, ги поддржувам предлозите за измените на Кривичниот законик иницирани од страна на Здружението на новинари и новинарскиот синдикат, со кои се предлага нападите врз новинарите и медиумските работници да се третираат како кривични дела кои ќе се гонат по службена должност со предвидени повисоки казни за престапниците. Со тоа ќе придонесеме за поголема заштита на новинарите и медиумските работници и за искоренување на културата на неказнивост која, за жал е сè уште поддржувана од некои сегменти во македонското општество“ рече претседателот Пендаровски.
„Безбедноста на новинарите е заедничка обврска на сите нас, но, пред сè, на државните институции и политичките фактори, инаку, тоа не ни треба само како политичка флоскула. Сите државни институции се должни да овозможат непречен пристап до сите информации за нивната работа, за да можат новинарите квалитетно да ги информираат граѓаните. Безбедносните и правосудните органи треба навремено и неселективно да постапуваат во случаите кога се загрозува безбедноста на новинарите. Тука треба да ја имаме во предвид констатацијата содржана во извештајот на Здружението на новинари на Македонија дека и покрај намалениот број на закани и напади, новинарите и медиумските работници сè уште се чувствуваат несигурни поради инертноста на обвинителството и судството во решавањето на ваквите случаи во минатото“, додаде Пендаровски.
Обраќање на настанот имаше и претседателот на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), Младен Чадиковски, кој оцени дека релативната слобода во која сега живееме, не смее да нè залажува бидејќи, без системски решенија што ќе гарантираат квалитетна медиумска содржина и независност на уредувачката и новинарската работа, цело време ќе се вртиме во круг.
Поврзани содржини
Порака од претседателот Пендаровски по повод 9 мај
Претседателот Пендаровски положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“
Претседателот Пендаровски ќе учествува на Самитот за демократија во организација на американскиот претседател Џо Бајден
Претседателот Пендаровски прими вакцина против Ковид-19
Пендаровски: Без долгорочни мерки за заштита неповратно ќе ги изгубиме водните ресурси
Пендаровски: Ги повикува сите надлежни институции да ги преземат неопходните мерки, за притвор Сашо Мијалков
Македонија
Платите во образование од септември ќе бидат зголемени во просек од над 3.500 денари

Published
2 дена agoна
мај 18, 2022By
Media Press
Дијалогот помеѓу Владата и Синдикатот за образование, наука и култура успешно заврши. Постигнат е договор за зголемување на платите во образованието во висина од 15 отсто, од септември оваа година, односно зголемување во просек од над 3.500 денари, во време на најголема светска економска криза, информираат од СДСМ.
„Ова зголемување на платите е најголемото досега и заедно со досегашните 21% зголемување е историски најголемата поддршка на вработените во образованието.
До пред само 5 години, максималното зголемување на платите беше 4%, без глобални кризи.
Сега, во услови на најголема економска и енергетска криза, покрај огромното процентуално зголемување, на вработените во образованието, преку колективните договори ќе им се овозможи и усогласување со минималната плата како и други придобивки. Воедно, ќе се дефинира методологија за континуиран раст на платите со што ќе се заштити стандардот на наставниците и ќе се овозможи континуирано зголемување на плата без потреба од дополнителна владина, институционална или политичка интервенција“, вели премиерот Ковачевски во својата објава на социјалните мрежи.
Тој апелираше до СОНК за брзо и целосно прифаќање на договорените услови и одговорност, за да можат надлежните институции да продолжат со потребните активности за реализација на покачувањето
Македонија
Дијалогот со СОНК продолжува договорена следна средба на 17 мај

Published
1 недела agoна
мај 13, 2022By
Media Press
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска вчера оствари средба со претседателот на СОНК, Јаким Неделков, на која присуствуваа и претставници на синдикатот и Министерството за труд и социјална политика.
На средбата како што информираат од МТСП се разговарало за барањата кои се дел од одлуката за штрајк на вработените во детските градинки, а за кои во изминатиот период не бело отворена дискусија.
Исто така, се отворило и прашањето за платите на вработените за време на штрајк.
На состанокот било договорено дека дијалогот продолжува и воедно се договорила следна средба на 17.мај со цел изнаоѓање на решенија во рамки на позитивните законски прописи.
Страните разговарале и за формирање на работна група за нов Колективен договор за предучилишните установи, чија важност истекува со месец јуни.
„Новиот Колективен договор треба да понуди нови решенија кои ќе значат унапредување на предучилишното згрижување и воспитување“, вели министерката Тренчевска.
Македонија
Македонската претставничка Андреа Коевска не успеа да се избори за пласман во големото финале на Евросонг

Published
1 недела agoна
мај 13, 2022By
Media Press
Македонската претставничка на Евровизија 2022 Андреа Коевска не успеа да се пласира во финалето по настапот синоќа на евровизиската сцена во Торино.
Во второто полуфинале на Евровизија 2022 настапија 18 земји а само десет се изборија за место во финалето.
Македонската претставничка ја испеа „Circles“ во рамките на втората полуфинална вечер, но за жал не успеа да се избори за пласман во големото финале на Евросонг во Торино и се враќа дома.
Андреа настапи под реден број 11 и ја претставуваше Македонија.
Нејзиното учество беше неизвесно откако таа случајно или не, го фрли знамето на тиркизниот килим на отворањето на Евровизија за да се фотографира без него. Тоа предизвика лавина негативни коментари и осуда од јавноста, но и од Македонската Радио Телевизија.

Општина Василево ќе спроведе избори за Месни заедници

Во своето дворно место пронашол неексплодирана бомба

НОВ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ ВО РАДОВИШ, поставена новата сообраќајна сигнализација

Се асфалтира локалниот пат Ново Владевци – Старо Владевци
