Connect with us

Радовиш

Традиционалната манифестација „Велигденски креации“ и годинава беше организирана во Радовиш

Media Press

Published

на

По повод големиот Христијански празник Велигден, во центарот за култура „Ацо Караманов’’,Радовиш беше одржана традиционалната манифестација „ВЕЛИГДЕНСКИ КРЕАЦИИ“. Украсени велигденски јајца, цртежи, песнички, кошнички полни со украси со мотив од Велигден и други изработки од дечињата од детската градинка „Ацо Караманов“ како и од учениците  и наставниците  од неколку основни училишта кои ги изработија во домашни услови поради штрајкот кој сеуште трае, беа дел од денешната манифестација.

 Градоначалникот Ацо Ристов ја посети изложбата и притоа им ги честита на дечињата и на сите граѓани велигденските празници.

„Учениците од општинските основни училишта и децата од детската градинка и покрај штрајкот на вработените во овој сектор, уште еднаш ја докажаа својата креативност поврзана со славата и значењето на најголемиот Христијански празник Велигден. Ова е вистински празник за очите“, рече градоначалникот Ристов.

Манифестацијата „Велигденски креации“ е под покровителство на Општина Радовиш  а во организација на ЦК „Ацо Караманов“ од Радовиш. Изложбата со велигденски креации ќе биде отворена и во текот на наредните денови и граѓаните ќе можат да ја посетат.

прикажи повеќе
Advertisement

Радовиш

Промоција на трудот „ГАЈДАРСКАТА ТРАДИЦИЈА ВО РАДОВИШКО“ на авторот М-р Александар Ицов

Media Press

Published

на

Народното творештво отсекогаш било плодна почва за научни и теоретски истражувања од повеќе аспекти. Едно од таквите научни истражување е магистарскиот труд  „ГАЈДАРСКАТА ТРАДИЦИЈА ВО РАДОВИШКО“ на  М-р Александар Ицов од Радовиш, со што гајдаџиството од радовишко како  културно наследство конечно е сместено во книга.

 Во рамките на Саемот на книги кој вчера беше отворорен во ОНБ Браќа Миладиновци, беше извршена промоција на првата книга од ваков вид во Радовиш.

Промотор на овој исклучително значаен труд за радовишкото фолклорно богатство беше Проф, д-р Драган Даутовски, а свој осврт за авторто даде и Томе Постолов професор по Македонски јазик и литература.

Во својот музички настап, м-р Александар Ицов беше поддржан од професор Александар Таушанов на гитара.

Прочитај повеќе

Радовиш

Расчистено разбојништво во Радовиш, наместо пари од казино украле коверти со исплатени тикети

Media Press

Published

на

Одделението за внатрешни работи Радовиш денеска поднесе кривична пријава против К.К. (27) од Радовиш поради сомнение дека сторил кривични дела разбојништво и спречување на докажување и против М.Т. (22) и О.А. (21), двајцата од радовишкото село Покрајчево, поради сомнение за разбојништво.

Како што информираат од МВР, на 9 мај годинава, во 4 часот, М.Т. и О.А. со закана со пиштол и нож кон вработени во казино на улица Свети Спасо Радовишки одзеле два коверта со исплатени тикети за кои сметале дека има пари.

По тоа, К.К. ги фрлил предметите со кое било извршено делото во канал во близина на селото Раклиш. По преземени мерки, полициски службеници од ОВР Радовиш ги пронашле предметите. Исто така, при претрес во домот во кој М.Т. живее под наем, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и две дробилки со остатоци од марихуана.

На 16 мај лицата биле лишени од слобода и во службен разговор со полициски службеници го признале делото. Во текот на денот тие ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка од Основен суд Струмица.

Прочитај повеќе

Радовиш

Околу 300 дечиња од ДГ„ Ацо Караманов“ од Радовиш се подготвуваат за одржување на големата завршна приредба

Media Press

Published

на

Околу 300 дечиња од ДГ „Ацо Караманов“ од Радовиш се подготвуваат за одржување на завршната приредба која традиционачно секој година се одржува по повод испраќањето на идните првачиња во прво одделение.

Овие денови односно на 16 и 18 мај се одржуваат генерланите проби за дечињата подготвени да се претстават пред своите родители и роднини.

„Завршната приредба ќе се одржи во четврток на 19 мај, со што на свечен начин околу 170 дечиња ќе бидат испратени во прво одделение“ рече диркеторката на градинката Љупка Тренчева, која активно беше вклучена во подготовките и генералните проби.

Прочитај повеќе