Connect with us

Македонија

Наменски јавен оглас за доделување на нови 5722 хектари земјоделско земјиште над 3 хектари

Media Press

Published

на

Нови 5722 хектари земјоделско земјиште  се ставени на располагање на земјоделците и преку одговорни мерки ќе се зголемува домашното производство на стратешки култури, порача министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски. Тој додаде дека владата на последната седница даде согласност за МЗШВ да распише наменски јавен оглас за доделување на слободно земјоделско земјиште над 3 хектари.

 “Преку оваа мерка ставаме на располагање нови 5.722 хектари земјоделско земјиште за обработување на стратешки култури, односно пченица, пченка, јачмен, сончоглед, рж, ориз, овест, маслодајна репка, тритикале и добиточен грашок. Со огласот опфатени се 14 региони во државата каде успеваат овие култури, односно се ставаат на располагање околу 700 целини на земјоделско земјиште над 3 хектари. Постапката за доделување ќе се врши преку електронско јавно надавање, рокот за аплицирање е 20 дена, а целокупната постапка со заокружување на јавното надавање очекуваме да трае 30 дена,“ изјави министерот Николовски.   

Дополнително министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство го разработува и концептот за ставање во функција и на приватното напуштено земјоделско земјиште. Се бара начин како и ова земјиште да биде ставено во функција и биде обработувано. 

Овој наменски оглас за доделување на државно земјоделско земјиште под закуп е дел од мерките од донесениот Национален план за производство на храна кој  содржи пакет интервентни мерки од 400 милиони денари, чијашто цел е да им се помогне на земјоделците и на сите граѓани. Земјоделците со овие мерки добиваат 40% дополнителна помош за набавка на вештачко ѓубриво за пченка и пченциа, 2.500 денари по хектар за сочоглед и јачмен, дополнително оние кои ќе направат принос кај пченицата од над 4.000 тони по хектар или кај сончогледот од 1,5 тони по хектар, ќе добијат дополнителна субвенција од 5.760 денари по хектар. Во делот на сточарството, обезбедена е интервентна субвенција од 400 денари по грло за предадено јагне во регистриран кланичен капацитет и интервентна субвенција од 1.500 денари по грло за гоеници со тежина над 90 килограми. Се воведува и нова интервентна субвенција во висина од 60 денари по несилка која се наоѓа на одгледувалиштето и е на возраст за производство на конзумни јајца.

Македонија

Дијалогот со СОНК продолжува договорена следна средба на 17 мај

Media Press

Published

на

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска вчера оствари средба со претседателот на СОНК, Јаким Неделков, на која присуствуваа и претставници на синдикатот и Министерството за труд и социјална политика.

На средбата како што информираат од МТСП се разговарало за барањата кои се дел од одлуката за штрајк на вработените во детските градинки, а за кои во изминатиот период не бело отворена дискусија.
Исто така, се отворило и прашањето за платите на вработените за време на штрајк.
На состанокот било договорено дека дијалогот продолжува и воедно се договорила следна средба на 17.мај со цел изнаоѓање на решенија во рамки на позитивните законски прописи.
Страните разговарале и за формирање на работна група за нов Колективен договор за предучилишните установи, чија важност истекува со месец јуни.
„Новиот Колективен договор треба да понуди нови решенија кои ќе значат унапредување на предучилишното згрижување и воспитување“, вели министерката Тренчевска.

Прочитај повеќе

Македонија

Македонската претставничка Андреа Коевска не успеа да се избори за пласман во големото финале на Евросонг

Media Press

Published

на

Македонската претставничка на Евровизија 2022 Андреа Коевска не успеа да се пласира во финалето по настапот синоќа на евровизиската сцена во Торино.

Во второто полуфинале на Евровизија 2022 настапија 18 земји а само десет се изборија за место во финалето.

Македонската претставничка ја испеа „Circles“ во рамките на втората полуфинална вечер, но за жал не успеа да се избори за пласман во големото финале на Евросонг во Торино и се враќа дома.

Андреа настапи под реден број 11 и ја претставуваше Македонија.

Нејзиното учество беше неизвесно откако таа случајно или не, го фрли знамето на тиркизниот килим на отворањето на Евровизија за да се фотографира без него. Тоа предизвика лавина негативни коментари и осуда од јавноста, но и од Македонската Радио Телевизија.

Прочитај повеќе

Македонија

Потсетување до сите сточари, во тек е повикот за набавка на силоси за сточна храна

Media Press

Published

на

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги потсетува земјоделците – сточари дека во тек е јавен повик за набака на силоси за сточна храна со капацитет до 25 тони од мерката 121 „Инвестиции за модернизација на земјоделски стопанства“, подмерка 121.9 – Набавка на силоси.

Средствата се наменети за инвестиции за набавка на силоси за житни и индустриски зрнести култури (јачмен, овес, ‘рж, тритикале и пченка) во сточарството со максимален капацитет од 25 тони, предвидени со Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2022 година.

„ Ваков јавен повик се објавува за прв пат и има за цел да им помогнеме на сточарите да ги зголемат складишните капацитети за сточна храна. Максималната кофинансирана вредност на прифатливи трошоци по корисник за Мерка 121.9 изнесува еден милион денари. Средствата се доделуваат за период на реализација на деловниот план и се исплаќаат на годишно ниво“, информираат од МЗШВ.

Барателите на финансиска поддршка за овој јавен повик треба да го исполнат единствениот критериум наведен во јавниот повик , a тоа е да се регистрирани земјоделци – сточари со регистрирано одгледувалиште во Агенција за храна и ветеринарство и истото запишано во Единствениот регистар на земјоделски стопанства при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

За да можат да аплицираат на јавниот повик, барателите на финансиска поддршка треба да креираат електронско барање за финансиска поддршка со податоци за локација на инвестицијата, податоци за инвестицијата и електронски да ги прикачат потребните документи. Еден барател може да поднесе само едно барање за оваа мерка. Барањата кои не се поднесени електронски на e-baranje.ipardpa.gov.mk нема да се разгледуваат.

Барателите кои ги исполниле условите, се рангираат со бодување утврдено во Правилникот за поблиски критериуми за избор на корисници по мерките за рурален развој,  при што барањата со ист број на бодови ќе се рангираат според датумот и времето на поднесување на електронското барањето на e-baranje.ipardpa.gov.mk. Освен тоа, многу е битно барателите да го имаат предвид условот наведен во јавниот повик а тоа е дека не смеат да започнат со реализација на инвестицијата пред потпишување на  Договор за ко-финансирање со Агенцијата.

Освен задолжителното еклектронско аплицирање, сточарите баратели на финансиска поддршка за оваа мерка, потребно е документите да ги достават и во хартиена форма во писарницата на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, или за да биде појасно потребно е електронски пополнетите барања за финансиска поддршка да се превземат, испринтаат и потпишат и заедно со целокупната пропратна документација да се достават до Агенција. Писарницата на Платежната агенција врши прием на барања секој работен ден од 08:30 до 16.00 часот.

Прочитај повеќе