Connect with us

Конче

Донирани средства за справување со шумски пожари на ДПД ,,Горици Оператива” од Општина Конче

Avatar

Published

на

Друштвото за противпожарно делување ДПД ,,Горици Оператива” од Општина Конче доби донација средства за справување со шумски пожари, од Центарот за управување со кризи на Република Македонија.

ДПД ,,Горици Оператива” е општествена институција создадена за заштита на жителите од општина Конче, од елементарни непогоди и кризи, како заштита од пожари и поплави.

Оваа противпожарно друштво на територијата на Општина Конче делува околу три години и брои дестина членови, кои со поддршка на општината континуирнао се опремуваат со основната противпожарна заштитна опрема и средства.

Конче

Општина Конче започна со уредување на полските патишта

Avatar

Published

на

Општина Конче започна со уредување на полските патишта во општината кои се од витално значање за извршување на земјоделскита активности.

„Овие денови во тек се активности за транспорт и нанесување на дробен камен на полски патишта во сите населени места , каде приоритет се критичните локации каде пристапот до обработливите површини е отежнат“, информира градоначалникот Златко Ристов кој вели дека уредувањето на полските патишта останува приоритет и понатаму.

Прочитај повеќе

Конче

Општина Конче уреди околу 70 км локални патишта

Avatar

Published

на

Во изминатите дваесетина дена преку ангажирање на лица опфатени во Договорот со АВРМ за јавни работи, Општина Конче успеа да спроведе повеќе активности како што се уредување на јавно прометни површини, чистење на банкини на локални патишта и улици, при што се уредени околу 70 км локални патишта, а во соработка со ЈПДП изврши обележување на регионалниот пат Конче-Радовиш.

„Сето ова е во насока за обезбедување на сигурен и безбеден сообраќај за непречено движење на возилата, особено за зимскиот период кога имаме загрозување на патиштата од временските неприлики“, вели градоначалникот Златко Ристов.

Прочитај повеќе

Конче

Сообраќајно уредување на локални улици и патишта во Општина Конче

Avatar

Published

на

Во тек се активности за сообраќајно уредување на локални улици и патишта во Општина Конче, согласно програмата за уредување на патишта и улици. Како што дознаваме од градоначалникот Златко Ристов деновиве се уредуваат улиците во село Дедино, по што ќе се продолжи со овие активности и во останатите населени места. Истовремено улиците се чистат и од наталожена земја.

Исто така во овој период завршија работните активности за изградба и уредување на пристапна улица ,,4″ во населеното место Горни Липовик. Овие активности финансиски се поддржани од буџетот на Општина Конче.

Прочитај повеќе