Радовиш
Вкупно 165 таблети за дел од учениците од основните училишта во Општина Радовиш
Published
1 година agoна
By
Media Press
Во пресрет на големиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, денеска градоначалникот на Општина Радовиш Ацо Ристов израдува дел од учениците од основните општински училишта.
„Со доделување на вкупно 165 таблети, уште еднаш ги потврдивме севкупните заложби на градоначалникот на општина Радовиш и Министерството за образование и наука, за инклузивност, хуманост и силна поддршка на ранливите категории ученици со цел да им обезбедиме современи училишни помагала и квалитетно образование во духот на 21 век“ велат од Општина Радовиш.
Во општината денеска беа присутни учениците од ООУ „Орце Николов“ од Ињево, ООУ „Коста Рацин“ од Подареш и ООУ „Кирил и Методиј“ од Ораовица а претходно таблетите беа доставени и до ООУ „Крсте Петков Мисирков“ и ООУ „Никола Карев“.
Во име на хуманоста, солидарноста и помошта, Градоначалникот Ристов на сите присутни им посака успеси во образованието, како и топлина, мир и благосостојба во домовите за време на Велигденските празници.
Поврзани содржини
Детската градинка во Радовиш организира работилница за уредување на дворните површини во објектите
Две лица од Радовиш, лишени од слобода поради извршување на повеќе кривични дела „тешка кражба“, „кражба“…
Општина Радовиш ќе аплицира со проект „Зелена прекугранична хармонија“ за озеленување на површини во урбани средини
Со симулација на сообраќајна несреќа во која 4 лица беа повредени, одбележан Светскиот ден на првата помош во Радовиш
ПЗУ доктор Петре Ѓоргиев, ординација по интерна медицина и кардиологија од неодамна започна со работа во Радовиш
Општина Радовиш започнува со редовно одржување на централните подрачја во населените места
Радовиш
Детската градинка во Радовиш организира работилница за уредување на дворните површини во објектите
Published
2 дена agoна
септември 29, 2023By
Media Press
Детската градинка во Радовиш организира работилница за уредување на дворните површини во објектите, во која се вклучија семејствата – родителите, вработените, локалната заедница.
„Тимската работа, дружење и размена на идеи секогаш дава резултати“, велат од градинката, од каде им се заблагодароват на сите оние кои се вклучија да ги разубават дворовите на Објектите, каде што престојуват нивните дечиња.
Радовиш
Регионална средба во ОНБ „Браќа Миладиновци“ во Радовиш
Published
2 дена agoна
септември 29, 2023By
Media Press
Регионална средба на библиотекари од јавни и училишни библиотеки денеска беше одржана во ОНБ „Браќа Миладиновци“ во Радовиш. Тема на расправа на средбата беше „Евидентирање на библиотеките од Македонија и нивно регистирање во светската библиотекарска организација ИФЛА“.
На средбата учествуваа библиотекари од југоисточниот регион, од Валандово, Богданци, струмица и Штип.
Радовиш
Завршена изградбата на помошен објект при Домот на културата „Ацо Караманов“ во Радовиш
Published
2 дена agoна
септември 29, 2023By
Media Press
Успешно заврши проектот „Реконструкција на Домот на културата Ацо Караманов во Радовиш“ за изградба на помошен објект – натстрешница која има за цел оградување на самата зграда на Домот на култура. Оваа нова структура има значајна услужна функција, осигурувајќи полесен пристап од дворот до бината на салата на Домот.

Овој проект е имплементиран од страна на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион со партнерство на о.Радовиш во рамки на Програмата за рамномерен регионален развој, со финансиска поддршка од Бирото за регионален развој.


Детската градинка во Радовиш организира работилница за уредување на дворните површини во објектите

Регионална средба во ОНБ „Браќа Миладиновци“ во Радовиш

Завршена изградбата на помошен објект при Домот на културата „Ацо Караманов“ во Радовиш

Во понеделник координативен состанок на субјектите, учесници на манифестацијата “СAМУН ем ТАТЛИЈА 2023“ во Радовиш
