Connect with us

Василево

Фолкорен концерт во Сушево, Општина Василево

Media Press

Published

на

На 25 април на вториот ден од големиот христијански празник Воскресение Христово-Велигден, под покровителство на општина Василево,  КУД „Сушевски бисери“ од с.Сушево, организира фолклорен концерт, насловен како „Во чест на големата радосна вест“.

Во ритамот на македонската фолклорна музика ќе бидат изведени ора кои го отсликуваат животот на македонската нација низ вековите.

Како гости на концертот со своите изведби ќе настапат и:  ФА „Китка“, с. Ораовица, КУД „Кирил и Методи“, с. Иловица, ФА „Злевски бисери“, с. Злеово, ФА „Подарешани млади“, с. Подареш, ФА „Бучим“, Радовиш и Оркестар за народни инструменти при ООМУ  „Боро Џони“, Струмица.,

Концертот ќе се одржи на одбојкарското игралиште во с. Сушево со почеток во 15,00 часот.

прикажи повеќе
Advertisement

Василево

Во Сушево се одржа Mеѓународен фолклорен фестивал „Весело на сред село“

Media Press

Published

на

Викендот во селото Сушево во организација на КУД „Сушевски бисери“, а под покровителство на Општина Василево се одржа првиот Меѓународен фолклорен фестивал „Весело на сред село“.

На фестивалот, покрај домаќините настапија и КУД „Негорци“ од Негорци, ФА „Подарешани млади“ од Подареш, гостите од Србија и Бугарија, Здружението „Марко Цара Миланович“ од Каоник, Крушевац, НЧ „Антон Панов-1962“ од село Самуилово, Петрич, ЖПГ „Самуилски славеи“ и Танцова група и Танцова школа „Тепсихора“ од Дупница.

Добредојде на сите учесници им посака градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, кој истакна дека токму преку овој фолклорен фестивал со музиката и фолклорот се навраќаме на нашите корени, на изворот од каде ја црпиме енергијата, ги оживуваме спомените кои не поврзуваат низ годините и се наша водилка и инспирација за следните предизвици.

Прочитај повеќе

Василево

Со механизација, ангажирана од општина Василево се чисти поројот во село Сушево

Media Press

Published

на

Со механизација, ангажирана од општина Василево, деновиве во населеното место Сушево се одвиваат активности за чистење на отворениот канал, попознат како  порој. Големи количини на наталожена земја и вегетација се отстрануваат од коритото на каналот, чија примарна функција е апсорбирање и канализирање на водите кои надоаѓаат за  време на врнежи и можат  да бидат особено опасни, доколку неконтролирано се излеваат.

Градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, ги најави и планираните активности кои ќе се реализираат во наредните денови.  „Во населеното место Сушево наредните денови ќе се изврши уредување и на јавните површини во пресрет на празникот Рождество на Пресвета Богородица“.

За наредниот период, како што најави Андонов во населеното место Василево,  планирано е и чистење на бетонскиот трапезен канал, во близина на ООУ „Гоце Делчев“ во Василево.

Прочитај повеќе

Василево

КУД „Сушевски бисери“, организира Прв меѓунареден фолклорен фестивал

Media Press

Published

на

Во организација на КУД „Сушевски бисери“ од с. Сушево, на 18.09.2022 година (недела), со почеток во 17,00 часот,  на одбојкарското игралиште во с. Сушево, ќе се одржи Меѓунареден фолклорен фестивал „Сред село весело“.  Како што информира организаторот, доколку временските услови не се поволни, односно во случај на дожд, фестивалот ќе се одржи во спортската сала на ООУ „Гоце Делчев“ во с. Василево.

На фестивалот учество ќе земат културно уметнички друштва и фолклорни ансамбли од Република Бугарија и Република Србија, а од домашните, КУД „Негорци“ од с. Негорци, ФА „Подарешани млади“ од с. Подареш како и домаќинот КУД „Сушевски бисери“ од с. Сушево.

Главен покровител на Фестивалот е општина Василево.

„КУД „Сушевски бисери“, станува вистински репрезент на општина Василево и македонскиот фолклор“, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, по повод организирањето на Фолклорниот фестивал, притоа потенцирајќи дека финансиската поддршка од страна на општина Василево за вакви манифестации ќе продолжи и понатаму. „Македонската традиција ќе продолжиме да ја негуваме и заедно ќе уживаме во играта и песната на овие талентирани млади луѓе“, порача градоначалникот Андонов.

Прочитај повеќе