Во разговорите со СОНК, Владата понуди
зголемување на платите на наставниците од 10 отсто, односно раст за 2.500
денари во просек, како и методологија со која се обезбедува континуиран раст на
платите и трајно решавање на социјалниот статус на наставниот кадар.
„Синдикатот треба да има
верба во институциите, бидејќи и претходно низ партнерски дијалог беше
постигнато зголемување на платите на наставниците и на вработените во
градинките од 21 %. Со ова зголемување платата на наставник/чка во основно
образование е порасната за над 3.200 денари плус минат труд и сега е најмалку
24.786 денари. На наставник/чка во средно образование зголемувањето е над 4.300
денари плус минат труд и просечно платата е 25.874 денари. На воспитувачите пак
во градинките платата им е зголемена за околу 6.400 денари плус минат труд,
додека на негователите за околу 5.000 денари“ велат од Владата од каде додаваат дека
е уценувачки е одбивањето на понуденото зголемување на
платите во време кога целиот свет се соочува со економска и енергетска криза.
Нанесувањето на штета на учениците кои треба
да продолжат да ја следат наставата е крајно неодговорно. СОНК со одбивањето на
понудата личните интереси ги стави пред интересите на децата.
Согласно Законот за работни односи и
Колективниот договор за основно и средно образование, и за вработените во
јавните установи за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст, на
вработените кои штрајкуваат ќе им се исплатат само придонесите на платите.
„Децата и учениците треба да ни се на прво
место, затоа нарушувањето на образовниот процес е спротивно на правата
загарантирани со Уставот и Законите. Местото на учениците е во училиштата и
настава мора да има“, велат
од Влада.