Connect with us

Струмица

Николовски: Инспекторите се постојно на терен, и доколку бидат утврдени манипулации од страна на трговците, ќе има санкции

Avatar

Published

на

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски заедно со директорите на Платежната агенција и Државниот инспекторат за земјоделство, Никица Бачовски и Зоран Шапуриќ, како и со претставници од министерството, вчера во Струмица имаа средба со производителите на пролетна зелка. На средбата се разговараше за состојбата со откупот и пласманот на пролетната зелка.

Министерот Николовски посочи дека Државниот инспекторат за земјоделство е постојано на терен и нема да се дозволат манипулации со откупот.

„Денеска имавме конструктивен состанок на којшто земјоделците алармираа околу одредени недоследности коишто ги има на терен во однос на откупот на пролетна зелка. Заеднички дискутиравме за сите решенија и за непречен откуп и пласман на пролетната зелка. На состанокот формиравме потесна работна група во која ќе бидат претставници од министерството, подрачните единици, од  Државниот инспекторат за земјоделство, Платежната агенција и производители на пролетна зелка. Ја следиме состојбата, инспекторите се постојно на терен, и доколку бидат утврдени манипулации од страна на трговците, ќе има санкции“, рече министерот Николовски.

Местото на земјоделците не е на улица, туку во нивите остварувајќи поголемо домашно производство. Ова е заедничкиот заклучок од денешната средба помеѓу министерот Николовски и производителите на пролетна зелка.

“Како министерство остануваме фокусирани на зголемување на домашното производство, преку мерки кои ги носиме со Националниот план за производство на храна. Земјоделците во министерството имаат гарант дека загуби во производството нема да има, дека производството ќе биде добро и навремено платена,“ изјави Николовски.

На средбата, министерот Николовски информираше дека министерството и дипломатско – конзуларните претставништва се мобилизирани, постојано се комуницира со земјите од регионот, со цел да има непречен извоз на пролетната зелка.

прикажи повеќе
Advertisement

Струмица

Општина Струмица и официјално е примена во Мрежата на силни градови во светот

Avatar

Published

на

Општина Струмица и официјално е примена во Мрежата на силни градови во светот кои имаат пристап и механизми за справување со негативните појави кои доведуваат до насилство.

Градоначалникот Костадин Костадинов со видео порака ги информира граѓаните дека Струмица им се придружи на повеќе од 210 градови и општини ширум светот, посветени на застапување, спроведување и споделување на локални пристапи за справување со сите форми на екстреимизам, поларизација кои можат да доведат до насилство.

Прочитај повеќе

Струмица

Денеска се навршуваат 79 години од ослободувањето на Струмица

Avatar

Published

на

Денеска се навршуваат 79 години од ослободувањето на Струмица. Овој најголем празник за струмичани беше одбележан со пригодна свеченост којашто се одржа на Спомен костурницата.

За историското значење на овој ден и за придобивките што тој на градот му ги донесе во изминатите 79 години, пред присутните на одбележувањето зборуваше градоначалникот Костадин Костадинов, кој меѓу другото рече:

-„Слобода“, тоа не е само обичен збор напишан на хартија или едноставно изговорен. Слобода е нешто многу повеќе од тоа. Тоа е нешто што треба да се чува како најголемо и најдрагоцено богатство. Струмица и струмичани треба да бидат среќни што ја имаат таа слобода цели седум децении и девет години. Но Струмица и струмичани треба да знаат и дека таа слобода не паднала од небо, ниту пак некој туку така им ја подарил. Струмица и струмичани мора да ги повторуваат спомените од минатото кои велат дека таа слобода во наше име некои ја извојувале, со непокор, верба, љубов и пролеана крв.79 години слободна Струмица, тоа значи 79 години – надградба на традиционалните вредности, 79 години – надеж и стремеж кон подобро, поубаво и посреќно утро, 79 години – прогрес и растеж, и конечно 79 години – љубов и верност помеѓу Струмица и струмичани. Сето тоа е убава основа за влез во иднината. Сето тоа е поучно четиво кое треба да се повторува. Сето тоа е убаво парче од мозаикот на севкупното постоење на овој град“ рече меѓудругото градоначалникот Костадинов.

Градоначалникот Костадинов во свое лично име и во името на Општината, со полагање свежо цвеќе им оддаде почит на загинатите борци, а цвеќе положија и претставници на на институции, организации и политички партии.Во чест на празникот, се одржа и мал револуционерен митинг од членовите на рецитаторската секција при Домот за деца и млади „Благој Мучето“.

Прочитај повеќе

Струмица

Се превртел трактор во Дабиле – струмичко, возачот починал на местото на несреќата

Avatar

Published

на

Вчера во 14.40 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека во село Дабиле, струмичко, П.Б.(75) од село Дабиле, управувајки трактор „имт“ со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола над тракторот и се превртел. Од здобиените повреди П.Б. починал на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Струмица. 

Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.

Прочитај повеќе