Струмица
За спроведување на проектот „Мрежа на велосипедски градови“ вкупниот буџет за општина Струмица изнесува околу 184 илјади евра

Published
1 месец agoна
By
Media Press
На одржаната осма седница на Советот на општина Струмица беше усвоена Предлог – одлуката за спроведување на проектот „Мрежа на велосипедски градови“ којашто беше и единствената точка на дневниот ред.
Се работи за прекуграничен проект помеѓу Општина Струмица и Општина Серес од Грција кој е финансиран од Интеррег-ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Република Македонија и Република Грција 2014-2020.
Вкупниот буџет за општина Струмица изнесува 184.185,00 евра, од кои 85% ќе бидат финансирани од фондовите на Европската Унија, додека останатите 15% ќе бидат финансирани од Владата на Република Македонија.
„Проектот има за цел создавање на рекреативна велосипедска инфраструктура во градот и ги содржи следните активности:
-Вело Зона Градски парк Струмица – изградба на велосипедска адреналинска патека („Pump track“ патека)
-Вело Полигон за деца – Градски парк Струмица
-Уредување на планински велосипедски патеки на месноста Чам Чифлик
-Поставување на Станици за поправка на велосипеди во Градски парк
-Подготовка на мастер-план за идни проекти на општина Струмица од областа на велосипедизмот, велосипедската инфраструктура и безбедноста во сообраќајот
-Активности за прекугранична соработка помеѓу проектните партнери“, информираат од Општина Струмица.
Овој проект треба да се реализира за 18 месеци.
Поврзани содржини
Советот ја изгласа Предлог Одлуката за распределба на средства на граѓански здруженија од Општина Радовиш
Услугата помош и нега во домот достапна и во Општина Струмица за околу 60 лица
Општина Струмица започнува со рушење на дивоградбите над новите турски гробишта
Дискусија околу проектот “Одржлив и инклузивен рамнoмерен региoнален развoј – II фаза“ на седница на Совет за развој на ЈИПР
Костадинов на редовна месечна средба со претставници на Здруженија
Започна изградбата на пристапниот пат до регионалниот стационар за бездомни кучиња во Струмица
Струмица
Кривична за струмичанец, украл делови од фрижидерите од пред неколку маркети во Струмица

Published
1 недела agoна
мај 11, 2022By
Media Press
Секторот за внатрешни работи Струмица поднесе кривична пријава против Д.Г.(37) од Струмица поради постоење основи на сомнение дека сторил повеќе кривични дела „тешка кражба“ по член 236 и кривични дела „предизвикување на општа опасност“ по член 288 од Кривичниот законик. Пријавениот Д.Г., кривичните дела ги извршил во периодот од 21.02.2022 до 30.03.2022 на тој начин што во повеќе наврати со употреба на сила и алат пресекол и украл делови од надворешните единици на фрижидерите во неколку маркети во Струмица, како и делови од гасоводната инсталација на два објекта во Струмица.
Струмица
Струмица беше домаќин на една од активностите на МВР со кои се одбележува 7 Мај – Денот на македонската полиција

Published
3 недели agoна
мај 1, 2022By
Media Press
Струмица вчера беше домаќин на една од активностите на МВР со кои се одбележува 7 Мај – Денот на македонската полиција. По тој повод Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски беше во посета на Струмица при што беше ивршена презентација на опремата со која располага МВР, СВР Струмица.

„Моето задоволство беше уште поголемо со тоа што Министерот за внатрешни работи, господинот Оливер Спасовски, од тие пет градови ја удостои токму Струмица со своето присуство, за што многу му благодарам. Прекрасно беше дружењето со полициските службеници во МВР, презентацијата на опрема и забавниот дел, со што на најубав можен начин полицијата се доближи до граѓаните.Уште еднаш ја потврдивме одличната соработка со МВР и заедничката цел дека безбедноста и јавниот ред и мир во општината ни се приоритет“ рече градоначалникот на Општина Струмица Костадин Костадинов.
Струмица
Услугата помош и нега во домот достапна и во Општина Струмица за околу 60 лица

Published
1 месец agoна
април 19, 2022By
Media Press
На околу 60 лица од Струмица со најтешка попреченост, потполно слепи лица, стари лица со навршени 65 години живот и други лица со намален функционален капацитет кои не можат сами да се грижат за себе, отсега ќе им биде достапна услугата помош и нега во домот. Услугата ќе ја обезбедуваат лиценцирани негуватели кои минаа низ серија стручни обуки. Тие секојдневно ќе им помагаат на овие лица, во извршувањето на дневните активности, почнувајќи од лична хигиена, хранење, мобилност во домот, облекување, до поддршка при чистење, перење, готвење, набавки на намирници, помош за медицинска терапија и друго.

Градоначалникот Костадин Костадинов заедно со министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, ја промовираа новата социјална услуга помош и нега во домот на Домот за стари „Отворено Срце“.
Услугата помош и нега во домот е дел од социјалната реформа што ја спроведува Министерството за труд и социјална политика, преку која за прв пат се вклучуваат надворешни партнери преку општините во давањето на социјални услуги. Здравствената установа „Отворено Срце” стана партнер на Министерството за труд и социјална политика за услугата помош и нега во домот заедно со општина Струмица.
Покрај придобивките за старите лица, со оваа услуга се овозможува и вработување на ранливи категории граѓани, како негуватели.
На доделувањето на дозволата за вршење дејност министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска истакна дека целта на услугата да биде достапна ширум земјата е во насока да им се олесни животот на граѓаните од третото доба и тоа во нивниот дом. Во рамките на Проектот за подобрување на социјалните услуги засега поддржани се вкупно 22 проекти во 27 општини.


ООУ Крсте Петков Мисирков од Радовиш потпиша договор за збратимување со училиште од Ташкопру, Општина Јалова од Турција

Пожарникарите од ТППЕ од Радовиш одржаа показна вежба за брза интервенција при појава на пожар

ОО на СДСМ, Радовиш: Поминаа шест месеци локална власт на ВМРО -ДПМНЕ во Радовиш, нови проекти нема

Платите во образование од септември ќе бидат зголемени во просек од над 3.500 денари
